Шундовски привремен тренер на ракоментиот шампион Еурофарм Пелистер

Најтрофејниот македонски ракометен тренер Звонко Шундовски е назначен за привремен тренер на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер.

Менаџерскиот тим на клубот одлуката ја донесе по вчерашната оставка на досегашниот тренер Бранислав Ангеловски што ја поднесе веднаш по поразот на битолчани од тимот на Алкалоид во Скопје.

Од РК Еурофарм Пелистер соопштија дека Шундовски екипата ќе ја води до избор и именување на нов тренер.

„РК Еурофарм Пелистер ја прифати оставката на тренерот Бранислав Ангеловски по натпреварот против Алкалоид. Клубот му се заблагодарува на ангажманот, професионалноста и остварените цели во претходните една и пол година. Му посакуваме среќа и успеси во понатамошните професионални предизвици. Клубот наскоро ќе го именува новиот тренер, а дотогаш екипата ќе ја води Звонко Шундовски“ – информираат од Е. Пелистер.

Кубанскиот енергетски систем се опоравува: 70 отсто од потрошувачите веќе имаат струја

 Кубанските власти соопштија дека 70 отсто од потрошувачите на Куба повторно добиле електрична енергија, откако снабдувањето беше прекинато поради дефект на термоелектраната „Антонио Гитерас“ во Матанзас.

Министерството за енергетика на Куба соопшти дека работат на целосна обнова на електроенергетскиот систем. Русија претходно најави дека ќе пружи помош на Куба во врска со овој колапс на електросистемот.

Поправките на термоелектраната што се изведуваа во текот на викендот не дадоа резултати, по што повторно беше прекинато делумното снабдување со електрична енергија кое накратко беше обновено.

Куртоа поради повреда ќе го пропушти Ел Класико

риесет и двегодишниот Белгиец нема да може да игра против Барселона.

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа се повреди на натпреварот од 3. коло во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд (5:2).

Триесет и двегодишниот Белгиец нема да може да игра против Барселона.

- По прегледот на Куртоа од страна на медицинската служба на Реал Мадрид, му беше констатирана повреда на аддукторниот мускул на левата нога, стои во соопштението на официјалниот сајт на мадридскиот клуб.

Најверојтано и напаѓачот Родриго нема да игра на Ел Класико. Дваесет и тригодишниот Бразилец заработи повреда на мускулот синоќа на натпреварот против Борусија. На прес-конференцијата по натпреварот, повредата на напаѓачот ја потврди тренерот, Карло Анчелоти.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра на 26 октомври во рамките на 11. коло во шпанското фудбалско првенство.

Берово го одбележува 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба

- Во чест на 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба, делегации од општествениот и политичкиот живот во Берово денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на Димитар Беровски, на плоштадот во Берово. 

Во краткиот говор, пред присутните се читаше реферат за основањето на Македонската револуционерна организација, кое го означило почетокот на организираната борба, на македонскиот народ, кој се изборил за создавање самостојна македонска држава.

-Го чествуваме денот кога е формирана Македонската револуционерна организација. Денеска им оддаваме почит на сите што низ вековите се бореа и го дадоа својот живот за слободата на македонскиот народ и кои и денеска го отсликуваат македонскиот непокор и претставуваат симбол на слободата, беше кажано на денешното одбележување на значајниот датум во Берово.

По повод значајниот датум, срдечни честитки, по повод 23-ти октомври упати и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

-Основањето на Македонската револуционерна организација означува почеток на организираното револуционерно движење на македонскиот народ за создавање на сопствена, независна држава. нека е за многу години денот, рече Пекевски.

притисни ентер