Сиљановска Давкова на свеченото отварање на Интернационалниот фестивал на детски театри

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на свеченото отварање на третото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ 2024 .

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на свеченото отварање на третото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ 2024 што се одржува под нејзино покровителство, а во организација на НУ „Театар за деца и младинци - Скопје“.

Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека несомнено станува збор за фестивал кој иако е стар само три години, веќе стекна заслужен углед, не само дома, туку и пошироко, како квалитетна и оригинална културна манифестација.

„Во оваа прилика не можам, а да не ги пофалам организаторите, Театарот за деца и младинци кои создадоа врвна манифестација достојна на споменот на нашиот талентиран актер Игор Маџиров, кој за жал прерано нè напушти, оставајќи огромна празнина во неговиот матичен театар и во македонското глумиште“, рече Претседателката.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека верува дека годинашниот фестивал ќе понуди врвен квалитет на сцената на Театарот за деца и младинци, но и на сцените на неколку други театри во Скопје при што публиката ќе има несекојдневна можност во наредните денови да проследи десетина претстави од театри од неколку европски земји, создавани со љубов и трпение.

Претседателката упати порака до сите деца и млади, да живеат и уживаат во театарот и уметноста, да растат и да се развиваат со убавото и благородното, како и порака до нивните родители и до возрасните, да го чуваат детето во себе, да ја негуваат неговата љубопитност, слобода и непослушност.

„Дозволете на крајот на моето обраќање да посакам Театарот за деца и младинци да продолжи да создава богата програма и да ги радува најмладите, да расте со нив. Посакувам овој симпатичен и топол уметнички дом, да се прошири и да порасне, соодветно на потребите на домаќините, но и гостите – публиката! “, истакна Претседателката посакувајќи пријатни и незаборавни мигови со претставите на третиот Интернационален фестивал на детски театри ,,Игор Маџиров“.

На отворањето на фестивалот којшто годинава се одржува под слоганот „Сè e твое” беше прикажана претставата „Не ме чекај“ во режија на Вера Розанова, а во изведба на театарот „Снег на трепките“ од Франција. Фестивалот којшто е наменет за детската и младинската публика, има за цел да ја промовира, развие и популаризира детската театарска продукција следејќи ги најновите трендови на содржини, форми, настани и текови во сферата на детскиот театар, соопштуваат од Кабинетот на претседателката.

Русија нема доволно војници- Путин потпиша закон со кој криминалците се ослободуваат од вина

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој осудениците кои служат војска се ослободуваат од кривична одговорност, пренесува РИА.

Законот ги дополнува одредбите од Кривичниот законик и Законот за кривична постапка на Русија, а особено предвидува дека обвинетите кои служат воена служба за време на мобилизација или кои склучиле договор за воена служба се ослободуваат од кривична одговорност.

Се очекува сличен правен механизам да се прошири и на осудените лица за кои пресудата е изречена, а не стапила во сила, пренесува РИА.

Русија има се повеќе проблеми да регрутира нови војници без да ја објави мобилизацијата бидејќи Кремљ стравува од пад на популарноста на претседателот Путин.

Здравко Чолиќ испратил камион со вода за луѓето погодени во поплавите во БиХ

Здравко Чолиќ испрати камион со вода за настраданите во поплавите што ја погодија Босна и Херцеговина и ги повика сите на солидарност.

Дел од донацијата е веќе пристигната, пишува Klix.ba.

Да потсетиме, по трагичната вест, бројни јавни личности од БиХ излегоа да споделат апели за помош и да го кажат својот став за состојбата на инфраструктурата и владата.

Меѓу оние кои се огласија беа босанскиот кандидат за 97. Оскар Данис Тановиќ, режисерот Срѓан Вулетиќ, актерката Надин Мичиќ, пејачките Илма Карахмет и Џејла Рамовиќ, раперот Јала Брат, модниот дизајнер Марко Фехер, како и инфлуенсерите како Роберт Дачешин, Мирза Мустафагиќ. и Хане Хаџиавдагиќ.

Да потсетиме, обилните дождови кои во текот на ноќта зафатија поголем дел од Босна и Херцеговина предизвикаа смртоносни поплави во повеќе градови.

Само на подрачјето на Јабланица во поплавите и свлечиштата што синоќа ја погодија БиХ загинаа 16 лица, додека во Фојница се удавија две лица, со што вкупниот број на загинати се искачи на 18, а се стравува дека оваа бројка може да биде значително поголема. .

Урнати се голем број куќи, се урнаа патишта, мостови, па дури и железничка пруга. Се бара сместување за голем број луѓе кои останале без покрив над главата.

Ѓорчев: Мора да работиме дома, мора да имаме ефикасна влада

„Идеално никаде не постои, погледнете ги проблемите Германија со економијата и во Канада со инфлацијата“

Бугарија има политика која трае години наназад, одат во седми избори, но се единствени. Ние не сме единствени. Ние имаме политичари кои што избриша под со Македонските позиции, тие не беа позиции на ВМРО-ДПМНЕ туку на Македонскиот народ. Растени сме со поезијата на Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски. Штетата која што му е направена на народот долго време ќе треба да се исправи. Во ЕУ никој не може да ни гарантира, а и во самата Унија има слаби страни. Поради структурните прашања во ЕУ нема цврста одлука дека Западен Балкан ќе се интегрира. И во самата Бугарија неколкуте изборни циклуси не дозволуваат преговарање, за преговори треба да имате стабилна страна. Не може ние да дадеме и од друга страна да не знаеме што не' чека. Ако немаме одлука за приближување кон ЕУ, животот оди понатаму. Имаме економија, инвестиции, здравство, образование со кои треба да се носиме. Има низа Европски земји, кои не се членки на ЕУ а се супер средени, рече Влатко Ѓорчев во Само Вистина.

притисни ентер