Шумахер дише и по малку оди и не може ништо повеќе, тврди неговиот невролог

Михаел Шумахер, еден од најдобрите возачи на Формула 1 во историјата, сè уште е на рехабилитација по тешката скијачка несреќа во Марбела во 2013 година.

Неговото закрепнување и состојбата се чуваат во тајност и јавноста добива многу малку информации за еден од најдобрите спортисти на сите времиња. Италијанскиот весник Газета дело Спорт денес објави дека неврологот Ерих Ридерер ја открил состојбата на Шумахер во документарец на француската ТМЦ.

"Тој дише, буден е, срцето му чука нормално. Веројатно може да седне и да направи мал чекор со нечија помош", рече Ридерер, а потоа додаде дека му се чинело дека неговата состојба нема да може многу да се подобри: "Повредите што ги доби беа тешки и направија голема, неповратна штета. Се плашам дека нема да може подобро од ова. Тој е во вегетативна состојба. Буден е, но не одговара во разговор."

Да потсетиме, Шумахер беше на одмор на Алпите кога на скијање со неговиот син се удри во карпа поради што полета во воздух, падна од патеката и се здоби со сериозни повреди. Јавноста наскоро дозна дека тој бил ставен во кома за да се спречи оток на мозокот, а експертите велат дека неговиот живот го спасила кацигата без која тој би умрел.

Во текот на следните неколку години имаше лажни вести дека Шумахер е подобар и веќе оди. Досега ваквите информации доаѓаа од неофицијални канали, а сега јавноста за прв пат има информации од експерт.

Пред два месеци, поранешниот шеф на Ферари откри дека го посетувал. Ниту тој ниту Фелипе Маса не ја откриле точната дијагноза и напредок. Маса рече: "Ја познавам неговата состојба, ги имам сите потребни информации затоа што секогаш сум бил близу до него. Не се дружев често со неговата сопруга Корина затоа што не доаѓаше на трките. Сите мора да бидеме свесни дека ова е тешка ситуација и дека мора да ја почитуваме желбата на семејство кое сè уште не сака да ги објавува работите јавно. Тогаш, кој сум јас да го сторам тоа? “, рече Маса, нагласувајќи дека желбите на семејството за тајност мора да се почитуваат.

Претходно оваа година, италијанскиот хирург Никола Ачијари рече дека Шумахер никогаш нема да биде личноста што ја паметиме. "По шест години, Михаел Шумахер повеќе не е личноста што ја паметиме од автомобилизмот. Иако долго време интензивно се грижевме за него, многу се промени во и на неговото тело - од органи, преку коски, до мускули. Тоа му се случи “, рече Ачијари.

Маж прави акробации со бебе - сите се шокирани: Ти требаат часови по родителство (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи видео на кое маж, наводно таткото, прави „акробации“ со бебе, држејќи го за нозе и раце.

Бројни корисници на Инстаграм и Твитер жестоко ја критикуваа сцената, а лекарите предупредија на можни последици, пишува Daily Mail.

Во видеото кое трае 35 секунди, го гледаме мажот како го ниша бебето напред-назад, над главата и меѓу нозете, а луѓето истакнаа дека тоа претставува „опасност не само за неговите зглобови, туку и за мозокот“.

Видеото е придружено со порака „врска меѓу татко и дете“, но многу корисници беа вознемирени од сцената, што е јасно од нивните коментари.

Д-р Стјуарт Фишер, лекар по интерна медицина и поранешен педијатар во одделот за итни случаи, исто така реагира:

„Мислам дека е морално и легално да се направи КАТ скен или МРИ, што можеби нема да покаже микроскопски повреди на мозокот.

Експертите предупредуваат дека овој тип на игра потенцијално може да доведе до синдром на потресено бебе, бидејќи мозокот на таа возраст е исклучително подложен на повреди.

Дополнително, кревањето на бебето за раце или нозе, без поддршка за грбот, може да доведе до исчашување на зглобовите.

Останува нејасно колку е старо бебето, но се верува дека има околу една година.

„Ова е ментална болест и каква, дали е важно? Ова може да се смета за кривично дело. Тој не разбира каква скапоцена дарба има. Му треба, во најмала рака, долготрајна инструкција и советување“, заклучи др. Стјуарт Фишер.

Корисниците го критикуваа и однесувањето на човекот, со илјадници коментари на мрежите.

„Ова не може да биде легално.Кутрото дете“, „Ти требаат часови за родителство. Ова е толку ужасно“, гласеа некои од пораките.

Од друга страна, поединци тврдат дека родителите така си играле со нив без да имаат никакви (здравствени) проблеми.

Се огласи на Твитер тренерот на познатиот УФЦ борец Конор Мек Грегор. Тој го сподели видеото и коментира:

„Каква глупост. Дури и да сфатите погрешно еднаш во 1.000 пати, тоа е трауматска повреда плус потрес на мозокот. Колку луѓе ќе го повторат ова за неколку лајкови и ќе го повредат своето дете? Можеби не требаше да споделам. Не правете го ова“, напиша Џон Кафеа.

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Не се откажуваат, МЗ турка реновирање на операциски сали

Не се откажуваат до последно, повторен обид на министерството за здравство да протурка реновирање на операциски сали и фаворизира одредени фирми

Министерството за здравство повторно ја објавува постапката за јавна набавка на проектирање и изведба на реконструкција и реновирање на операциски сали, нивни пред простории и ходници со машински соби во УКЦ Мајка Тереза - хируршки клиники по принципот „клуч на рака“.

Истата пред само месец и половина Државната комисија за жалби по јавни набавки ја поништи од причина што Министерството за здравство изготвило тендерската документација која не е во согласност со Законот за јавни набавки и истата доведува до дискриминација на економските оператори и ограничување на пазарната конкуренција.

Повторената постапка објавена е на ден 24.04.2024 година, неработен ден прогласен со одлука на Влада поради одржување на прв круг претседателски избори.

Во тендерската документација за економска способност на економските оператори се бара минимум 550.000.000 денари со ДДВ вкупен приход во последните три години за секоја година поединечно.

Ова е целосно неосновано.

Прво, затоа што во финансиските извештаи приходот се искажува без ДДВ (ДДВ-то е обврска на друштвото да го плати спрема државата).

Второ, зошто не е објавена проценетата вредност на набавката за да може да се утврди дали овој услов е согласно Законот за јавни набавки? (Според Законот за јавни набавки - Договорниот орган не смее да бара минималниот годишен приход да изнесува двојно повеќе од проценетата вредност на набавката), објави на фб Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Дафина Стојаноска: Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи

Дафина Стојаноска синоќа на митинзите во Гостивар и Тетово порача:

Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи. Криминалот е тој кој треба да биде замолчен. Доста е!

На 8-ми мај народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа. На 8 мај нема уценети и поткупени. Никој повеќе не им се плаши, ниту ги сака нивните гнасни пари. Сите до денар ќе му го вратат на народот, како што ќе му ја вратат и државата. Доста долго остана во нивно заложништво. Нема повеќе сила, ниту пара која ќе го сокрие криминалот на ДУИ и СДСМ. Време е за слобода и правда. Време е за нов Претседател на Република Македонија и за нова Влада.

Гласајте за професори а не за криминалци, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер