Ристовски: Споменот на Делчев мора да го одржиме жив, немојте да си играте со образот и честа

„Ова е денот кога се сеќаваме на Великото дело на нашиот револуционер Гоце Делчев, денес е споменот на неговото вековно дело кое остави неизбришлива трага во духот на македонскиот народ. “

Тој е во суштината, континуитетот на вековната борба на македонскиот народ за своја национална слобода и за своја држава. Споменот на Гоце Делчев мора да го одржиме жив во срцата и во душите на генерациите денес, но и како аманет да го оставиме за нашите генерации и потомства утре“, изјави носителот на листата во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија и претседател на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски по средбата со граѓаните во Градско.

Ристовски упати порака и опомена до двата престедателски кандидати, но и до сите идни пратеници во македонскиот парламент.

„Вие можете да си ги продадете образот и честа за 30 сребреници но сама да знаете според Библијата во мираз ќе добиете проклетство до седмо колено. Немојте да си играте со образот и честа на македонскиот народ, не чепкајте во Уставот, во светињата во него, во таа вековна борба на македонскиот народ за национална слобода. Немојте да чепкате во државотворната позиција на македонскиот народ, немојте да си играте со судбината на Македонците во својата татковина Македонија. Бидете свои на своето. Македонија навистина во својот Устав е дефинирана како држава која е круна на вековната борба на македонскиот народ за своја самобитност, за свој нација, за своја држава за своја национална слобода“, рече Ристовски.

Тој упати и порака до јавноста.

„Пораката до македонската јавност е внимавајте кому ќе го доверите својот глас во среда на 8 мај, размислете пред да заокружите, ние сакаме да ве повикаме во името на тие 53 проценти неопределни, но и на сите вас кои сте одлучиле да гласате, заокружете број 3 за да добиете бедем и бастион во македонскиот парламент кој ќе се грижи и ќе го чува македонскиот национален интерес“.

Јордан Николов, носител на листата во ИЕ3 на Коалицијата Храбро за Македонија по средбата со граѓаните во Градско и со земјоделците ги пренесе нивните поплаки дека нема пласман за земјоделските производи.

„Тие истакнаа дека го паметат времето од стара Југославија кога имаа сигурен пласман за нивните производи. Денес после 30 години земјоделците немаат пласман за нивните производи, ние ќе ги решиме овие проблеми, ќе работиме заедно со земјоделците, заедно ќе помогнеме водата која е насушен ресурс да биде дадена на земјоделците кога е најпотребна. Кога имаат потреба да го предадат својот откуп во откупните центри, да најдеме пласман за нивните производи. Заедно ќе работиме да ја обновиме механизацијата, а заедно и ќе работиме на селскиот туризам и да го подигнеме овој крај сите заедно, рече Николов, се наведува во партиското соопштение.

Во Охрид почина деветмесечно бебе: Било донесено во неконтактибилна состојба

Деветмесечно бебе почина во општата болница во Охрид.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. Бебето претходно со итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба, вели Димоски.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвиниел телото е дадено на обдукција.

Ова е втора трагедија во Охрид последните неколку дена... Во вторникот во специјализираната болница „Свети Еразмо“ почина и седуммесечно бебе од Вевчани, кое било донесено со хематом на главата и потврдено мозочно крварење, по пад од импровизиран кревет во домот на семејството.

Со кабинетот на претседателката на Македонија ќе раководат Божинов и Момировски

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за генерален секретар на својот кабинет го именувала Ѓорѓи Божинов, правник кој работел во министерството за земјоделство, а за негов заменик новинарот Горан Момировски.

Од функциите се разрешени генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров, кои беа ангажирани во мандатот на доскорешниот претседател стево Пендаровски.

Од кабинетот на претедателката соопштија дека генералниот секретар Ѓорги Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, процесите на јавни набавки, програмите за финансиска поддршка, како и примена и хармонизација на легислативата на Европската Унија во овие области.

Момировски пак, е долгогодишен новинар, соработник на Сиљановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година.

Фонсека подготвен да стане нов тренер на Милан

Тренерот на Лил, Пауло Фонсека се согласи да го води Милан од следната сезона, објави новинарот Николо Шира на Икс.

Италијанскиот клуб е подготвен да потпише договор со 51-годишниот Португалец до 2026 година.

Конечната одлука ќе биде донесена следната недела.

Фонсека е во Лил од 2022 година. Под негово водство тимот оваа сезона постигна 58 бодови и пред одигрување на последното коло се наоѓа на 3. место во поредокот. /МИА

притисни ентер