Швајцарски искуства за да се зголеми интересот за стручното образование

Швајцарски искуства ќе се користат со цел да се зголеми интересот кај младите за средното стручно образование и невработените лица да се стекнат со потребните вештини за полесно да најдат работа.

За таа цел денеска Министерството за економија потпиша меморандум за соработка со Швајцарската амбасада за проектот „Образование за вработување" кој ќе се реализира преку Програмата за конкуретност и иновативност.

– Како Министерство за економија секојдневно сме во контакт со бизнис заедницата. Моментално се покажува дека има дефицит од кадри во стручните насоки и затоа како Министерство ќе направиме напори да им овозможиме на младите да најдат работа по завршување на образованието, но од друга страна и да бидат квалификувани за таа работа, рече Бектеши по потпишувањето на Меморандумот.

Според швајцарската амбасадорка Сибил Зутер Техада, вклучувањето на приватниот сектор во подобрување на работните вештини е значаен аспект во системот на образование.

– Во 2019 година нашиот проект соработуваше со 16 компании во Македонија во кои тренинг имаа 600 невработени лица во соработка со училиштата. Повеќе од 350 лица веќе се вработени и вклучени во подобрување на конкурентноста на компаниите кои ги ангажирале, рече амбасадорката Зутер Техада.

Недостигот на стручен кадар е една од забелешките на бизнис секторот поради што државата се обидува преку дуалното образование, зголемувањето на интересот на младите за средното стручно образование и преквалификација на невработените лица да го надмине овој проблем.

Тошковски: МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач

Изјава по остварена средба со претставници од Фондацијата „Ромите за демократија“ кои денеска организираа протестен марш од ДИК до МВР.

Тие протестираа заради закани кои биле упатени кон нивни набљудувачи за време на првиот круг од Претседателските избори 2024.

Министерот за внратрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач за време на изборниот процес.

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на САД дека користеле хемиско оружје

 Кремљ ги оквалификува како неосновани американските обвинувања дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва останува обврзана со договорот за забрана на употреба на хемиско оружје.

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.

„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот. /МИА

Палестинските безбедносни сили убиле милитант на Западниот брег

Палестинските безбедносни сили денеска на Западниот Брег убиле припадник на локална вооружена група поврзана со милитантниот Исламски џихад, откако биле под нивен оган, јавуваат британските медиуми, додавајќи дека тоа е редок судир меѓу Палестинците.

Талак Двејкат, портпарол на безбедносните служби на палестинските власти, изјави дека органите на редот биле испратени во ноќна патрола во Тулкарм и биле под оган и возвратиле и го застрелале напаѓачот, кој починал од раните во болница.

Локалната вооружена група бригади Тулкарм и Нур-Шамс објави дека загинатиот човек Ахмед Абу ал Фул е нивни член. Групата ја потврди својата поврзаност со милитантите на Исламскиот џихад. Бригадите Тулкарм и Нур Шамс го опишаа нападот на палестинските безбедносни сили врз нивниот член како „атентат“ во израелски стил. Според вооружената група, Ал-Фул бил нападнат „без причина“.

Палестинската управа, предводена од претседателот Махмуд Абас, има ограничена самоуправа на Западниот Брег и понекогаш ја координира безбедноста со Израел. Хамас, сојузник на Исламскиот џихад, ги осуди „нападите на силите на палестинската управа против нашиот народ и борците на отпорот“. /МИА

притисни ентер