Србљак со најголем скок од македонските тенисери, Мареј број 1 на АТП листата

Од македонските тенисери најголем скок на АТП листата на последната промена објавена денеска има Горазд Србљак. Тој со бодот освоен на фјучрсот во Норвешка се искачи за 76 места и има вкупно 5 бодови.


Србљак сега се наоѓа на 1.262 место.

Најдобар ранг од нашите тенисери има Томислав Јотовски со 26 бодови, се наоѓа на 765 место. Димитар Грабул е на 998 место со 11 бодови, додека Бојан Јанкуловски (1.764 место) и Стефан Мицов (2.057 место) имаат по еден бод.

На врвот на АТП листата Енди Мареј го симна од „врвот“ Новак Ѓоковиќ, кој беше на првото место 122 недели (Ѓоковиќ има вкупно 223 недели како број 1). Мареј сега е прв со 11.185 бодови, а Ѓоковиќ има 10.780.

Во ТОП 10 редоследот е следен: Стан Вавринка, Милош Раониќ, Кеи Нишикори, Гаел Монфис, Марин Чилиќ, Рафаел Надал, Доминик Тием и Томаш Бердих. Мареј е 26-тиот тенисер кој е на местото број 1 на АТП листата.

Голем пад има Рожер Федерер, кој со 2.130 бодови се наоѓа на 16. место и првпат по 2000 година не се наоѓа меѓу десетте најдобри тенисери. Федерер последниот меч во 2016 година го одигра на полуфиналето на Вимблдон, а поради повреди направи пауза.

Фјури побара реванш, Усик прифати

Британскиот боксер Тајсон Фјури, по поразот од Украинецот Олександр Усик во главниот меч на боксерската вечер во Ријад, потсети на клаузулата во договорот која предвидува реванш.

По објавувањето на резултатот, боксерите разговараа за одржување на реванш во октомври.

Усик, кој стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век, одговори: „Подготвен сум“.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој освои 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Триесет и седумгодишниот Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

Иранската државна телевизија објави дека хеликоптерот, со кој се превезувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“.

Телевизијата не соопшти детали за инцидентот, само дека спасувачи се обидуваат да стигнат до хеликоптерот со кој се превезуваа Раиси и други функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.

Раиси патувал во иранската провинција Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

Сафади: Јордан бара меѓународна истрага за можни воени злосторства во Газа

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади денеска соопшти дека неговата земја бара меѓународна истрага за наводните бројни воени злосторства извршени за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Сафади, кој денеска во Аман се сретна со шефот на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци (УНРВА) Филипe Лазарини, на заедничката прес-конференција рече дека одговорните за документираните злосторства треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Минатиот месец, Советот за човекови права на Обединетите нации усвои резолуција со која Израел се повикува на одговорност за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.

За резолуцијата гласаа 28 земји, 13 беа воздржани, а шест гласаа против резолуцијата, вклучително и САД и Германија.

Резолуцијата ја нагласува „потребата да се обезбеди одговорност за сите прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за заштита на човековите права со цел да се стави крај на неказнивоста“. /МИА

притисни ентер