Светски ден за борба против ХИВ/СИДА: Здруженијата бараат повеќе средства за терапија

На Светскиот ден за борба против СИДАТА, Македонија заостанува на глобално ниво поради недоволното инвестирање за превенција на ова инфекција, реагираат од здруженијата за поддршка на граѓаните кои живеат со ХИВ.

Оттаму се разочарани поради како што велат, малиот буџет предвиден за помош на пациентите, и тоа ќе биде сериозен удар, особено за оние од помалите места.

Од здруженијата упатија апел до Владата – повторно да го разгледаат ова прашање и да се обезбедат неопходните 130 милиони денари за 2025 година.

А бројките на заразени со ХИВ растат. За оваа година досега е потврден нов 51 случај.

Од инситутот за јавно здравје велат дека дел од нив и не знаат дека имаат вирус. Поради тоа потребна е редовна едукација за начинот на пренесување, тестирање и оние кои имаат вирус на ХИВ да примаат соодеветна терапија со која се намалува пренесувањето на вирусот.

Во Македонија откако е регистриран првиот случај со ХИВ ОД 1987 година до денеска регистирани се 687 случаи, а 131 лице починало од СИДА

Според СЗО околу 39,9 милиони луѓе живеат со ХИВ на глобално ниво, а приближно 630.000 луѓе починале со ХИВ во 2023 година.

Македонците се повеќе купуваат на интернет

Се повеќе Македонци пазарат онлајн – покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. 

Онлајн купувањето во изминатата година бележи раст од 10%, што во бројки би значело дека над 60 проценти од интернет корисници направиле барем една онлајн нарачка во последната година. Најмногу се купува облека и спортска опрема, потоа мебел, производи за домакинство, компјутери, мобилни телефони, козметика, испорака од ресторани, брза храна, додатоци во исхраната.. Сепак граѓаните кои ги анкетиравме велат дека преферираат купување на традиционалниот начин, во продавница, поради можноста да го увидат квалитетот на производот, а има и граѓани кои стравуваат од измами или дека нема да го добијат нарачаното.

- Не, не сум за онјалн пазарување јас сакам лично да го видам и да го допрам тоа што го купувам и сакам да осетам дали е квалитетно и дека е вредно.

- Не пазарам онлајн. Попрактично ми е да го видам производот вака во живо.

- Ми е непријатно да не згрешам, велат дека има доста грешки при купување на интернет. Измамени или да не погрешам да платам а да не го добијам тоа што го посакувам.

Од Асоцијацијата за е-трговија апелираат граѓаните да купуваат од регистрирани онјалн купувачи, за да избегнат сценарија во кои не би можеле да им бидат рефундирани средствата доколку не биле задоволни од производот.

- Измамите најчесто се всушност нарачки од не регистрирани ентитети кои се прават најчесто на социјални медиуми затоа ние секогаш апелираме граѓаните да внимаваат од каде нарачуваат, може да ги проверат податоците, дали станува збор за регистрирана е-продавница. Асоцијацијата за е-трговија има објавено регистар на сите е-продавници кои се регистрирани во земјава- Нина Ангеловска Станков – претседателка на Асоцијација за е-трговија.

Податоците покажуваат и дека зголемен е бројот на интернет корисници во земјава, па така за една година од 85 процентот пораснал на 91. Македонците интернетот го користат најмногу за соицијални мрежи, а преку нив испраќање пораки телефонирање и видео повици.. Зголемено е и користењето на интернет за пракање на е-маил, барање на информации за производи и услуги и користење на интернет банкарство.

Владата планира да ја догради жичницата на Водно

Ќе се гради втората фаза на жичницата во Скопје, најавија од Владата. 

Оттаму соопштија дека размислуваат за вакво нешто, и на тој начин, ќе треба да се спојат населбата Капиштец со Средно Водно.

Со изградбата на втората фаза на жичницата, главна цел е да се стигне до планината Водно без автомобил

Првиот човек на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски вели дека ќе се прават дополнителни анализи за исплатливоста на овој проект, но додаде дека целта е да се завршат крупните инвестиции.

Повеќе детали околу евентуални градежни активности на жичницата, Томовски најави кон средината на наредниот месец.

Инаку, жичницата беше изградена во време на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и беше пуштена во употреба во јуни 2011 година. Таа има 28 кабини со капацитет за осум лица, и две ВИП кабини за по четири лица.

Изградбата на жичницата ја изведе австриската фирма „Допелмаер“ и чинеше 6.7 милиони евра.

Набрзо продолжува изградбата на зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура

Ќе ја добијат ли конечно студентите од најбараната струка својата зграда?

Министерката Весна Јаневска уверува дека објектот предвиден за ФИНКИ во кампусот на УКИМ, кој стои веќе една деценија полузиграден ќе почне да се гради кон крајот на 2025 година откако ќе се надминат дел од предизвиците. Наспроти првичните планови да биде Барок, министерката вели зградата ќе добие современ изглед, како што барале и самите студенти.

-Очекуваме, при крај на следната година веќе да почнеме со изградба на ФИНКИ факултетот. Во моментот правиме повеќе анализи, репроектирање, греењето треба да се реши, секако нема да биде во стилот на Барок, зошто и пред се студентите очекуваат и сметаат дека во тој кампус не би бил добро да е Барок, така да ќе се потрудиме да го направиме модерен,вели министерката -Весна Јаневска.

Онаму каде што пред една година имаше смет и испокршени клупи, денеска се гледаат трагите од багерите.. Реконструкцијата започна и на студентскиот дом Стив Наумов, кој изминативе години на студентите им нудеше живот под секое достоинство, од ладни соби, влага по зидовите до руинирани тоалети.

Таму се уште трае процесот на уривање на руинирање, отстранети се прозорците, голем дел од внатрешноста, но и азбестните покриви кои ги труеја студентите. Планот е објектот на биде енергетски ефикасен, а врз него да се постават и соларни панели. Министерката Јаневска очекува, доколку се се одвива според планираното и овој проект да заврши до крајот на годината.

-Субстандардно живееја нашите студенти, тоа е недозволиво и во моментов се случува сериозна, голема, длабока реконструкција на два студентски дома, Стив Наумов е еден од нив, тој скоро почна, ќе биде модерно направен за да можат да имаат нормални услови студентите за живот. Пред крај на следната година, Кузман би требало да биде Октомври, Ноември, а Стив исто се надеваме дека би можел да биде завршен Ноември Декември, доколку не излезе нешто непредвидено вели министерката -Весна Јаневска.

Стив Наумов треба да има капацитет за околу 1000 студенти, засега во комплексот не се предвидува доградба на капацитети, бидејќи е доволен за бројот на студенти кои бараат сместување. Паралелно, истата фирма, ги изведува работите и во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.

притисни ентер