Случај Саздовски: Обвинителството го преквалификуваше делото во „убиство“

На тројцата напаѓачи на 21 годишниот Никола Саздовски сега на товар им се става кривичното дело убиство извршено на свиреп начин. 

Скопското Обвинителство го преиначи кривичното делото од „насилство“ со смртни последици, во „убиство“, по член 123 од кривичниот закон, информираа од ОЈО. Според кривичниот законик, делото носи најмала затворска казна од 10 години.

„Ваквата одлука на јавниот обвинител следи откако во текот на истражната постапка беа обезбедени вербални и материјални докази, односно беа испитани повеќе сведоци, беше прибавен обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а особено по изготвеното судско-медицинско вештачење извршено по наредба на јавен обвинител од страна на истиот институт“, соопштија од ОЈО.

Вештачењето од Судска медицина, кое стаса во Обвинителството, ги опишува карактерот на здобиените повреди и како тоа влијаело за смртта на Саздовски. Но од ОЈО не информираа од што почина младото момче. Канал 5 пред една недела објави дека во извештајот од судска медицина пишува дека Саздовски починал од повреди на мозокот. Во меѓувреме, двајцата осомничени кои се во привор во скопскиот истражен затвор ќе бидат повикани во Обвинителството за да дадат одбрана за кривичното дело „убиство“. Јавниот обвинител ќе издаде наредба тие да бидат испратени на медицинско психијатриско вештачење.

ОЈО Скопје се сомнева дека третиот напаѓач е излезен од границите на Македонија, бара од МВР, покрај домашна, да биде распишана и меѓународна потерница.

Вчера, на протестен марш излегоа од навивачката група „Комити“ за прерано починатиот Никола Саздовски. За него побараа неселективна правда.

Православните верници ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението

Православните христијани денеска ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението... Вечерва во сите православни храмови во земјава ќе се објави христовото Воскресение... 

Велика сабота, ден на кој според Христијанското учење се спојува тагата за Исусовото распнување и радоста која ќе следи за Неговото воскресение. Денеска православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден. Тие уште наутро ги посетуваат храмовите каде со желби за здравје, среќа и мир ја слушаат литургијата и се причестуваат.

Здравје прво за сите па за другото не сме многу за жалење.

Најубав ден што може да постои, среќа и само убави работи да се случуваат, мир.

Радост среќа, здравје се за мене значи. Секоја година откако знам за себе јајца фарбам, во црква одам

Тие се за мене сите најубави празници, 00:57 Се нека даде Господ убаво, здравје Велигден да биде за секого.

Велика сабота е втор ден на тага, жалост и молк за Христијаните. Отец Антонио Апостолски објаснува дека Велика сабота е ден на покојот и на исчекувањето, време кога верниците се одаваат на пост и молитва, чекајќи го Христовото воскресение- Велигден, кој според Христијанските преданија е триумф на животот над смртта и доброто над злото.

„Целиот ден се одаваме на некој начин на молитви, на пост, доаѓаме во црквата, одаваме чест на настаните кои што се случиле и всушност се трудиме да бидеме во една духовна молитвена атмосфера која што после тоа ќе се претвори во радост затоа што ќе го дочекаме за неколку часа Христовото воскресение.“

Христовото воскресение – Велигден верниците вечерва го дочекуваат во црквите. Секој од нив со себе носи црвено велигденско јајце. Пред полноќ сите присутни три пати ја обиколуваат црквата, а точно на полноќ си подаваат рака со поздравот „Христос воскресе“, „Навистина воскресе“. Потоа верниците традиционално се кршат со вапсаните велигденски јајца со што завршува 7 неделниот пост.

НАТО ги започна досега најголемите воени вежби, реагира Русија: Тоа е подготовка за војна

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“, се доказ дека Алијансата се подготвува за потенцијален конфликт со Русија.

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“, се доказ дека Алијансата се подготвува за потенцијален конфликт со Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Захарова неделава ги отфрли обвинувањата на НАТО дека Русија води хибридна војна против нејзините членки, тврдејќи дека тоа е дезинформација со цел да се одвлече вниманието од активностите на алијансата.

„НАТО е тој што води хибридна војна против Русија, поддржувајќи ја Украина со оружје, разузнавачки информации и финансии, рече таа.

„Во моментов, најголемата вежба на НАТО од Студената војна, Непопустлив бранител, се одржува во близина на руските граници. Според нивното сценарио, акциите на коалицијата против Русија се практикуваат со користење на сите инструменти, вклучително и хибридно и конвенционално оружје“, продолжи Захарова.

„Мора да признаеме дека НАТО сериозно се подготвува за потенцијален конфликт со нас“, рече Захарова.

Најавувајќи го почетокот на вежбите во јануари, НАТО најави дека на нив ќе учествуваат 90.000 војници, кои ќе го вежбаат сценариото како американските сили да им помагаат на Европејците во земјите кои граничат со Русија и на источното крило на алијансата доколку конфликтот се разгори.

Вежбите ќе траат до мај, пишува Ројтерс.

Светна Благотаниот оган во храмот на Христосовото Воскресение во Ерусалим

Во црквата на Воскресението Христово во Ерусалим, се појави чудотворниот благодатен оган.

Ерусалимскиот патријарх Теофил Трети излезе од Едикулата и почна да им го дели на народот пламенот, кој, како што се верува, настанал со чудо, по молитва.

Овој храм е едно од најважните христијански светилишта и во него, во пресрет на Велигден, се појавува Благодатниот оган.

Според традицијата, црквата била изградена токму на местото на распнувањето, погребот и воскресението на Исус Христос.

За слегувањето на благодатниот оган зборувал и апостол Петар.

Обредот на наметнување оган се врши откако претходно се провери дека никој не донел запалувачки агенс во храмот. Потоа следи призивот на Светиот Дух.

Ерусалимскиот патријарх прв го прими огнот на својата свеќа и им го предаде на останатите. Огнот при допир наводно не предизвикува изгореници, ниту пак се чувствува жешко.

притисни ентер