Сите освојувачи на медали од вториот ден на ЗОИ 2018

На вториот ден на Зимските олимписки игри во Пјoнгчанг беа поделени 18 медали, од кои по 4 освоија Канада и Норвешка.

Еве и кои се освојувачите по денешното комплетирање на 6 финални натпревари:

Сноубординг, „слоупстајл“, мажи:

1. Редмонд Џерард (САД) -87,16 поени
2. Макс Паро (Канада) - 86.00
3. Марк Мекморис (Канада) - 85.20

Крос-кантри скијање, 30 км скиатлон, мажи

1. Симен Хегстад Кругер (Норвешка) - 1:16: 20,0 часа
2. Мартин Јонсруд Сундби (Норвешка) - 1:16:28.0
3. Ханс Кристер Холунд (Норвешка) - 1:16: 29.9

Брзо лизгање, 5.000 метри, мажи:

1. Свен Крамер (Холандија) - 6:09.760 минути, олимписки рекорд
2. Тед-Јан Блуме (Канада) - 6:11.616
3. Свере Лунде Педерсен (Норвешка) - 6:11.618

Биатлон, спринт на 10 километри, мажи:

1. Арнд Пајфер (Германија) - 23:38.8 минути (0 + 0 грешки во пукањето)
2. Михал Крачмар (Чешка) - 4,4 секунди (0 + 0)
3. Доминик Виндиш (Италија) - 7,7 секунди (0 + 1)

Санки, единечни, мажи:

1. Дејвид Глајршер (Австрија) - 3:10.702 минути
2. Крис Маздзер (САД) - 3:10.728
3. Јоханес Лудвиг (Германија) - 3:10.932

Ски-слободен, жени:

1. Перин Лафон (Франција) - 78,65 поени
2. Жастин Дафур-Лапоан (Канада) - 78.56
3. Јулија Гајшева (Казахстан) - 77.40.

Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-При претрес во домот каде престојувал осомничениот 36-годишник во Скопје била пронајдена и одземена наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 56,40 грама и 15 семки кои потекнуваат од растение кое припаѓа на растителниот род канабис, еден шприц со остатоци од хашиш смола, едно полиетиленско пакување со наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 10,40 грама, пет полиетиленски пакувања со психотропна супстанца – амфетамин со вкупна нето маса од 5,13 грама и едно полиетиленско пакување со психотропна супстанца MDMA со вкупна нето маса од 0,45 грама. Дрогата и психотропните супстанции зедно со три дигитални ваги биле пронајдени и одземени од овластени службени лица, соопшти Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонски концепт: Плагијаторите се препознаваат самите себе

Залудно е да се очекуваат решенија и проекти од политиканти кои се служат со плагијаторство.

Политичката партија Македонски Концепт смета дека е срамно и жално за Република Македонија да ја водат политичари кои немаат основен капацитет да смислат ниту сопствен слоган и залудно е од истите да се очекуваат решенија.

Оправдано е разочарувањето на граѓаните и нивната желбата за промени кога Републиката ја водат политички партии и политиканти кои немаат основен креативен капацитет да смислат соптствен слоган за сопствената политичка кампања, па одлучуваат да се служат со плагијаторство, ваквото поведение е срамно за Република Македонија.

Граѓаните не можат да очекуваат решенија за нивните реални проблеми, нови идеи и големи проекти за подобрување на животниот стандард, а уште помалку можат да очекуваат интеграција во Европската Унија кога со Републиката раководат елементарно некадарни индивидуи кои би било добро да се занимаваат со поедноставни дејности, а раководењето на Републиката да го остават на луѓе со капацитет и креативност.

Плагијаторите се препознаваат самите себе и уште поважно, препознаени се од граѓаните, граѓаните истотот го докажаа на 24-ти Април, кога ја препознаа Обединетата Македонска Платформа “Твоја Македонија” како единствена политичка платформа со капацитет,а уште посилно ќе го докажат на 8-ми Мај кога масовно ќе кажат ДА ЗА број 2, ДА ЗА Македонски Концепт и ДА ЗА коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонски Концепт смета дека чесно е плагијаторите да го цитираат авторот кога одлучуваат да се служат со туѓи решенија, проекти, па дури и слогани!

Центар за комуникации и анализи на Македонски концепт

Блинкен: САД се залагаат Хамас и Израел сега да постигнат договор за примирје

САД вршат притисок Израел и Хамас „во моментов“ да постигнат договор за примирје со ослободување на заложниците по речиси седум месеци борби во Газа Стрип, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Тел Авив.

„Дури и во овие тешки времиња, ние сме решени да постигнеме примирје со кое заложниците ќе се вратат дома, и тоа да го постигнеме веќе сега. А единствената причина зошто тоа не би се случило е Хамас“, рече Блинкен денеска во Тел Авив за време на состанокот со израелскиот претседател Исак Херцог.

Посредниците Египет, Катар и САД сè уште го чекаат одговорот на Хамас на најновата понуда за примирје, која вклучува крај на израелската офанзива во Појасот Газа и ослободување на палестинските затвореници во замена за ослободување на заложниците кои Хамас ги заплени на 7 октомври за време на нападот врз јужен Израел.

Блинкен вчера го притисна Хамас да „го прифати без дополнително одлагање“ примирјето, кое тој го опиша како „исклучително великодушен предлог од Израел“.

Хамас, сепак, бара „траен прекин на огнот“ пред каков било договор за ослободување на заложниците, што Израел досега го отфрли, продолжувајќи да укажува дека ќе ја започне својата копнена офанзива врз Рафах, град во јужниот дел на Појасот Газа, кој се смета последното локално упориште на Хамас и каде околу 1,5 милиони Палестинци сега се главно раселени поради војната.

За време на неговата посета на Израел, Блинкен се очекува да изврши притисок врз израелската Влада да дозволи повеќе помош да влезе во Појасот Газа, каде што ОН предупредуваат на неизбежен глад поради недостиг на храна.

Американскиот државен секретар денеска треба да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и да го посети Ашдод, израелското пристаниште во близина на Газа неодамна повторно отворено за да испрати помош на палестинската територија. /МИА

притисни ентер