Српска вечер на „Охридско лето“ со оперските солисти Љубица Вранеш – мецосопран и Драгољуб Баиќ

 Претпоследната вечер од музичкиот дел на „Охридско лето“ ќе мине во знакот на уметници од Србија, со концертот на мецосопранот Љубица Вранеш и басот Драгољуб Бајиќ, во придружба на пијанистката Наталија Мијаиловиќ.

Мецосопранот Љубица Вранеш, солистка на Народниот театар во Белград, дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Белград во класата на проф. Радмила Бакочевиќ во чија класа и магистрира. Добитник е на прва награда како и награда за најдобра мецосопран на натпреварот „Никола Цвејиќ“, како и на прва награда на меѓународниот натпревар „Петар Коњовиќ“. Била член на оперското студио на Народниот театар со кое раководи проф. Никола Китановски, и на оперското студио „Борислав Поповиќ“ кое го водат проф. Радмила Бакочевиќ и маестро Дејан Савиќ. Член е на оперскиот ансамбл во Народниот театар во Белград. Во улогата на Фенена во Вердиевата опера „Набуко“ дебитира во операта во Темишвар, по што ѝ се отвораат вратите на сцените ширум Романија. Настапува во првата, историска изведба на рок-операта „Кармен“ во Крајова, а потоа и во продукциите на „Кармен“ во Темишвар, Букурешт, Тирана, Пловдив и др. Настапува во продукциите на оперите „Отело“, „Дон Карлос“, „Риголето“, „Набуко“, „Кавалерија Рустикана“, „Самсон и Далила“ и др.

Драгољуб Бајиќ пеење започнува да учи во музичкото училиште „Станковиќ“ во класата на проф. Љубица Живковиќ и набргу станува член на оперското студио на Народниот театар во Белград. Факултетот за музичка уметност на отсекот соло-пеење го завршува во класата на проф. Никола Мијаиловиќ во чија класа докторира во 2023 година, по што станува доцент на овој факултет. Освојува бројни награди во земјата и странство меѓу кои се издвојуваат трите први награди на натпреварите: „Војислав Вучковиќ“, „Петар Коњовиќ“ и „Лазар Јовановиќ“. Лауреат е на републичкиот натпревар за соло пејачи во 2003 година, а лауреат и добитник е на наградата за најдобра изведба на зададена композиција на Меѓународниот натпревар на музичката младина од Белград во 2008 година, како и на натпреварот „Елена Теодорини“ во Крајова. Во периодот 2006-2008 е стипендист на фондацијата „Музички театар“ од Виена како најперспективен глас од Балканот. Во 2009 година соработува со еден од најголемите диригенти на денешницата – Рикардо Мути со него настапува на неколку концерти во Салцбург, Равена и Фиренца, по што следува ангажман во Виенската „Штатс опера“ во сезоната 2009/10. Настапува во оперски куќи и концертни сали во Виена, Кан, Копенхаген,Темишвар, Сараево, Скопје, Дубаи, Сеул, Москва, а во моментот е постојан гостин на Националниот театар во Букурешт. Солист е во операта на Народниот театар во Белград од 2004 година, а од 2017 година е првак на оваа опера на чија сцена успешно ги изведува носечките улоги во неговиот оперски фах.

Пијанистката Наталија Мијаиловиќ е родена во 2003 година во Белград, а музичкото образование го започнува на пет годишна возраст. Средното образование го завршува во музичкото училиште „Мокрањац“, а студент е на ФМУ во Белград во класата на проф. Маја Рајковиќ. Носителка е на бројни награди од државни и меѓународни натпревари меѓу кои и лауреат на натпреварот „Мокрањац“, прва награда на пијанистичките натпревари „Славенски“ и „Петар Коњовиќ“ , а и награди од „Николај Рубинштајн“ во Париз и натпреварите „Open music competition” и „Constantine the great”. Учесник е на бројни фестивали, а посетува семинар за интерпретација на италијанска камерна музика и оперски репертоар во Торино. Ангажирана е од Белградската опера како корепетитор, а настапува солистички на сцената „Раша Плаовиќ“ во Народниот театар, во белградски „Коларац“, во Рускиот дом, во „Гварнериус“, во Италијанскиот културен центар, во музејот на Народниот театар итн.

Концертот ќе се одржува во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот.

Страшна смрт: Ја следеле навигацијата, па паднале со автомобилот од недовршен мост (ВИДЕО)

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа откако GPS-от на нивниот автомобил ги упатил да преминат преку недовршен мост, поради што излетале од работ на мостот и загинале.

Инцидентот се случил во градот Барили во Индија во саботата, кога жителите на блиското село отишле на брегот на реката и пронашле потопен автомобил заглавен во канал, пишува Метро.

По поблискиот увид мештаните биле шокирани кога ги откриле безживотните тела на тројца патници во возилото и брзо ја известиле полицијата.

