Стоилковски: Вистината е дека Спасовски води хајка против ВМРО-ДПМНЕ, преку злоупотреба на полицијата

СДСМ и министерот за внатрешни Спасовски се вплеткаа во сопствената мрежа и лицемерие.

Вчера министерот за внатрешни Оливер Спасовски изјави дека влегол во компании поради долг на ВМРО-ДПМНЕ кој цитирам согласно Изборниот законик не смеел да остане и сите обврски требало да се затворат од оваа сметка.

Прво го повикуваме јавно да го цитира членот од законот кој санкционира постоење на долг, бидејќи таков член не постои, и во однос на ВМРО-ДПМНЕ се е кристално јасно и согласно закон.

Второ, Доколку Спасовски и натаму стои на таквото мислење, тогаш веднаш го повикуваме да влезе во испитување на долгот на СДСМ бидејќи согласно извештајот од претседателските избори тие должат 2,5 милиони денари.

Доколку Спасовски смета дека има нешто незаконски го повикуваме партискиот војник Оливер Спасовски да влезе и да го провери долгот на неговите владини коалициони партнери ДУИ, и коалицијата на Љубчо Георгиевски, Стојанче Ангелов и Љубе Бошковски, бидејќи согласно извештаите од изборите 2016-та година ДУИ должела 2 милиони 300 илјади денари, а коалиционите партнери на Заев, Љубчо, Љубе и Стојанче над 3 милиони и 100 илјади денари.

Го повикуваме Спасовски да ги провери фирмите кон кои должи СДСМ и кон кои должат неговите коалициони партнери, и дали тоа не е извор на корупција.

Вистината е дека Спасовски води хајка против ВМРО-ДПМНЕ, преку злоупотреба на полицијата, а молчи за долгот на СДСМ од изборите оваа година.

Новинарско прашање: Може ли ваш коментар по синиќешниот извештај на Венецијанската комисија дека треба да се преиспита Законот за употреба на јазици.

Одговор на Наум Стоилковски: Венецијанската комисија и нивните ставови апсолутно се нешто што треба да се дел од законодавството во една држава од Европската Унија особено ако е аспирант за членство во Европската Унија и очекува по подолг период да добие можеби датум за почеток на преговорите. Само за една споредба ете Бугарија која е членка на Европската Унија ги почитува во однос на нивниот проблем во однос на јавниот обвинител го почитува ставот на Венецијанската комисија.

Што се однесува до Македонија апсолутно ставот на Венецијанската комисија е важен затоа и се испраќа законскиот текст, претежно се испраќаат како предлог законски текст, а потоа се носат закони, а не како што беше во случајот со овој договор на СДСМ и ДУИ да биде донесен законот, а како велеа понатаму ќе ги имплементираат забелешките од Венецијанската комисија.

Овој извештај од Венецијанската комисија го потврди она што ВМРО-ДПМНЕ постојано го кажуваше, а тоа е дека вакво законско решение го оптоварува општеството го оптоварува движењето на документи особено во судскиот дел и да биде уште појасно го потврдува она што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше дека ВМРО-ДПМНЕ е за употреба на јазиците но тоа да биде согласно законските норми и она што треба да биде олеснување во комуникацијата низ институциите. Така што тоа што треба да се направи е да се испочитува ставот на Венецијанската комисија гледаме дека тоа предизвикува нетрпеливост внатре во владината коалиција

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер