Спасовски-Герберих: Направени се историски исчекори,Владата успешно се справува со здравствената криза

Претседателот на Владата на Република Македонија, Оливер Спасовски се сретна со Томас Герберих, амбасадорот на Сојузна Република Германија кој го завршува својот мандат во нашата држава. 

На средбата се поздравени историските исчекори на Република Македонија во демократските процеси, добрососедските односи, членството во НАТО и отворените европски перспективи со одлуката на ЕУ за почеток на преговорите на Република Македонија со Европската унија, што се постигнати изминатиов период со храбро лидерство и голема политичка волја.

Премиерот Спасовски изрази благодарност до канцеларката Меркел, до германската Влада, до амбасадорот Герберих и до германската амбасада за огромната поддршка во сите специфични процеси во нашата држава, за искреното и големо пријателство од Сојузна Република Германија, како и од сите земји членки на ЕУ, со што позитивните резултати од овие големи процеси станаа реалност.

„Ви ја врачувам оваа плакета, како знак на огромна благодарност за сè што направивте лично и како претставник на нашиот голем пријател, Сојузна Република Германија, за Република Македонија и за нашите национални интереси", рече премиерот Спасовски.

На средбата е поздравена работата на Владата, за време на здравствената криза, како успешно справување со ситуацијата.

„Направивме сè да го заштитиме јавното здравје и да обезбедиме функционалност на здравствениот систем и покажавме дека, ако се сака институциите можат да функционираат. Ќе продолжиме со грижата за граѓаните и за државата", рече премиерот Спасовски.

Тој се заблагодари за поддршката од Германија и од ЕУ на нашата земја, во надминувањето на предизвиците од здравствената криза.

На состанокот се споделени информации и оценки околу можното траење на пандемијата и мерките за здравствена заштита што ќе се преземаат во услови на можно релаксирање на рестрикциите на движење.

Разговарано е и за други актуелни прашања. Оценето е дека Република Македонија покажала дека е вистинска демократска земја и очекувањата се дека низ реформските процеси ќе продолжи да се развива во таа насока, стои во соопштението од Влада на РМ.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер