Судот во целост го објави решението со кое се казнува адвокатот Асмир Алиспајиќ

Основниот кривичен суд во Скопје во целост го објави решението со кое се казнува адвокатот Асмир Алиспајиќ за навреда на судијката Софија Лаличиќ, преку објава на својот Фејсбук профил.

Алиспајиќ коментира случувања од главна расправа одржана на 4 септември 2019 година.

Од судот наведуваат дека, во однос на делумно објавеното решение од страна на адвокатот Асмир

Алиспаjиќ и барањето на одредени медиуми за став на судот околу истото, го објавуваат во целост анонимизираното решение со цел сите заинтересирани да можат да извршат увид и да се запознаат со причините за изречената неправосилна парична казна на која адвокатот има право на жалба.

Основниот суд Скопје како првостепен кривичен суд преку судијата Софија Лаличиќ како судија Претседател на советот, на ден 05.09.2019 година, согласно чл.88 ст.7 в.в. со ст.1 од ЗКП, донесе решение со кое се казнува бранителот на обвинетиот Е. М., адвокат Асмир Алиспајиќ од Скопје со парична казна во износ од 2.000 евра, во денарска противредност од 122.990,оо денари.

Паричната казна адвокат Асмир Алиспајиќ од Скопје е должен да ја плати во рок од 30 дена по правосилноста на решението.

– ОЈО Скопје до овој суд на 11.05.2018 година поднесе обвинителен акт КО2 бр…. од 11.05.2018 година против обвинетиот Е. М. од Скопје, за кривично дело Разбојништво од чл.247 ст.4 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик.

По укинување на првостепената пресуда К.бр.1161/18, во повторената постапка судот закажа главна, јавна и усна расправа на 17.07.2019 година, така што до денес беа закажани 5 главни расправи и постапката е во фаза на доказна постапка.

Постапувајќи по наведениот кривичен предмет, на закажаната главна расправа на 04.09.2016 година, но и на претходно закажаните и одржани, бранителот на обвинетиот Е. М. адвокат Асмир Алиспајиќ од С. беше повеќе пати опоменат за несоодветно однесување во текот на расправата, како усно, така и на записник, а видно од записниците за текот на главните расправи. Откако на 04.09.2019 година во 15,00 часот расправата продолжи со поставен бранител по службена должност, бидејќи избраниот бранител адвокат Алиспајиќ не се јави на продолжението на главната расправа и не достави доказ за објективна спреченост да отсуствува од истата, поради што судот му постави на обвинетиот бранител по службена должност, обвинетиот го извести судот дека му го откажува полномошното на бранителот адвокат Алиспајиќ и за свој бранител го ополномоштува адвокат Ибраим Бајрами, кој во меѓувреме пристапи во судската сала, по што на барање на новоизбраниот бранител расправата се одложи.

На ден 04.09.2019 година во 20:01 часот адвокатот Асмир Алиспајиќ на својот Фејсбук профил објавил следна содржина „SWAROVSKI СОФИЈА ЛАЛИЧИЌ ДНО ОД СУДИЈА. Под итно РАЗРЕШУВАЊЕ", со што го навреди судот, во смисла на чл.88 ст.1 од ЗКП.

Согласно чл.88 од ЗКП: „Судот ќе го казни со парична казна од 200 до 1.200 евра во денарска противвредност учесникот во постапката кој во поднесокот или усно, односно на друг начин го навреди судот или лицето кое учествува во постапката. Решението за казнување го донесува судот пред кој е дадена изјавата, а ако тоа е сторено во поднесокот, судот што треба да одлучи за поднесокот.", а согласно став 7 од истиот член: „ако според ставот 1 на овој член навредата на судот и покрај изречената парична казна се повторува, судот може да изрече парична казна и до десеткратен износ од казната од ставот 1".

Со оглед да бранителот на обвинетиот адвокат Асмир Алиспајиќ од Скопје, на главната расправа во повеќе наврати покажа непочитување кон судот, па откако судот го предупреди дека е недозволиво да се однесува на тој начин, особено по дадени повеќе усни опомени од страна на Претседателот на судечкиот совет, како и повеќе писмени опомени внесени на записник да не ги коментира несоодветно процесните одлуки на судот и да не прекинува додека се диктира записникот, да не вика, да не треска со рацете на судскиот пулт, истиот по завршување на главната расправа на својот Фејсбук профил објавил навредлива содржина за судот, како горецитирано.

Навредата беше изнесена по завршување на главната расправа, но несомнено во врска со превземните дејствија во текот на истата, ако се има предвид дека коментарот е ставен на 04.09.2019 година по завршување на главната расправа, на која му беше откажано полномошното на бранителот, па ако се има предвид дека избраниот бранител се уште нема доставено полномошно за застапување на обвинетиот Е. М., до кога бранителот адвокат Алиспајиќ е должен да превзема дејствија, а во смисла на одредбата од чл.76 ст.4 од ЗКП, бранителот адвокат Алиспајиќ, несомено преку својата објава ги коментира случувањата од главната расправа критичниот ден, а очигледно и претходно, кога судот ги констатираше и одбиваше обидите на одбраната за неосновано одолговлекување на кривичната постапка.