По пристигнувањето на местото на несреќата, полициската истрага открила дека жртвите се враќале дома од свадба и го користеле ГПС уредот во своето возило за да се движат по патот.

Но, не знаеле дека ГПС ги упатил на недовршен мост, а поради големата брзина со која се движело возилото не можеле навреме да застанат. Наместо тоа, автомобилот паднал од височина од 7,5 метри во канал на дното на реката Рамганга и сите загинале на лице место.

Телата со брод биле пренесени во блиската мртовечница и испратени на обдукција. Подоцна починатите биле идентификувани како Каушал Кумаи, Вивек Кумар и Амит Кумар.

Сите тројца работеле како обезбедување, а наводно се обидувале да го скратат патот до куќата. Полицијата ги известила семејствата на починатите.

Незавршениот мост станал локално познат како „стапица на смртта“ откако бил уништен за време на поплавите во областа во 2022 година.

Оштетениот дел од мостот е затворен за сообраќај, но лошо поставената сообраќајна сигнализација и потпирањето на застарените дигитални мапи го направиле опасно место за возачите.

Пилот загина во авионска несреќа додека спасувал кучиња (ВИДЕО)

Пилотот Сеук Ким (49), кој е познат по тоа што волонтирал за транспорт на животни во засолништа, загина во неделата во авионска несреќа во Њујорк.

Во моментот на несреќата тој превезувал три кучиња во прифатилиштето, пишува CNN.

Сеук летал од Мериленд до Олбани, Њујорк, со три кучиња кога авионот се урнал во Виндхам, мал град во планините Кетскил, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Грин. Едно куче загинало, а две ја преживеале несреќата.

Шерифот на округот Грин, Питер Кумински рече дека видливоста била слаба за време на летот и пилотот побарал дозвола да ја промени висината поради турбуленции. Набргу потоа, повик за помош стигнал од мобилниот телефон на Ким. Доцна вечерта спасувачите го пронашле авионот чии крила биле уништени, а кокпитот и опашката тешко оштетени. Спасувачите со часови се бореле низ длабок снег за да го пронајдат авионот.

Ким бил на пат за да испорача кучиња во засолништето за животни во долината Схохари. Тој бил дел од мрежата на волонтери пилоти кои превезувале миленичиња спасени од списоците за евтаназија во засолништата во други засолништа без убиства.

„Со текот на годините, Сеук помогна да се спасат животите на стотици животни кои инаку би биле евтанизирани поради пренатрупаност во засолништата за животни“, рече извршната директорка на Шелтер во долината Схохари, Меги Прајор.

Двете преживеани кучиња се пренесени на соодветна ветеринарна заштита. Виски, кученце од микс Лабрадор, има скрши две нозе, додека Плутон, мешавина од јоркширски териер, се здобил со полесни повреди. Виски е пронајдено во дупка, која ја ископал и покрај тешките повреди, додека Плутон е пронајден на планински гребен. Долината Схохари ќе го надгледува опоравувањето на кучињата пред да ги даде на посвојување.

Бројни засолништа и пријатели на социјалните мрежи се збогуваат со загинатиот пилот. Од него со трогателна објава се прости и организацијата Happily Forever After Rescue од Конектикат.

"Тој помогна да се спасат безброј кучиња и мачки низ годините, сите како волонтер од добрината на неговото срце. Тој го правеше она што го сакаше, сè за доброто на животните. Тој беше несебична душа и ние сме толку среќни што го имавме. Зборовите не можат да ја опишат трагата што ја оставил на толку многу животи, и на две нозе и на четири нозе“, напишаа меѓу другото на Фејсбук.

Најблиските соработници на Трамп добиле смртни закани, реагирала полицијата

Неколку лица номинирани за функции во новиот кабинет и администрацијата на Доналд Трамп добиле смртни закани, објави портпаролот на новоизбраниот американски претседател.

„Заканите беа упатени во вторникот навечер и во средата наутро, а полицијата реагираше брзо за да се осигура безбедноста на предвидените цели“, рече портпаролката Керолин Левит.

Таа во изјавата рече дека „заканите се движат од закани со бомби до закани со тепање“.

„Синоќа и утринава, неколку од кандидатите за кабинетот на претседателот Трамп и именуваните од администрацијата беа цел на насилни, неамерикански закани против нивните животи и оние што живеат со нив“, рече таа.

Тројца високи службеници за спроведување на законот информирани за инцидентот изјавија за NBC News дека заканите се „не веродостојни“ и дека не се пронајдени уреди или физички закани.

Да потсетиме дека Доналд Трамп ја победи демократската кандидатка Камала Харис на изборите на 5 ноември. На 20 јануари тој ќе ја преземе функцијата претседател на САД во Белата куќа.

притисни ентер