Скопските улици празни – половина град замина пред полицискиот час

Мирна и празна метропола. Скопје го живее 80 часовниот полициски час. Пустите улици, по 8-та дневна пауза, повторно се приказ за главниот град на Македонија во време на епидемија.

Оние што останаа во Скопје ја почитуваат мерката за забрана.

Коронавирусот најбрзо се шири во скопски Чаир, а ова според здравствените власти, се должи на непочитувањето на мерките. Меѓутоа овој пат воведениот 80 часовен полициски час засега се почитува

Откако се соопшти оти ќе има постојана забрана за движење цели 80 часа, огромен дел од граѓаните од Скопје решија да го напуштат градот, па евидентирани се 20.000 возила што пред стартот на полицискиот час, излегоа од него. Под препоставка оти во едно возило се превезувале најмалку по две лица, се доаѓа до бројка од најмалку 40.000 луѓе што ги напуштеле своите домови во главниот град за да одат во туристичките места, каде што полицискиот час е со паузи од 11 часа.

Но, епидемиолот Даниловски смирува оти ваквата постапка на големиот број граѓани не значи дека заразата ќе се прошири онаму каде што во моментот ја нема.

Според професорот Пановски, пак, овој полициски час нема да направи кој знае каква разлика, оти грешката е веќе направена, а ситуацијата е излезена од контрола.

Поради верскиот празник Задушница, од Владата решија да не се дозволи посета ниту на гробиштата.

За првпат се забрани посета на гробиштата. Вакавата одлука дел од претставниците на МПЦ ја оценија како атак врз нив, а дел ги повикаа верниците да одат во храмовите, онаму каде што нема полициски час.

Кризниот штаб на Владата одлучи повторно воведување на ригорозни мерки по драстичниот раст на кривата за заразени. Плановите за локални карантини за поединечни општини во Скопје каде што има најмногу заразени, паднаа во вода, а Владата реши рестрикцијата да трае 80 часа на ниво на целиот град. Забраната за движење без прекини освен за цело Скопје, важи и за Куманово и Липково, Штип со Карбинци и Тетово со сите околни општини. Во сите останати региони движење е забрането од 16 до 5 часот наутро.

„Златаната топка“ на Марадона од Мексико во јуни оди на аукција

„Златната топка“ која поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Диего Армандо Марадона ја доби во 1986 година за најдобар играч на Мундијалот во Мексико, ќе се најде на аукција во јуни оваа година, објави денеска аукциската куќа Агутес.

Аукцијата треба да се одржи на 6 јуни, а вредноста на Златната топка се уште не е проценета. Претставници на аукциската куќа најавија дека од продажбата на Златната топка очекуваат милиони евра.

Во финалето на Светското првенство во 1986 година, Аргентина ја совлада Западна Германија со резултат 3:2.

Марадона ја доби „Златната топка“ за најдобар играч на Светското првенство во Мексико. На СП во Мексико постигна пет гола.

Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина во ноември 2020 година.

МВР: Лични документи може да се подигнат и утре

Од 8 до 19 часот утре, на денот на Претседателските и Парламентарните избори, ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

-Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

Украинската служба за безбедност спречи обид за атентат врз Зеленски

Украинската служба за безбедност (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДО), кои се осомничени дека заедно со уште тројца обвинети дека подготвувале атентат врз претседателот Володимир Зеленски и други функционери.

Според дел од украинските медиуми приведени се полковниците на УДО, Андреј Гук и по инструкции на руските специјални служби.

Тие планирале атентат и врз началникот на СБУ Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов. Кај нив е извршен претрес при што е пронајдено и одземено оружје и други предмети.

Осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која престојува, за што набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок на Путин пред инаугурацијата“ што се одржа денеска. /МИА

притисни ентер