Сведоци на терористичкиот напад во Германија: Изгледаше како Арап, ги бодеше во врат (ВИДЕО)

Повеќе детали се појавуваат за синоќешниот напад со нож на фестивалот во германскиот град Солинген, во кој загинаа три лица, а уште осум беа повредени, од кои пет потешко и тројца полесно.

Како што јави Дојче веле, нападот се случил околу 21:40 часот. Полицијата го толкува како терористички напад бидејќи нема индиции дека жртвите биле намерно избрани. Напаѓачот избегал, а по него трагаат силни полициски сили, меѓу кои и специјалната полиција.

Полицијата интензивно ги испрашува сведоците на нападот, но и самите жртви, за да се утврди идентитетот на напаѓачот кој побегнал во толпата која се појавила по нападот. „Во моментов немаме информации каде се наоѓа“, изјави портпаролот на полицијата.

Напаѓачот јасно нападнал за да убие: тој се насочувал кон вратот на своите жртви. До утрово не се идентификувани сите жртви, односно полицијата не сака да ги објави имињата на убиените.

Нападот се случи на Фронхоф, саемски плоштад каде настапуваа бендови.

Инцидентот ги шокираше присутните. Еден сведок изјавил за Solinger Tageblatt дека стоел пред бината во Фронхоф кога нападот се случил на само неколку метри.

Слушал музика кога го забележал изразот на лицето на пејачката дека нешто не е во ред.

„И тогаш лицето падна на само еден метар од мене“, изјави Ларс Брајцке за локалниот весник. Отпрвин мислел дека лицето е пијан. Но, кога се свртел, Брајцке видел други луѓе како лежат на земја во локви крв. Тој самиот е неповреден.

Полицијата презеде „голема операција за пронаоѓање на осомничениот, кој побегнал во метежот и паниката што следеше по злосторството“. По нападот, градот Солинген целосно ја откажа прославата на 650-годишнината. Настаните планирани за викендот исто така се откажани, соопштија од градот.

Очевидци за Билд изјавија дека напаѓачот изгледал како Арап.

Се верува дека напаѓачот намерно ја избодел својата жртва во вратот, објавија германските медиуми. Началникот на полицијата Александар Креста рече дека во моментот претпоставуваат дека се работи за самец сторител кој немал помошници.

Градоначалникот на Солинген, Тим Курцбах, исто така, го изрази своето вознемирување по смртоносниот напад на градскиот фестивал. „Вечерва сите ние во Солинген сме во шок, ужас и голема тага“, напиша тој на Фејсбук страницата на градот.

„Сите сакавме заедно да ја прославиме годишнината на нашиот град, а сега мораме да ги оплакуваме загинатите и повредените“, рече тој. „Се молам за сите оние кои се уште се борат за своите животи“, додаде Курцбах.

Премиерот на Северна Рајна-Вестфалија Хендрик Вуст рече дека земјата е обединета во шок и тага по нападот во Солинген. „Во овие мрачни часови, срцата и умовите на луѓето од нашата држава и пошироко се во Солинген, каде што чинот на брутално и бесмислено насилство ја погоди нашата земја“, напиша тој во објавата на X.

Фаталните пукања и нападите со нож се релативно невообичаени во Германија, но владата сака да ги заостри правилата за носење ножеви во јавност со ограничување на максималната дозволена должина на сечилото.

Во јуни, 29-годишен полицаец во Манхајм беше избоден до смрт на десничарски митинг, а беше убиен од 25-годишен Авганистанец кој живее во Германија од 2014 година.

Во јануари 2023 година, две лица беа убиени, а петмина повредени во напад со нож на воз меѓу Кил и Хамбург, во северна Германија, од страна на Сириец. Во напад со нож во 2021 година, 27-годишен маж со арапско потекло избодел неколку патници во возот што патувал меѓу Регенсбург и Нирнберг.

Ужас во Швајцарија: Ја задавил сопругата и телото ѝ го сомлел во блендер, вели дека се бранел

Судот во Швајцарија оваа недела одби да го ослободи од притвор Томас (41), кој ја убил сопругата Кристина Јоксимовиќ (38), а потоа со миксер ѝ ги исецкал деловите од телото.

Федералниот суд во Лозана вчера ја отфрли неговата жалба, наведувајќи дека има „конкретни индиции за ментална болест“.

