Стартува новата сезона во алпско скијање, Шифрин и Одермат фаворити

Новата сезона во Светскиот куп во алпски дисциплини почнува овој викенд во австрискиот зимски центар Зелден, а главни фаворити за освојување на големиот кристален глобус повторно се Американката Микаела Шифрин и Швајцарецот Марко Одермат.

Шифрин и Одермат влегуваат во новата сезона како двократни последователни светски шампиони.

Американката е рекордер според бројот на победи во Светскиот куп – 88, а рекордот го собори минатата сезона кога ја надмина бројката од 86 триумфи на легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк.

Американската скијачка е петкратната светска шампионка (2017, 2018, 2019, 2022 и 2023) и со евентуална шеста титула ќе се израмни со Австријката Анемари Мозер – Прел, која доминираше во 70-те години од минатиот век.

Во машка конкуренција главен фаворит е 26-годишниот Одермат, кој минатата сезона собра 2.042 бодови во Светскиот куп и го собори рекордот што од 2000 година беше во сопственост на Австриецот Марсел Хиршер.

Со 13 победи минатата сезона, седум во велеслалом и шест во супервелеслалом, Одермат им се приклучи на Стенмарк (1979), Херман Маер (2001) и Хиршер (2018) според бројот на победи во една сезона.

Работна средба на претседателот на Уставниот суд,и соработници на Федералниот суд на Германија

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и судијката Татјана Васиќ-Бозаџиева денеска остварија работна средба со експерти-соработници на Федералниот Уставен суд на СР Германија. 

Во фокус на средбата беа темите за надлежностите на Уставниот суд на Република Македонија, актуелностите поврзани со работењето на Судот, како и новите одредби од Актот со кои се интервенира во начинот на работењето и обраќањето до Уставниот суд . Претставниците од СР Германија покажаа интерес за начинот на којшто се избираат уставни судии, за водењето на постапките и процедурата на решавање на предметите.

Беа разменети искуства од богатата уставно-судска пракса на Судот во СР Германија за заштитата на човековите права и правните механизми, како што е уставната тужба.

Претседателот Костадиновски ги информираше за приоритетите во неговиот мандат, со акцент на потребата од донесување на двотретински закон за Уставен суд, со што ќе се овозможи поголема самостојност и независност на Судот, воведување на уставна тужба и поголема транспарентност. Костадиновски ја истакна досегашната успешна соработка со реализираните проекти преку германската амбасада во земјава и меѓународните организации предводени од германски експерти.

Делегацијата од СР Германија е во состав од 25 судии, обвинители,проценители, советници кои се ангажирани како надворешни соработници на Федералниот Уставен суд, меѓу нив и ценетиот експерт за владеење на правото, Рајнхард Прибе.

Од понеделник новите 9 лекови на товар на Фондот за здравство ќе ги има во аптеките

Од 16 септември во аптеките ќе бидат достапни деветте нови лекови кои се додадени на позитивната листа. 

На новата листа опфатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија, како и за деменција, изјави Тараври.

„Јас се надевам дека ново проширување ќе има за три до четири месеци со нови лекови кои навистина треба да имаат пониски цени. Позитивната листа не е обновена од 2009 година“, потенцира Таравари.

Од Светската здравствена организација денеска на владина седница истакна дека иако има подобрување во снабдување со лекови сепак граѓаните во македонија плаќаат многу висока цена за лекови. Во 2018 година 80 отсто од плаќањата од џеб биле за амбулантски лекови, а овие плаќања сочинуваат 42 процента од вкупните здравствени трошоци што е далеку над просекот на ЕУ од 22 отсто, покажува еден од најновите извештаи на СЗО за Северна Македонија.

„Но, сепак, има работи што можеме да ги направиме, како градење капацитет за проценки на здравствената технологија и потреба од стратешка ревизија на политиките за цени и надоместоци. Тука, во секоја мала земја, често се јавува и значајниот јаз во експертизата. Некогаш не сме во предност зашто треба да седиме на маса и да преговараме со мултинационални фармацевтски компании кои имаат мошне голема експертиза во нивниот профил, особено кога станува збор за новите скапи лекови. Оваа симетрија често води до тоа малите земји да не можат да преговараат ефективно и да имаат ефективни договори“ , истакна Мускат од СЗО на работилницата за проширување на позитивната листа лекови.

Таравари најави дека до утре важи рокот за пријавување на фирмите за нова компресорска станица. Кон крајот на јули Таравари посочи дека доколку нема заинтерсирани фирми тогша може да има и директно договарање меѓу министерството и изведувач доколку не се појави фирма.

Средба на министерот Владо Мисајловски со амбасадорот на Словачка, Н.Е Хенрик Маркуш

Денеска во Министерство за одбрана, министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Словачка, Н.Е Хенрик Маркуш.

На средбата се разговараше за досегашната одбранбена билатерална соработка со Словачка и иницијативите за нејзино интензивирање, зајакнување и унапредување во повеќе области со една цел за стабилност и безбедност на регионот и пошироко.

Министерот Мисајловски изрази благодарност за континуираната силната поддршка на Словачка на патот кон целосна евроатланската интеграција на нашата земја.

притисни ентер