Шоле: Приштина итно да се вклучи во дијалогот со Белград

Специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шолe денеска побара од Приштина итно да се вклучи во дијалогот со Белград, што се води со посредство на ЕУ, со цел нормализирање на односите меѓу двете страни.

Шоле на социјалната мрежа Х (Твитер) објави дека во Њујорк разговарал со претседателката на Косово, Вјоса Османи, за деескалација на тензиите на Косово и „итно вклучување во дијалогот што се води со посредување на ЕУ за нормализација на односите со Србија“.

„Добар разговор со претседателката Вјоса Османи за нашата заедничка посветеност на евроатлантската иднина на Косово, потребата од деескалација на тензиите и итен ангажман во дијалогот што се води преку ЕУ со цел нормализирање на односите со Србија – што е клучот за регионалната стабилност и интеграцијата во ЕУ“, рече Шоле.

Егзодус од Нагорно Карабах- избегале 100.000 од вкупно 120.000 Ерменци

Повеќе од 100.000 бегалци пристигнале во Ерменија од Нагорно Карабах, изјави вчера вечер шефот на агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) Филипо Гранди.

„Многумина се гладни, исцрпени и имаат итна потреба од помош“, рече Гранди на социјалните мрежи. „УНХЦР и другите хуманитарни партнери ја засилуваат својата поддршка за ерменските власти, но итно е потребна меѓународна помош“, додаде Гранди.

Трамп се огласи со мислење за новото момче на Тејлор Свифт

Иако пред само неколку недели, многу луѓе не ни знаеја дека постои, 33-годишниот Тревис Келче, играч на Канзас Сити Чифс и еден од најуспешните играчи во американската НФЛ, моментално е најпосакуваното момче во светот.

Тревис е на радарот на љубителите од јули кога првпат откри дека присуствувал на концерт на Тејлор Свифт со намера да ѝ го даде бројот на мобилниот телефон, но кога таа се појавила на стадионот пред неколку дена да навива за него во игра против Чикаго Беарс, стана главна тема на Интернет.

Дури и Доналд Трамп го сподели своето мислење за него. Поранешниот американски претседател (77) се осврна на наводната врска меѓу играчот на НФЛ и поп-ѕвездата за време на интервјуто за Daily Caller. Трамп на парот му посака сѐ најдобро, но и шпекулираше дали нивната романса ќе потрае:

„Им посакувам сѐ најдобро на двајцата. Се надевам дека ќе уживаат во животот, можеби заедно, можеби не - најверојатно не.“ Неговите коментари за пејачката доаѓаат години откако таа во неколку наврати јавно го осуди.

Во мај 2020 година, таа зборуваше против Трамп откако тој се закани дека ќе изврши насилство на протестот во Минеаполис, кој беше започнат како одговор на смртта на Џорџ Флојд. „Откако го разгорувате пламенот на белата надмоќ и расизмот за време на вашето претседателство, имате нерви да глумите морална супериорност пред да се заканувате со насилство?“ напиша таа на X (поранешен Твитер).

Се појавија и снимки од документарниот филм на Свифт, Мис Америка 2020 година, во кој таа пркосно му кажува на својот тим дека ќе зборува против Доналд Трамп и републиканската сенаторка Марша Блекбурн. „Ова е нешто што знам дека е правилно... Морам да бидам на вистинската страна на историјата“, рече таа.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако анкетите се нарачани, а ВМРО-ДПМНЕ во раскол, ајде СДС излезете на избори

Ако анкетите се нарачани, а ВМРО-ДПМНЕ во раскол, ајде СДС охрабрете се излезете на избори.

Очајот во СДС веќе пробива секоја граница, свесни се дека губат катастрофално, па сеат магла за местени анкети и раскол, ако беше така тие одамна ќе побараа избори.

Вистината е сосема друга, на СДС не им гласаа двајца пратеници во собранието кога ги ставија уставните измени на 18 август.

СДС има раскол во сопствените редови, а тоа го видовме на 18 август.

СДС се раслојува, а тоа си го кажуваат и нивните пратеници преку фејсбул статуси.

И ВМРО-ДПМНЕ и СДС и сите во Македонија знаат дека СДС ќе изгуби и ќе оди во опозиција, резултатот ќе им биде историски срам, се наведува во партиската реакција.

притисни ентер