Минималната синдикална кошничка скокна на 62 861 денар. Според пресметките на синдикатот само во делот на храна и пијалаци месецов споредбено со претходниот трошоците се зголемиле за речиси 400 денари, за што од ССМ велат трговците повторно го искористиле периодот пред стапување на сила на последната акција, која сами ја предложија, и ги зголемиле цените. Синдикатите бараат идните мерки да траат подолго и истите да бидат без најава од надлежните.
„Сојузот на синдикатите на Македонија бара мерките да траат подолго, за Владата значително да придонесе за зачувување на животниот стандард на граѓаните, а следната мерка да биде без за истата да бидат информирани трговците и стопанствениците за да не направат повторно злоупотреби на грбот на граѓаните и работниците,“ стои во соопштението од ССМ.
И од опозициската СДСМ обвинија дека наместо пониски во маркетите секојдневно имало повисоки цени. Според партијата основните прехрмабени производи сега станале луксуз.
„Цената на зејтинот порасна од 83 денари (цена од 1 октомври) на 97 денари. Јајцата, кои се продаваа од 75 до 85 денари, сега се над 100 денари, дури и до 140 денари за едно пакување. Кашкавалот од некои производители веќе надминува 600 денари за килограм. Јогуртот со 3,2% масленост достигнува над 72 денари.“- СДСМ
Заменик министерот за економија, Марјан Ристески вели берзанските порозиводи не се дел од кошничката, наспорти опозициската СДСМ тој е оптимист дека акцијата ќе даде резултат. Смета дека со кошничката која ја предложија самите трговци граѓаните ќе имаат значителна заштеда за новогодишните празници.
„Маслото и сите берзански производи не се опфатени во оваа кошница, бидејќи воопшто не можеме ние да влијаеме како држава на светските берзи на цените на кафето, какото, шеќерот, путерот, малсото, и ред други берзански производи. Ние и понатаму ќе ги поддржиме сите општествено одговорни акции, ќе направие анализа на сите оние податоци кои ќе излезат на крајот од акцијатаи се надевам дека на 1100 производи кои граѓаните точно може да ги таргетираат и одберат по маркетите ќе имаме позитивен и добар ефект по завршувањето на кошничката....“- Маријан Ристески – заменик министер за економија
Од пазарен и денеска велат инспекторите се постојано на терен, акцијата се следи и согласно законот за акциска продажба не се утврдени нерегуларности. Според инспекторатот, сите оние над 1000 производи кои се дел од кошничката, се намалени согласно најниската цена која ја имале изминативе 30 дена.