Спуштена завесата на 13. Фестивал на античка драма „Стоби“

Со прогласување на најдобрите и доделување на наградите доцна синоќа на сцената на амфитеатарот во Стоби заврши 13. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“.

Според жири комисијата на фестивалот во состав Драган Спасов-Дац претседател и Кети Борисовска и Венко Серафимовски членови, трите од четирите награди на фестивалот за најдобар актер и актерка ги добија членовите од Театарот Комедија од Скопје Жарко Димовски и Нина Деан за улогите во претставата „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир, а за режија за истоимената претстава режисерот Дејан Пројковски.

Спасов истакна дека наградата на Димовски за улогата на Клаудио му се доделува заради различните амплитуди, преку кои ликот градира и се трансформира со што ја воодушевил публиката.

- Токму на таа оска се потенцира талентот на актерот, кој за потребите на претставата преку еден концентриран израз, полн со жива енергија, гради многуслоен херој на сцената. Преку танцот, пеењето и јасниот емоционален израз гледачот добива чувство за ретко комплетен актер од младата генерација актери на македонската театарска сцена, појасни Спасов.

Наградата за најдобра актерка Нина Деан ја доби за изведбата на улогата на Бетрич.

- Нина Деан, актер кој со голема точност, енергичност, концентрираност и посветеност, ја носи на сцената улогата на Беатриче. Многуслојноста на ликот, кој Нина Деан на автентичен начин го носи на сцената, од друга страна, мошне јасно остава чувство на восхит со кој гледачот го напушта театарскиот простор, рече Спасов.

За режијата на Пројковски за претставата „Многу врева за ништо“, од жирито посочуваат дека импресионира со својата визија, оригиналниот приод пришто не користи занаетски шаблони.

Гран при за најдобра претстава на 13. ИФАД „Стоби“ ја понесе претставата „Медеа“ на Музичкиот и театарски центар Ајгил Иманбаева од Казахстан.

- Целосна театарска претстава, уметнички чин од највисок ранг кој зборува на универзалниот јазик на емоциите и состојбите, донесен пред публиката преку многу јасна симболика, со уникатна режисерска естетика и актерка, која на сцената создава експлозија од состојби и дејства, кои удираат врз публиката подеднакво силно како и морето од крв врз кое се случува „Медеа“. Татарски настан пар екселанс, претстава со неверојатен внатрешен живот, „Медеа“ во вистинска смисла на значењето, потенцираше Спасов.

Во нивно отсуство наградата ќе биде испратена до театарот во Казахстан, информира Драган Спасов Дац.

Во изјавата за медиумите Нина Деан потенцира дека како млада актерка наградата ја чувствува како нешто преголемо за неа и многу и значи.

- Станува збор за лик, кој е многу тежок и иако е комедија носи сериозност бидејќи е комплексно напишан. Затоа наградата уште повеќе ми значи, потенцира Деан на која оваа и е трета награда во кариерата.

На актерот Димовски, кој досега остварил 23 актерски улоги ова е негова прва актерска награда и затоа, рече, е посебно горд на неа.

- Ова е големо признание за мене и затоа што е прво и многу слатко искуство и затоа им посакувам на сите мои колеги да го почувствуваат, потенцира Димовски.

Тој воедно со неа очекува и понатамошен пробив на театарската сцена во Македонија и странство.

Зоран Љутков директорот на фестивалот ИФАД „Стоби“ оцени дека ова е успешно издание на ИФАД „Стоби“. За вгодина најави поголем број претстави како и гостување на повеќе странски театарски ансамбли.

Во чест на наградените, актерите на Велешкиот народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ја изведоа претставата „Кралот Лир“ во режија на Ѕвезда Ангеловска. /МИА

Двајца загинати, 21 повреден во нападот со нож во кинеска болница

Две лица загинаа, а 21 се повредени во напад во болница во југозападна Кина, јави ДПА.

Полицијата во округот Женксионг, во југозападната провинција Јунан, денеска соопшти дека маж од локално село ги извршил нападите со нож непосредно пред пладне.

Нема дополнителни информации за можните мотиви за нападот, ниту за идентитетот на жртвите.

Кинеските државни медиуми претходно објавија за 10 жртви, без да го прецизираат бројот на загинати и ранети.

На кинеската платформа за социјални медиуми Веибо кружеа видеа на кои се гледа апсењето на осомничениот сторител.

На други слики од местото на настанот се гледаат повредени жртви на земја. Полицијата соопшти дека повредените се пренесени во болница.

Обвинителството отвори истрага за инцидентот, соопшти полицијата.

Си Џинпинг во 2-дневна посета на Белград, ќе биде пречекан од авиони МИГ-29

Со кинески знамиња и билборди со пораки за добредојде испишани на кинески јазик, Белград го пречекува кинескиот претседател Си Џинпинг, кој вечерва пристигнува во дводневна посета на Србија.

Безмалку три и пол илјади полицајци се ангажирани за безбедноста на џинпинг, кој според најавите, доаѓа со 400 члена делегација.

Кинескиот лидер ќе го пречекаат и српските борбени авиони МИГ-29, кои ќе го придружуваат неговиот авион од српската границата до Белград, а потоа на враќање ќе го испратат.

За време на посетата на Србија Си Џинпинг со неговиот домаќин претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе разговараат за широк спектар на теми - од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.

На состаноците се очекува да бидат потпишани над 30 договори од различни сфери..

Протест пред Берлинскиот слободен универзитет во знак на солидарност со Појасот Газа

 Пропалестинските активисти денеска протестираа пред Берлинскиот слободен универзитет, апелирајќи на студентски отпор низ Германија во знак на солидарност со луѓето во Појасот Газа.

Според процените на портпаролката на Универзитетот во протестите учествувале од 80 до 100 луѓе.

Активистите на групата Студентска коалиција Берлин повикаа на запоседнување на германските универзитети и побараа крај на „колонијалното угнетување“.

Околу 150 активисти на 3 мај протестираа пред Универзитетот Хумболт во Берлин.

Повеќе од две недели на голем број универзитети во САД, во Велика Британија и други земји има протести против израелската офанзива врз Појасот Газа./МИА

притисни ентер