Мицкоски објави мега мерка: Ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Тој смета дека на овој начин се создаваат услови за младите да можат да делуваат, да учат, создаваат, и да стекнуваат вештини кои подоцна ќе бидат применети за иднината и за Македонија.

Обзнанувам дека Владата ќе поддржи во наредните месец дена, преку јасни критериуми и јасен систем, ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди, за сите, повторувам за сите студенти во државава, за сите до еден, вели Христијан Мицкоски во текот на своето обраќање по повод 33 Годишна Конференција на Унијата на млади сили што се одржа во Охрид.

Тој смета дека на овој начин се создаваат услови за младите да можат да делуваат, да учат, создаваат, и да стекнуваат вештини кои подоцна ќе бидат применети за иднината и за Македонија.

,,Младите се сила, иднина и нашата надеж, но сето тоа е бесполезно ако ние не им создадеме услови”, дециден е Мицкоски.

Според него со оваа мерка сите студенти ќе имаат пристап до електронски уреди со што ќе можат да го следат светот на дланка и да се градат како личности што не било случај во минатото за најголемиот дел од младите.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер

Гауф ја победи Мухова во финалето на ВТА 1000 турнирот во Пекинг

Американската тенисерка Кори Гауф попладнево ја победи Каролина Мухова од Чешка со резултат 6:1, 6:3 во финалето на ВТА 1000 турнирот во Пекинг.

Мечот траеше 1 час и 17 минути.

Мухова сервираше двапати, направи три двојни грешки и реализира една брејк-топка од четири заработени. Гауф имаше шест аса, пет двојни грешки и пет претворени брејкови од девет.

Трофејот во кинеската престолнина е осми во кариерата на Гауф. Американката на крајот од турнирот ќе се врати во Топ 5 на светската ранг-листа.

Наградниот фонд на Мастерсот во Пекинг изнесуваше девет милиони долари. /МИА

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во среда кога се очекува локален повремено пороен дожд со појава на ретки грмежи. Утринските температури ќе бидат пониски на почетокот на неделата, а потоа и тие постепено ќе се покачуваат.

На пропалестински протести во Рим повредени 30 полицајци и четворица демонстранти

Околу 30 полицајци и четворица демонстранти беа повредени во судири за време на вчерашните пропалестински протести во Рим, јави денеска италијанската новинска агенција АНСА.

Во центарот на Рим, маскирани демонстранти фрлале камења, шишиња и петарди врз полицијата, која одговорила со палки, водени топови и солзавец.

Во текот на денот, на плоштадот во Рим каде што се одржувале протестите, биле легитимирани 1.600 лица, а 19 од нив биле приведени.

– Не спречуваат за да ја заштитат војната – изјавил еден од организаторите на протестот.

На протестите се слушаа повици „Запрете го геноцидот“ и „Престанете со продажба на оружје за Израел“, како и повици против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и италијанската премиерка Џорџа Мелони. /МИА

притисни ентер