Со скок без аплауз одбележана годишнината од уривањето на мостот во Мостар (ВИДЕО)

26-годишнината од уривањето на Стариот мост се одбележа денеска во Мостар со фрлање цвеќе во реката Неретва и симболичен скок на Јасмина Кресо во 10:16 часот.

Како и секоја година, клубот на скокачи во вода , „МоСтари“ ја одбележа годишнината од уривањето во точно време кога славниот мост падна во реката Неретва , погоден од граната во војната во поранешна Југославија.

Стариот мост беше уништен во гранатирање од страна на хрватската војска на 9 ноември 1993 година. За време на нападот, целото старо јадро е уништено, вклучувајќи неколку монументални џамии, медреси и единствениот амам во Херцеговина.

Самото уривање започна дваесет дена порано, а на 8 ноември мостот беше интензивно стрелан од блиските планини. Гранатите паднале и на кулите Тара и Халебинка, кои се еден вид статички засилувачи на мостот. После дводневно интензивно гранатирање во 10:16 на 9 ноември, падна главното ремек дело на Мимар Хајрудин, симболот на Мостар.

Инаку, мостот бил изграден по наредба на султанот Сулејман Величествен меѓу 1557 и 1566 година, а изградбата му била доверена на истанбулскиот архитект Мимар Хајрудин.

Реконструкцијата на мостот, финансиран од Турција, Хрватска, Холандија, Светската банка, Европската банка за обнова и развој и градот Мостар, започна во 2003 година и беше завршен во јули 2004 година. Една година подоцна, Стариот мост и Стариот град Мостар се воведени на списокот на УНЕСКО за културно наследство.

Полицијата изврши претрес во бриселската канцеларија на европратеникот од АфД, Крах

Случајот со вработениот во Крах предизвика загриженост во Европа за кинеските шпионски активности. Германија, исто така, уапси три лица минатиот месец за пренос на чувствителна технологија за воени цели во Кина.

Германските истражители денеска наредија претрес на канцеларијата во Брисел на европратеникот на екстремната десница Алтернатива за Германија (АфД) Максимилијан Крах, откако неговиот помошник беше уапсен минатиот месец под сомнение дека шпионирал за Кина.

Случајот со вработениот во Крах предизвика загриженост во Европа за кинеските шпионски активности. Германија, исто така, уапси три лица минатиот месец за пренос на чувствителна технологија за воени цели во Кина.

Случајот ја намали поддршката на АфД во анкетите пред европските избори во јуни. Крах е водечки кандидат на таа партија.

Мерките се дел од постапката против Џијан Г. поради сомнение дека дејствувал како разузнавач, соопшти германското обвинителство, додавајќи дека претресите биле извршени и во канцеларијата на Крах и во канцеларијата на неговиот помошник.

Еден од становите на помошникот бил претресен на 24 април, соопштија истражителите.

Крах на Х го потврди претресот на канцеларијата на неговиот поранешен вработен.

- Ова се очекуваше по неговото апсење и затоа воопшто не изненадува. Ниту јас, ниту вработените не сме опфатени со тоа, напиша тој.

Нови цени на бензините

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70% во однос на одлуката од 29.4.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,438%, кај дизелот за 2,100%, кај екстра лесното масло за 2,605% и кај мазутот намалувањето е за 1,907%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,407%

Од 8.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 88,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,832 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,829 ден/кг и сега ќе изнесува 45,832 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.5.2024 година, стои во соопштението од РКЕ.

Барселона е заинтересирана за Дарвин Нуњез

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез може да ја продолжи кариерата во Шпанија, пренесува „The Sun“.

Според британскиот весник, Барселона е заинтересирана за 24-годишниот Уругваец. Каталонскиот клуб го гледа напаѓачот како замена за Роберт Левандовски.

Оваа сезона Нуњез одигра 52 натпревари, постигна 18 голови и 13 асистенции.

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 70 милиони евра.

притисни ентер