Совети за помалку стресно прво родителство

За оние кои претходно не биле родители, обично родителството е вистински предизвик. 

Сепак, како и со многу работи во животот, се учи и од грешките. Следат неколку такви грешки типични за новопечените родители околу воспитувањето на децата.

Несподелување одговорности

Бебињата се создаваат и израснуваат благодарение на двајца. Доколку ја има оваа можност, логично би било и двајцата родители да учествуваат во грижата за детето. Така и мајката и таткото ќе го добијат слободното време.

Не уживате во моментот?

Во напорот да се биде „совршен“ родител, често се заборава уживањето во мигот. Внимавајте да не го доживеете сознанието дека Вашето дете пораснало без „да знаете“ и да се сеќавате како тоа се случило.

Неоправдани стравови

Честопати новите родители, просто, постојано мислат на најлошото - што ако се случи тешко породување, компликации, непроспиени ноќи итн.? Иако внимателноста и умерената, разумна претпазливост се нормална, природна работа, опседнатоста со сѐ најлошо што би можело да се случи е сосема погрешно. Тоа е еден вид параноја.

Паника поради ситниците

Почетните фази на родителството обично се хаотични и обележани со паника. Меѓутоа, мора да се опуштите, бидејќи човечки е и да се погреши, и да се научи нешто ново, а паниката само ќе ја влоши секоја нова неочекувана случка.

Го игнорирате партнерот?

Кога станува збор за врската меѓу партнерите, родителството може да го земе својот данок. Многумина се толку опседнати со грижата за своето новороденче, така што забораваат на потребите на партнерот.

Не се грижите за себе?

Можеби една од најчестите грешки е игнорирањето на сопствените потреби - за време и по бременоста. Сосем е во ред да се биде и малку себичен.

Верувате во сѐ што советуваат другите луѓе

Сосема е јасно и очекувано дека се учи многу од луѓето кои се поискусни во животниот предизвик наречен прво родителство. Но, не му верувајте секому и во сѐ што ќе ви кажат. Секој случај е приказна сама за себе. /МИА

Од понеделник благо опаѓање на температурите и краткотрајни поројни врнежи

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

И викендов земјава ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што ќе преовладува претежно сончево и натпросечно топло време, но од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање.

Како што информира УХМР, утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде од 15 до 23, а максималната од 33 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Мисијата на Иран во ОН: Хезболах е способен да се брани себеси и Либан од Израел

Иранската мисија во Обединетите нации денеска соопшти дека либанското движење Хезболах е способно да се брани себеси и Либан од Израел.

Иранската мисија во ОН предупреди на платформата Икс дека можеби е дојдено време за самоуништување на израелскиот „нелегитимен режим“.

„Секоја непромислена одлука на окупаторскиот израелски режим да се спаси може да го турне регионот во нова војна“, истакна иранската мисија во ОН./МИА

Најмалку 32 Палестинци загинаа во израелските напади врз Рафа

Најмалку 32 Палестинци загинаа денеска во нападите на израелските сили врз Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, како и врз други области низ енклавата, јавија светските агенции, повикувајќи се на жители на Рафа и израелската армија (ИДФ).

Жителите велат дека Израелците изгледа се обидуваат да го завршат заземањето на Рафа, кој е во фокусот на израелската офанзива од почетокот на мај.

Тенковите се пробиваат во западните и северните делови на градот, а израелските војници веќе ги окупираа истокот, југот и центарот.

Израелските сили нападнаа од авиони, тенкови и бродови од брегот, предизвикувајќи нов бран на раселување од градот, кој засолни повеќе од милион раселени лица, од кои повеќето беа принудени повторно да избегаат. /МИА

притисни ентер