Скарлет Јохансон со најголема заработувачка во 2016 година

Американската актерка Скарлет Јохансон благодарејќи им на улогите во филмот за супер херојот „Капетан Америка „ Civil War" и на холивудската сатира „ Hail Caesar",на врвот на листата на актери чии филмови оствариле најголема заработка во 2016 година.

Форбс објави дека филмовите во кои игра русокосата Скарлет Јохансон во 2016 година заработиле вкупни 1,2 милијарди долари.

На второто и третото место на листата објавена од Форбс се нејзините партнери од хитот „Капетан Америка“ Крис Еванс и Роберт Дауни Јуниор.

Бројни честитки за Силјановска-Давкова за победата – Макрон честиташе на македонски јазик

Францускиот претседател Емануел Макрон на македонски јазик и го честиташе изборот на Гордана Силјановска Давкова за нова претседателка на Македонија.

Во објавата на социјалните мрежи, Макрон наведе дека Франција останува на страната на земјава, за да ја придружува во реформите на евроинтегративниот пат.

-Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели. Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Силјановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за Претседател. Франција останува на страната на Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина- напиша Макрон.

Давкова пак, на честитката одговори на македонски и француски јазик и изрази надеж дека поддршката од Макрон ќе го отвори патот на Македонија кон ЕУ.

-Франција, како една од земјите основачи на ЕУ има најважна улога и одговорност за успех на европскиот проект. – стои во одговорот на Силјановска.

Честитки за изборот до новата претседателка испрати и високиот американски дипломат за европски прашања Џејмс О’Брајен, кој упати порака дека како сојузници, партнери и пријатели, очекува со земјава да продолжи соработката на потребните реформи и заедничи цели, на патот кон евро – атлантската интеграција.

Со порака за заедничка обнова на мирот и стабилноста во Европа, преку социјалните мрежи, честиташе и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-И посакувам успешен и плоден мандат. Го цениме нашето силно партнерство и ја цениме поддршката на Скопје за Украина во борбата против руската агресија. – стои во честитката на Володимир Зеленски – Претседател на Украина.

Честитки до сега, испратија и српскиот претседател Вучиќ, албанскиот шеф на државата Бајрам, косовската претседателка Вјоса Османи, унагрскиот претседател Суљок...

Се уште нема од Софија и Атина. Бугарскиот државен врв се огласи само со коментар за македонскиот евроинтегративен пат, а исходот од изборите изминатите два дена е главна тема и во Грција, каде акцентот е ставен на употребата на името „Македонија“ почитувањето на преспанскиот договор, но и на ставот на официјална Атина за конкретното прашање.

Човек слетал од пат во Масачусетс и загинал, а потоа му се нафрлила мечка

Возач за кого се верува дека загинал во страшна сообраќајна несреќа во Масачусетс, бил пронајден покрај мечка која очигледно потоа го одвлекла неговото тело во шумата, се вели во полицискиот извештај.

Даниел Душарм (31) изгубил контрола над својот автомобил на рутата 91 во Хетфилд во неделата наутро, удирајќи во заштитната ограда повеќе пати пред да излета од патот и да се спушти од карпа, пишува Њујорк пост.

Се верува дека Душарм загинал во несреќата и дека бил „целосно или делумно исфрлен“ од неговата Honda Civic од 2016 година кога излетал од патот, додаде CBS News, цитирајќи ја државната полиција на Масачусетс.

Друг возач ја известил полицијата околу 11 часот за делови од возилото надвор од патот.

„Кога полицајците пристигнале на местото на настанот, починатиот маж бил надвор од возилото, а мечка била забележана во шумата во близина на местото на несреќата“, соопшти државната полиција, сугерирајќи дека животното го одвлекло телото на возачот.

„Доказите укажуваат дека мечката во одреден момент имала контакт со телото на жртвата.

Мечката ја напуштила областа додека полицајците биле на местото на настанот, забележала Си-Би-Ес Њуз.

Официјалните лица можеле само да кажат дека се верува дека Душарм загинал во сообраќајната несреќа.

Целосната истрага за неговата смрт и несреќата е во тек. Душарм бил сам во возилото во моментот на несреќата.

Автобус полн со патници пропадна во река среде Санкт Петербург- најмалку 7 загинати (ВИДЕО)

Во Санкт Петербург автобус со луѓе падна од мостот Поцелујевски во реката Мојка, соопшти прес-службата на регионалниот штаб на руското Министерство за внатрешни работи.

„Денеска околу еден часот попладне во полиција е пријавено дека патнички автобус паднал од мостот во реката Мојка на улица Болшаја Морска. Во моментот во возилото имало 15 лица, “, се наведува во извештајот.

Судејќи според видеото што го обезбеди изворот на РИА Новости, возачот на автобусот изгубил контрола, удрил во неколку автомобили и паднал од мостот.

Сега екипите за итни случаи ги извлекуваат луѓето од водата.

Како што објасни гувернерот на градот, Александар Беглов, на настраданите им е укажана итна помош. На лице место работат спасувачи, итните служби, како и вработени во градската управа и здравствениот одбор.

Обвинителството на Санкт Петербург го следи расветлувањето на сите околности на инцидентот.

Според РИА Новости, од 15-те патници во автобусот, седуммина се мртви, додека уште четворица се борат за живот.

притисни ентер