Одбележување на Европскиот ден на органодонорството

Преку едукација на медицинските лица, популацијата и медиумите до зголемување на свесноста за дарување на органи.

Ова беше главната порака на денешниот настан по повод Европскиот ден на органодонорството - 7 октомври, што беше одбележан во рамките на проектот „Поддршка на системот за трансплантација“, финансиран од европската унија. Инаку, од 2020 до март годинава, во Македонија се трансплантирани вкупно 77 органи од починат дарител, од кои 11 срца, 4 црни дроба, 38 бубрези и 24 коскени ткива.

Орбан: Ќе донесеме мигранти во Брисел и ќе ги оставиме пред канцеларијата на Европската Унија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека доколку продолжи илегалната миграција во Европа, тој ќе донесе мигранти во Брисел и ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ.

„Ќе донесеме мигранти од Будимпешта во Брисел и ќе ги оставиме пред канцелариите во Брисел.“

Неговите зборови беа придружени со громогласен аплауз од членовите на таа партија, со извици „Орбан, Орбан, Орбан“, пренесе АНСА.

„Не верувајте дека тоа е невозможно, ние сме жив пример“, додаде Орбан, потсетувајќи дека „во Унгарија бројот на мигранти е нула“, бидејќи, како што наведе, неговата земја „не ја предава својата земја на други“.

Според него, унгарските власти не дозволуваат влез на илегални мигранти во земјата.

„Ќе ги браниме границите. Оние кои сакаат да влезат мора да чекаат дозвола и тоа мора да го сторат надвор од нашите граници“, рече Орбан.

Кога станува збор за социјалната политика, „во Унгарија - таткото е маж, а мајката е жена, така ќе остане дури и ако меѓународната левица е против тоа“, нагласи тој.

„Денес Унгарија е најбезбедната земја во Европа“, заклучи Орбан.

Борел: Блискиот Исток е на раб на целосен пожар

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел денеска предупреди дека целиот Блиски Исток е на „работ на целосен пожар кој, се чини, меѓународната заедница не е во состојба да го контролира“.

На годишнината од нападот на Хамас врз Израел и почетокот на војната во Газа, Борел рече дека „ситуацијата само се влошува“.

„Луѓето во регионот се понесигурни од кога било и паднаа во бескрајна спирала на насилство, омраза и одмазда“, објави Борел.

Тој рече дека ЕУ „жали и отфрла“ каква било ескалација на насилството на Блискиот Исток, вклучително и ракетниот оган на Хезболах, израелското бомбардирање на Либан, раселувањето на над еден милион Либанци и 60.000 Израелци, зголемените тензии поради иранските ракетни напади и „загрижувачките“ случувања на Западниот Брег.

Тој нагласи дека воените операции и оружјето меѓу сите страни нема „да му донесат иднина на народот на Израел или на народот на Палестина“. „Само политичко решение ќе донесе мир, безбедност и просперитет“, рече Борел.

Мурал на потпорен ѕид долг 120 метри крај реката Пена со порака за отпорност кон поплавите

Потпорниот ѕид изграден за спречување на лизгање на земјиштето во близина на ХЕЦ Пена, покрај тоа што обезбедува сигурност за возилата и пешаците, трансформиран е и во дело на уличната уметност.

Потпорниот ѕид изграден за спречување на лизгање на земјиштето во близина на ХЕЦ Пена, покрај тоа што обезбедува сигурност за возилата и пешаците, трансформиран е и во дело на уличната уметност, преку голем мурал кој пренесува порака за отпорност и единство во заедниците соочени со катастрофи.

Муралот е изработен како дел од серијата активности кои УНДП ќе ги спроведе за одбележување на меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи, 13-ти октомври.

На претставувањето на муралот нацртан по целата должина на ѕидот долг 120 метри денеска присуствуваа Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), Армен Григорјан и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

„Овој ѕид е одлично направен и обезбедува безбедно одвивање на сообраќајот и движење на граѓаните на Тетово кон Бањиче, популарна рекреативна дестинација. Но, беше сив и ние сакавме да го разубавиме, но и да испратиме значајна порака за отпорност и единство во заедниците соочени со ризик од катастрофи “, изјави Григорјан.

„Големо задоволство е да се биде тука со нашите партнери од УНДП, на презентацијата на овој мурал, во чија подготовка учествуваа и повеќе млади лица. Заедно спроведуваме значајни активности со кои сакаме во Полог да ја засилиме отпорноста кон поплавите и нашите заедници да ги направиме поотпорни на катастрофи“, рече Касами.

Инспирација за приказната претставена на муралот, уметниците најдоа во цртежите кои ги изработија учениците од повеќе основни училишта во Тетовско, на работилниците организирани од УНДП.

Ѕидот кој послужи како платно за уличните уметници е изграден во рамки на проектот за „Подобрување на отпорноста кон поплавите во Полошкиот регион“, финансиран од Швајцарија, кој Програмата за развој на Обединетите нации го спроведува во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините во регионот, соопштуваат од УНДП.

притисни ентер