Стано: Присуството на инаугурацијата на Путин, не ја доведува во прашање поддршката за Украина

Присуството на протоколарен настан како инаугурацијата на Путин, не ја доведува во прашање поддршката за Украина

Учеството на неколку земји членки на ЕУ на еден протоколарен настан како што беше вчерашната инаугурација на новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин во Москва, не ја доведува во прашање нивната поддршка за Украина, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

- Големо мнозинството земји членки решија не присуствуваат од повеќе причини, како што се дека Путин е обвинет од Меѓународниот кривичен суд, Путин го крши меѓународното право и Повелбата на ОН, Путин развива многу репресивен систем во Русија... Сите ние, 27 земји членки многу јасно се произнесовме за претседателските избори и кажавме што мислиме за овие т.н. избори, изјави Стано.

Тој нагласи дека во исто време јасен е и ставот на земјите членки на ЕУ во однос на безусловната финансиска, економска, политичка, дипломатска и воена поддршка на Украина .

- Така што учеството на дипломати на протоколарен настан, како вчерашниот во Москва, не е во противречност со договорената позиција на ЕУ и на 27-те земји членки за континуираната поддршка за Украина во нејзината борба против илегалната агресија што ја започна Путин, додаде Стано.

Тој потсети дека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел ги повика земјите членки да не присуствуваат на церемонијата, но нагласи дека сепак одлуката за тоа дали ќе учествуваат на инаугурацијата сепак е билатерално прашање и суверено право на секоја држава.

- Ова не е првпат ЕУ да не успее да дејствува единствено и тука нема ништо невообичаено. Сите земји што решија да учествуваат имаат свои причини за тоа и беа претставувани на различни нивоа, додаде Стано, потенцирајќи дека шефот на Делегацијата на ЕУ во Москва, како и големо мнозинство земји членки на Унијата сепак не присуствуваа на церемонијата.

На прашање дали ЕУ го признава Путин како легитимен претседател на Русија, Стано истакна дека тоа е одлука на 27-те земји членки, а тие досега не донеле решение за непризнавање на легитимноста на Путин, кој како што рече „седи во Кремљ и од Кремљ раководи со една од најсуровите и накрвави агресии во поновата историја на Европа“.

Ново детско катче и простор за одмор на ул. "Ѓорѓи Димитров"

Прекрасниот неделен сончев ден го искористија децата кои живеат во непосредна близина на улицата ,,Ѓорѓи Димитров”. 

Во голем број излегоа да уживаат на новото детско катче и новиот терен за мал фудбал. Просторот е надополнет со урбана опрема и зеленило, така што претставува нова локација за одмор и дружење и за повозрасните.

-Се работи за ново детско катче, нова урбана опрема, клупи, нова подлога и игралиште за мал фудбал со вештачка трева на улица ,,Ѓорѓи Димитров”. Најмладите наши жители, за нивната детска игра непречено да тече, добиваат ново детско катче и терен за фудбал, а повозрасните генерации ќе можат да уживаат во зеленилото и урбаната опрема која ја нуди ова место.Сето ова, хортикултурно уредено за да естетски изгледа уште поубаво овој парк. Мојот народ од овој дел на Кисела Вода добива реконструирано катче каде ќе можат да се сретнат, да одморат, да се рекреираат или едноставно да уживаат на отворено. Промените се случуваат и продолжуваат секој ден, нема запирање-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Мундо Депортиво: Во понеделник ќе се решава судбината на Чави во Барселона

Раководството на Барселона утре ќе одлучи за иднината на тренерот на тимот Чави, пишува Мундо Депортиво.

Според шпанскиот спортски весник, 44-годишниот фудбалски стручњак ќе се сретне со претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта. Се наведува дека средбата може да има каков било исход.

Чави во јануари најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот од актуелната сезона. Во април тој објави дека се премислил и ќе продолжи да работи во клубот.

Подоцна, се појави информација дека Барселона не е задоволна од јавните коментари на Чави за финансиските проблеми на клубот.

По 36 одиграни кола, Барселона (79 бодови) е на второто место во шпанската Ла Лига. /МИА

Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје

 Велешанец при собирање печурки почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед,  од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.

- Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.

притисни ентер