Стигнал до врв на карпа, па се лизнал- одекнува неговиот ужасен крик (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи видео од планината Фанџингшан во Кина, а главниот актер Јанг Менг (42) слободно може да го прослави својот „втор роденден“.

Тој за чудо преживеа, откако се лизна и падна по стрмна карпа, додека неговата камера ја сними драматичната снимка.

На почетокот го гледаме Менг како се качува на карпата, а потоа го губи чекорот и почнува да се лизга надолу со голема брзина.

Тој вреска на цел глас и се обидуца да запре, но безуспешно, пренесува The Sun.

Веројатно мислел дека е готово, а потоа се случило чудо! Менг слетал на дрво што го спречило да пропадне во бездната.

„Не можев да застанам,се лизгав сѐ побрзо и побрзо. А потоа паднав во дрво“, изјави тој за локалните медиуми.

Тој откри дека завршил со неколку модринки на нозете и расекотина на левата рака.

„Можам да кажам дека сум неповреден, кога ќе земеме сѐ во предвид“, истакна тој.

Видеото од инцидентот прво беше поставено на кинеската мрежа Douyin, а потоа стана вирално. Шокираните корисници истакнуваат дека Менг имала „неверојатна среќа“ што е жив.

Син на милијардер со јахта прегазил рибарски чамец и убил човек- истрагата открива детали

Денис Виехоф (35), син на милијардер од Германија, е осомничен за смртта на едно лице кога со својата јахта „прегазил“ рибарски брод на Мајорка.

Денис Виехоф (35), син на милијардер од Германија, е осомничен за смртта на едно лице кога со својата јахта „прегазил“ рибарски брод на Мајорка, а во текот на истрагата било утврдено што се случило на чамецот пред незгодата и откриена е поголема количина на алкохол.

Германската јахта Ла Луна, наводно, прегазила мал рибарски брод без да успори, а капетанот по несреќата се однесувал како „ништо да не се случило“ и наводно побегнал од местото.

Шпанскиот медиум Газета Наутика објави дека успеал да добие ексклузивен, целосен увид во истрагата каде покрај деталите поврзани со несреќата, објавено е и што се случувало на јахтата пред и по трагичниот настан.

Исто така, извештаите наведуваат дека на јахтата имало големо количество алкохол, што укажува на тоа дека Денис и неговите пријатели правеле забава.

Полицискиот извештај започнува со изјавата на вујкото на жртвата, кој вели дека околу 19 часот испловил со своите двајца братучеди, од кои едниот Гиљермо загинал додека ловел лигњи. Околу 21 часот се упатиле кон пристаништето Кала Бона кога забележале дека јахтата им се приближува со голема брзина.

Сведоците ја процениле брзината на околу 20 јазли или 37 километри на час.

Како што рекол вујкото, тие се обиделе да побегнат од јахтата, но не успеале. Во следниот момент јахтата со полна брзина удрила во рибарскиот брод и му го скинала моторот. Младиот Гиљермо при ударот се здобил со фатални повреди на главата и паднал во морето.

Според очевидци, јахтата Ла Луна била забележана три часа пред несреќата во заливот Кала Агула. Очевидци велат дека пријателите на Денис возеле чамец од јахтата и наводно удриле во гумен чамец полн со деца.

Според полицијата, таткото на едното дете, кој бил во гумениот чамец, веднаш се пожалил директно кај капетанот на Ла Луна, односно синот на милијардерот. Подоцна изјавил дека имал впечаток дека Денис бил во алкохолизирана состојба.

Во извештајот се наведува и дека капетанот Денис и неговите пријатели биле придружувани од жена која им кажала на инспекторите дека испиле многу шампањ и џин тој ден. Таа наводно изјавила дека и капитенот пиел, но „не многу“, пренесува Билд.

При првото влегување во јахтата, ден по несреќата, полицајците во крмата пронашле големи количества алкохолни пијалоци.

Вечерта по трагичниот настан Денис бил излезен со пријателите во клуб. Кога му кажале што се случило, тој изгледал изненаден што можел да го поткрепи тврдењето на неговиот адвокат дека не знаел дека прегазил рибарски брод.

Она што е изненадувачки е што Денис и еден од неговите пријатели влегле во јахтата, ден по несреќата, која веќе била запечатена со полициска лента. Според камерите за надзор, тие ги земале торбите и ја напуштиле јахтата доцна во ноќта.

Веднаш потоа тројцата Германци се упатиле до аеродромот Сон Бонет и со приватен авион заминале за Германија. Меѓутоа, три дена подоцна, синот на милијардерот се вратил во Мајорка за да биде испрашуван од полицијата. Со него дошол и адвокат, но Денис одбил да сведочи. Потоа се вратил во Германија.

Одделот за истраги за убиства во својот извештај утврди дека делумно виновни се капетаните на двата брода. Рибарскиот брод имал само мали светилки и не бил соодветно осветлен.

Сепак, според истражителите, несреќата можела да се избегне доколку јахтата одржувала соодветна брзина.

На студенти им се слошило по тренинг, сите со исти симптоми се во болница- 12 се борат за живот

Дванаесет студенти од лакрос тимот на универзитетот во Бостон се разболеле по тренинг и биле итно хоспитализирани.

Нивното здравје наеднаш се влошило по тренингот на Универзитетот Тафтс, а на почетокот никој не можел да објасни што се случува.

По извесно време, лекарите утврдиле дека мажите боледуваат од рабдомиолиза. Станува збор за повреда на мускулите која може да биде опасна по живот.

Како резултат на тешките повреди, се јавува распаѓање на мускулните влакна. Предизвикувачи може да бидат и екстремни спортови - инфекции, лекови или употреба на алкохол/дрога може да доведат до оваа состојба.

„Нашите мисли се со овие луѓе и нивните семејства во моментов, се надеваме дека брзо ќе закрепнат“, рече портпаролот на Универзитетот Тафтс, Патрик Колинс.

Петмина мажи се задржани на лекување, но има индиции дека бројката може да се промени.

Засега не е позната причината за состојбата на играчите, но сигурно е дека тренингот го водел поранешен маринец. Истрагата се обидува да утврди дали тој имал некакво недолично однесување кон мажите, пишува blick.ch.

Сите тренинзи отсега се откажани, а сите играчи во иднина ќе бидат прегледани пред да им биде дозволено да продолжат со тренинзите.

Рабдомиолизата е ненадејно оштетување на скелетните мускули поради оштетување на мускулното ткиво. Оштетувањето на мускулите може да биде предизвикано од физички, хемиски или биолошки фактори.

Распаѓањето на мускулите доведува до ослободување на производи создадени во оштетените мускулни клетки во крвотокот. Некои од производите, како што е миоглобинот (протеин) се штетни за бубрезите и може да доведат до акутна бубрежна инсуфициенција.

Емили Ратајковски повторно шокира- се облече во фустан од минатиот век (ФОТО)

Нема ништо поженствено од црвен фустан со точки.

Овој безвременски дизајн жените го носат со децении, а секоја година пристигнуваат нови верзии на овој класик. Емили Ратајковски неодамна на својот Инстаграм објави фотографии на кои носи токму такво парче.

За вечерно излегување во Венеција избрала женствен и светло црвен фустан со точки, кој го искомбинирала со едноставни црни чевли и дискретна шминка и накит.

„Неодолива“, „Спектакуларно“, „Повторно изгледаш убаво“, „Секој фустан ти стои одлично“, „Ти си кралица“ се дел од коментарите на објавата.

Нејзиниот фустан е Jean Paul Gualtier Soleil од 1999 година, а го има на Nünü Vintage каде што е распродаден.

притисни ентер