Таа ја објави својата одлука на социјалните мрежи, истакнувајќи дека „работата за која дојде сега е завршена“, наведувајќи ги успесите на републиканците во собирањето средства и излезноста на гласачите.
Таа не го прецизира нејзиниот следен потег, но некои сојузници на Трамп лобираа таа да го замени сенаторот Марко Рубио, кого Трамп го номинираше за државен секретар на САД. Доколку Сенатот го потврди Рубио како американски дипломат, гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, лично ќе избере замена за да го отслужи остатокот од шестгодишниот мандат на сенаторот, кој завршува во 2028 година.
Во интервју за Асошиејтед прес, Лара Трамп призна дека би била подготвена да ја преземе функцијата во Сенатот. Таа беше избрана за потпретседател на Националниот одбор во март. Заедно со нејзиниот сопруг Ерик и неговиот постар брат Дон Џ.Р., Лара Трамп се позиционираше како една од главните фигури на кампањата на Трамп.
„Службата како потпретседател на Републиканската партија за време на најпоследните избори во американската историја навистина беше чест на мојот живот“, напиша Лара Трамп на X, пренесува Би-Би-Си.
Таа му се заблагодари и на својот свекор, истакнувајќи „Толку сме горди на тебе и благодарна сум што ми веруваше на оваа позиција“. Неколку републиканци, вклучувајќи го и сенаторот Рик Скот од Флорида, јавно ја поддржаа како замена за Рубио.
Минатиот месец, Меј Маск, мајка на блискиот сојузник на Трамп, Илон Маск, ѝ даде на Лара Трамп експлицитна поддршка за Сенатот, пишувајќи на X: „Следниот сенатор за Флорида треба да биде Лара Трамп. Сенатот е клуб на старци. Очајно ни треба паметна, млада жена која ќе ги открие нивните тајни“.
Илон Маск одговори на објавата: „Лара Трамп е навистина прекрасна“.