- Кисјов е еден од најзначајните современи европски поети. Избор од неговата поезија е објавен на македонски јазик. Поезијата на Кисјов е преведувана и на англиски, италијански, француски, руски, романски, холандски, дански, турски, грчки, српски, хрватски, албански, ерменски, грузиски, хебрејски, арапски, кинески, хинду, бенгалски и на други јазици. Вклучен е во поетски антологии во Бугарија, Романија, Србија, Македонија, Индија, Нагорно-Карабах, како и во меѓународната антологија на англиски јазик „Поети од светот”. Учествувал на низа поетски фестивали, меѓу кои и на Струшките вечери на поезијата, соопшти ДПМ.
За творештвото на Роман Кисјов во македонската писателска асоцијација ќе зборуваат Ефтим Клетников и Владимир Мартиновски.