Славната „домаќинка“ гордо шета со својот целулит и стрии!

Во петтата деценија носи бикини без комплекс – Ова е природна жена!

Ева Лонгорија е една од славните жени која не крие дека не изгледа совршено.

Ева Лонгорија не се двоуми да го покаже своето природно издание, без оглед дали станува збор за нејзиното лице без шминка, или нејзиното тело.

Судејќи по новите фотографии на папараците кои се појавија во јавноста, Ева, изгледа природно и опуштено иако, како повеќето жени, ги има истите „проблеми и маки“.

Таа е фотографирана на одмор во Марбеља додека задоволно шета под сонцето во сино бикини, гордо покажувајќи го своето природно тело. Иако сме навикнати да ја гледаме во одлични изданија, затегната и со шминка, сепак таа во својата 49 година се одлучила за бикини кое го открива нејзиното стомаче, целулит и стрии, докажувајќи дека не им робува на стандардите за убавина, туку се прифаќа себеси токму таква каква што е.

Актерката додека ужива на плажа со својот сопруг Хозе Антонио Бастон и нивниот син Сантјаго, од сонцето се заштитила со очила и шапка. Во еден момент, додека шета по плажата, таа носи и бела кошула и разговара со порториканскиот актер Амори Ноласко.

Дека одморот со семејството ѝ годи, таа покажува играјќи си со синот на плажа, додека окото на камерата во еден момент успеала да го сними и страсниот бакнеж со нејзиниот сопруг.

Семејството не крие дека ужива во Марбеља, каде се пресели минатата година од Лос Анџелес. Ева и Хозе купиле огромна вила со шест спални соби и седум бањи, додека нивната вила во Беверли Хилс ја ставиле на продажба. Цената на вилата ја намалиле од 22,8 на 18,9 милиони долари, пренесува Дејли мејл.

Животот на Ева Лонгорија во Лос Анџелес стана премногу бурен, па парот одлучил нивното дете да расте во помирна средина, опкружен со природата, далеку од холивудскиот „метеж“.

Ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ е во брак со својот сопруг од 2016 година и тие важат за еден од најатрактивните парови во Холивуд.

Во еден ден му извадиле 20 заби и му вградиле 12 импланти- се вратил дома и починал

Жителка на кинескиот град Јонгканг, неодамна поднела жалба до Општинското здравствено биро, а по смртта на нејзиниот татко.

Г-ѓа Шу наведува дека на несреќниот човек во еден ден во локалната стоматолошка клиника му биле извадени 20 заби и вградени 12 импланти. Таа тврди дека тоа ја предизвикало неговата прерана смрт 13 дена подоцна.

Ќерката тврди дека таткото во последните денови од животот претрпел „страшни болки“, пред да доживее срцев удар на 28 август, пренесува Oddity Central.

Таа бара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според писмената согласност на пациентот, на мажот му биле извадени природните заби, по што на вилицата му биле дупнати 12 дупки за импланти.

Претставникот на клиниката, каде што била извршена процедурата, објаснува дека бројот на заби кои може да се вадат одеднаш го одредува лекарот, врз основа на општата состојба на пациентот.

Не постои специфична регулатива, а клиниката и лекарот мора да ја имаат предвид толеранцијата на болката на пациентот и ризикот од инфекција.

„Колку повеќе заби отстранувате, толку повеќе пациентот реагира на болка и поголема е веројатноста за постоперативна инфекција“, рече Ксијанг Гуолин, директор на Центарот за орална медицина во Вухан.

Истрагата е во тек, но претставник на Општинското биро за здравство изјави дека „докажувањето на вината може да биде тешко“, со оглед на тоа што смртта настапила 13 дена по постапката.

Ужас во Франција: Маж си ја убил сопругата и двете мали деца, на една и 5- годишна возраст

Во Морман, во Сена-ет-Марн, во областа Ил-д-Франс, е уапсен човек кој рекол дека штотуку го убил „своето семејство“.

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност, кој одел на работа, видел маж вооружен со нож како напаѓа друг минувач на улицата, објави ТВ БФМ.

Пешакот е повреден во раката, а другиот во вратот, „и двајцата без значителни последици“, изјави обвинителот Жан Мишел Бурле.

Полицаецот успеал да го стави под контрола и да го уапси.

Потоа рече дека штотуку го убил „своето семејство“, сопругата и двете деца на една и петгодишна возраст.

Осомничениот нема криминално досие, туку „психијатриска историја“, додаде обвинителот.

Тој во моментов е хоспитализиран за да се утврди дали е способен да биде во притвор.Отворена е истрага за убиство со умисла, соопшти обвинителот.

Во Франција во просек се случува фемицид на секои три дена.

Во 2023 година, родителите убиле повеќе од 60 деца, според Voa d-lanfan, здружение кое брои убиства врз основа на случаи објавени во медиумите.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

притисни ентер