Славниот Агуеро се маскирал за да игра на покер турнир и го победил поранешниот светски првак

Серхио Агуеро (35) е еден од најдобрите напаѓачи на модерната ера.

Славниот Аргентинец во кариерата настапуваше за Индепендиенте, Атлетико, Манчестер Сити и Барселона, а за аргентинската репрезентација одигра 101 натпревар и постигна 41 гол. Со Атлетико ја освои Лигата на Европа, а најславните денови ги помина во Сити со кој пет пати беше шампион на Англија.

Тој го постигна голот за 3-2 против КПР во судиското надополнување со кое Сити ја освои титулата во 2012 година. Последните денови од кариерата Агуеро ги помина во Барселона, каде што се пензионираше во 2021 година поради сериозни проблеми со срцето.

„Сан“ ја објави веста дека на Агуеро му оди многу добро во покер и дека славел на последниот GGPoker турнир и како главна награда зел 50 илјади евра. На тој турнир учествувале многу познати покер имиња, а главна ѕвезда бил Демијан Салас, играч кој во кариерата заработил повеќе од 3,5 милиони евра.

Агуеро го победил во игра на хед-ап покер, формат кој се состои од само двајца играчи кои се натпреваруваат еден против друг. Во текот на целиот турнир, Агуеро носел горен дел со качулка и очила за сонце за да го скрие својот идентитет. Но, на крајот новинарите го препознаа.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

притисни ентер