Во март, обвинетиот му признал на државниот обвинител дека ја убил сопругата и мајка на неговите две деца - наводно затоа што пред тоа го нападнала со нож. Тој претходно тврдеше дека Кристина ја нашол мртва и во паника ја распарчил. Но судско-медицинскиот извештај укажува дека не се работело за самоодбрана, пишува швајцарски Блик.

Експертите утврдиле дека Кристина, која своевремено влегла во финалето на изборот за Мис на Швајцарија, била задавена на 13 февруари. Според Sky News, остатоците од нејзиното тело биле пронајдени во куќа во Бининген, во близина на Базел.

Обдукцијата покажала дека по убиството жртвата била распарчена во пералната со пила, нож и ножици. Убиецот потоа исецкал некои делови од телото со блендер и потоа ги растворил во хемикалии.

Во наодите на истрагата се наведува дека Томас по убиството на сопругата покажал недостаток на емпатија и социопатско однесување и се обидел да го прикрие злосторството. Забележано е и дека пред убиството ја задавил сопругата, како што стои во пресудата. Инаку, Кристина ја освоила титулата Мис на северозападна Швајцарија и била финалистка на Мис на Швајцарија во 2008 година.

Во февруари, пријателите на двојката рекоа дека немало индикации за лош брак: „Тие изгледаа како совршено семејство“. Но, други рекле дека парот бил во криза со месеци. Наводно, пред убиството, полицијата интервенирала при расправија поради насилство.

Страшна несреќа во Мичиген среде бел ден- возачот заврши на покрив, возилото смачкано (ВИДЕО)

Несреќата се случила во градот Сагинау, во американската сојузна држава Мичиген, откако 28-годишен возач изгубил контрола и со камионетот удрил во куќа на раскрсница.

Возилото се запалило, но тоа не е најбизарниот детал. Неименуваниот возач, очигледно замаен, завршил на покрив од семејна куќа.

На социјалните мрежи кружи видео од инцидентот, а јасно е дека возачот лежи неподвижен на покривот. Недолго потоа се освестил, пренесува ABC 12 News.

На местото на настанот пристигнала и противпожарната единица која го изгаснала пожарот, а донесена е и скала за безбедно да го симне човекот од покривот.

Тој е пренесен во болница во критична, но стабилна состојба. Трите лица кои биле во куќата не се повредени.

Полицијата не соопштува детали, вклучително и како се случила несреќата, бидејќи истрагата е во тек.

На Шведска ќе ѝ требаат најмалку 25 години за го реши проблемот на малолетните криминални банди

Шведска, која до пред десетина години важеше за идилична скандинавска земја, сега е на врвот на листата на членки на ЕУ според стапката на криминал извршен со огнено оружје.

Меѓународните банди сега регрутираат деца, пишува Politico.

На Шведска ќе ѝ требаат најмалку десет години за да го реши проблемот со криминалот на малолетничките банди, изјави министерот за правда.

„Проблемите се секако многу сериозни и ќе биде потребно време за успешно да се смени тој тренд, не само што се однесува до децата“, рече Гунар Стромер, министер за правда.

Шведска е потресена од бран на насилство од банди во последниве години, со стапки на криминал со оружје меѓу највисоките во Европската унија. Според официјалните податоци, во 2022 година во Шведска биле убиени 62 лица, а во 2023 година бројот на жртви бил 54.

„За да се осигураме дека децата што растат во Шведска не запаѓаат во криминал, потребна е најмалку една деценија. Тоа е многу реален поглед на временската перспектива“, рече Стромер.

Криминалот на бандите и миграцијата станаа жешки прашања во Шведска, што ја доведе крајната десница до изборен успех. Најголем дел од злосторствата се извршени од меѓународно поврзани банди кои регрутираат деца во своите редови.

Минатиот септември, откако една 25-годишна жена беше убиена во напад на банди, премиерот Улф Кристерсон во ретко телевизиско обраќање вети дека ќе ги „лови бандите“. Претходно оваа година, шведскиот парламент ја овласти полицијата да воспостави таканаречени безбедносни зони, дозволувајќи им да пребарува одредени области без налог или само со причина.

Стромер рече дека владата исто така ги заострува казните за младите престапници.

„Постои постојан ризик од спирала на ново насилство што клокоти под површината“, предупреди тој.

притисни ентер