Како навредата кон судот се повторува, ако се има предвид дека бранителот адвокат Алиспајиќ и претходно е казнет поради навреда на судот во износ од 200 евра, за што беше донесено Решение К.бр.1161/18 од 12.09.2018 година, судот одлучи овој пат висината на казната да биде одмерена повисоко од предвидената во чл.88 ст.1, што како законска можност е предвидено во ст.7 од истиот член, па ако се има предвид вордингот кој бранителот го користи при повторното навредување на судот, му одмери казна како во диспозитивот на ова Решение.

Имајќи го предвид сето наведено, судот согласно чл.88 ст.7 в.в. со ст.1 од ЗКП одлучи како во диспозитивот на решението, се наведува во образложението на судското решение/МИА

„Гответе со Дракче“ - Вапцување јајца

Во четврток (02.05.2024) во емисијата гостин ни беше Снежана Миловановска.

Состојки за денешниот рецепт:

20 бели јајца

креп хартија во разни бои

црвена боја за јајца

шарени салфети

златен фломастер

1 лажица оцет

1 лажиче сол

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Авион на пат кон египетско одморалиште, принудно слета во Грција (ВИДЕО)

Авион на EasyJet бил пренасочен и принудно слетал во Ираклион, Грција, поради многу непријатно и бучно однесување на еден пар.

Поконкретно, необичен инцидент се случил на 29 април на летот EZI3165 на EasyJet од Глазгов до Хургада, Египет. Капетанот на авионот го сменил курсот кога парот влегол во жестока расправија со другите патници и членови на екипажот.

Податоците за следење на летот покажале дека авионот бил над Грција и го преминувал Средоземното Море пред конечно да слета во Ираклион.

Патниците незадоволни од чекањето навиваа и аплаудираа на екипажот кој тргна во акција и ја извлече двојката од летот.

"Беше страшно. Половина час се расправаа со другите патници пред да интервенира екипажот. Му се заканија на екипажот... На жената седум пати ѝ беше кажано преку разглас да седне, но таа продолжи да станува", рекол Мајкл Мекленан, британски турист, пренесе Дејли Меил.

Предметната двојка била уапсена од грчката полиција при слетувањето.

EasyJet Airbus A320-251N продолжил до својата прва дестинација и слетал во Хургада.

„EasyJet може да потврди дека летот EZI3165 од Глазгов до Хургада слетал во Ираклион на 29 април за да ѝ предадат брачен пар на грчката полиција за предизвикување нарушување во авионот. Летот потоа продолжил за Хургада откако патниците се симнале. Екипажот на EasyJet бил обучен да ги процени сите ситуации и да дејствува брзо и соодветно за да ја обезбедиме безбедноста на летот и другите патници, и иако таквите инциденти се ретки, ние ги сфаќаме многу сериозно и не го толерираме ваквото однесување на патниците и екипажот се секогаш главен приоритет на EasyJet“, се вели во соопштението на компанијата.

Маж прави акробации со бебе - сите се шокирани: Ти требаат часови по родителство (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи видео на кое маж, наводно таткото, прави „акробации“ со бебе, држејќи го за нозе и раце.

Бројни корисници на Инстаграм и Твитер жестоко ја критикуваа сцената, а лекарите предупредија на можни последици, пишува Daily Mail.

Во видеото кое трае 35 секунди, го гледаме мажот како го ниша бебето напред-назад, над главата и меѓу нозете, а луѓето истакнаа дека тоа претставува „опасност не само за неговите зглобови, туку и за мозокот“.

Видеото е придружено со порака „врска меѓу татко и дете“, но многу корисници беа вознемирени од сцената, што е јасно од нивните коментари.

Д-р Стјуарт Фишер, лекар по интерна медицина и поранешен педијатар во одделот за итни случаи, исто така реагира:

„Мислам дека е морално и легално да се направи КАТ скен или МРИ, што можеби нема да покаже микроскопски повреди на мозокот.

Експертите предупредуваат дека овој тип на игра потенцијално може да доведе до синдром на потресено бебе, бидејќи мозокот на таа возраст е исклучително подложен на повреди.

Дополнително, кревањето на бебето за раце или нозе, без поддршка за грбот, може да доведе до исчашување на зглобовите.

Останува нејасно колку е старо бебето, но се верува дека има околу една година.

„Ова е ментална болест и каква, дали е важно? Ова може да се смета за кривично дело. Тој не разбира каква скапоцена дарба има. Му треба, во најмала рака, долготрајна инструкција и советување“, заклучи др. Стјуарт Фишер.

Корисниците го критикуваа и однесувањето на човекот, со илјадници коментари на мрежите.

„Ова не може да биде легално.Кутрото дете“, „Ти требаат часови за родителство. Ова е толку ужасно“, гласеа некои од пораките.

Од друга страна, поединци тврдат дека родителите така си играле со нив без да имаат никакви (здравствени) проблеми.

Се огласи на Твитер тренерот на познатиот УФЦ борец Конор Мек Грегор. Тој го сподели видеото и коментира:

„Каква глупост. Дури и да сфатите погрешно еднаш во 1.000 пати, тоа е трауматска повреда плус потрес на мозокот. Колку луѓе ќе го повторат ова за неколку лајкови и ќе го повредат своето дете? Можеби не требаше да споделам. Не правете го ова“, напиша Џон Кафеа.

притисни ентер