СЗО: Околу 36 милиони Европејци страдаат од „долг ковид“

Речиси 36 милиони луѓе во европскиот регион, од почетокот на пандемијата со Ковид-19 можеби развиле долгорочни здравствени последици по инфекцијата со коронавирусот, велат податоците на европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО).

-Во просек, тоа значи дека во последните три години приближно еден од триесет Европејци почувствувал или сè уште има такви последици, рече регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге, на денешната конференција одржана во Копенхаген.

Тој посочи дека треба да се направи многу повеќе за подобро да се разбере таканаречениот „долг ковид“.

-„Долгиот ковид“ останува сложена здравствена состојба за која сè уште знаеме многу малку, рече Клуге, додавајќи дека без развој на сеопфатна дијагностика и форми на лекување, општеството никогаш нема вистински да закрепне од пандемијата.

СЗО во европскиот регион опфаќа вкупно 53 земји. Покрај членките на ЕУ, таа вклучува и земји источно од Европската унија, сè до Централна Азија.

„Долг ковид“ е термин кој се користи за опишување на симптоми кои се развиваат и не попуштаат по акутната фаза на болеста (трае четири недели) или повторно се појавуваат по одредено време.

Силјановска-Давкова на средби со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри

Претседателката Силјановска Давкова попладнево на први средби со претставници на дипломатскиот кор.. 

Во екот на бројните реакции околу заклетвата на новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова и дилемите дали со неупотребувањето на придавката „Северна“ го прекршила Преспанскиот договор и Уставот, Сиљановска Давкова денеска на први средби со дипломати. Во Вила Водно ги прими евроамбасадорот Дејвид Гир и италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри.

Изјави за медиумите немаше, а според соопштенијата од претседателскиот Кабинет, покрај унапредувањето на пријателските односи и соработката, станало збор и за европските интеграции на Македонија. Какви пораки точно пренел евроамбасадорот Гир не се знае. Претседателката Сиљановска Давкова ја посочила потребата за напредок во процесот кон членство во ЕУ и изразила подготвеност за градење политички и општествен консензус за прашањата од национален интерес, како и избегнување на злоупотреба на европското знаменце при усвојувањето на закони.

„Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека и покрај високото ниво на подготвеност на македонската администрација и насобраното искуство, напредокот во исполнувањето на критериумите трпи поради политички околности и потези за кои се одговорни и одредени земји – членки на ЕУ. Во тој контекст, таа посочи на потребата од враќање на вербата во мериторен процес на интеграција, со фокус на исполнување на копенхашките критериуми.“

Слични пораки, според соопштението од претседателскиот Кабинет, биле разменети и на средбата на Сиљановска-Давкова со оталијанскиот амбасадор Силвестри. Македонската претседателка изразила надеж дека Италија и во иднина принципиелно ќе ја поддржува земјава за забрзана интеграција на земјава во ЕУ.

Инаку, за неупотребувањето на придавката „Северна“, покрај Атина и Софија, деновиве реагираа и европските челници од Брисел, вклучително и Претседателите на ЕК и на Советот на ЕУ, Урсула Фон дер Лајен и Шарл Мишел со повик за целосно почитување на меѓународните договори, вклучително и договорот од Преспа.

Разрешен медицинскиот директор на скопска Токсикологија, Данил Петровски

Министерот за здравство во заминување, Илир Демири ги оствари најавите.. 

Министерот за здравство во техничката влада, Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија Данил Петровски. Економската директорка Бесије Иљази, која подолго време беше во отворен судир со Петровски, пак останува на клиниката.

Причина за разрешувањето од директорската позиција според министерството за здравство е неправилности во работата, но ќе остане да работи на клиниката.

Петровски во телефонски разговор за Канал 5 вели дека се сомнева дека е разрешен поради тоа што за време на годишен одмор дошол на вонредно дежурство, поради дефицит на кадар, нешто што со закон според него е дозволено.

„Имам право да дежурам според закон за работни односи, каде што сам се откажувам од правото на одмор и сам се пријавувам кога има потреба од дежурство. “

На разрешувањето реагираа и вработените од токсикологија.

Случувањата на токсикологија со недеи беа во фокусот на јавноста поради низата скандали поврзани со функционирањето на клиниката. Министерот за здравство уште пред изборите најави разрешување на Петровски затоа што не ги продолжил договорите на 18 те хонорарци.

13- годишно момче од Битола починало на роденденска забава

Момче (13) од Битола починало во неделата на роденденска забава.

Трагедијата се случила во атарот на селото Крстоар, додека момчето славело со другарите.

На момчето околу 15 часот и 30 минути му се слошило додека си играло со момчињата, а присутните веднаш повикале брза помош, која го пренела во болницата во Битола.

По пристигнувањето во болница, момчето не давало знаци на живот, а лекарите по 40 минути реанимација можеле само да констатираат смрт.

Од полицијата изјавија дека не се познати причините за смртта и дека телото ќе биде испратено на обдукција. Исто така, како што наведоа, на телото не биле забележани траги на насилство.

притисни ентер