Шокатни сознанија за монструозни мачења и убиства од кланот на Вељко Беливук – Невоља

Наоружани до заби, со фантомки на главите и турбофолк во позадина, вака членовите на криминална група на Вељко Беливук познати по бруталните ликвидации,тргнувале во акција.

Наоружани до заби, со фантомки на главите и турбофолк во позадина, вака членовите на криминална група на Вељко Беливук познати по бруталните ликвидации,тргнувале во акција, најчесто во пресметка со сопернички кланови, пишуваат Сrпските медиуми. Во борба меѓу две мафијашки групи, таа на Веља Невоља секогаш имала достапни инфомации за движењето на другата мафијашка група и со леснотија ги извршувала најтешките кривични дела против нив. Претседателот на Србија Александар Вучиќ вели дека полицајци и функционери и помагале на криминалната група од т.н. Кавачки клан. Вучиќ потврди и дека во една операција при еден претрес „замижале“ пред пиштолот кој бил пронајден во нивниот хангар.

„На претресот на одреден објект тие незнаеа дека Безбедносно информативната агенција имаше вградено прислушкувачки уреди да ја следи криминалната активност на криминалците, тогаш влегле да го претресат станот и констатирале дека гледаат пиштол и се договориле дека не го виделе,“истакна Александар Вучиќ, Претседателот на Србија.

До сега се уапсени и двајца полицајци за кои што е потврдено дека и помагале на криминална група на Вељко Беливук. Ескпертите коментираат дека криминалната група на Вељко Беливук брутални во ликвидациите, потсетува на Земунскиот клан,а еден од основните принципи на Веља Невоља бил дека без тело, нема дело. Поради недостаток на материјални докази за бројните брутални убиства што ги нареди или ги изврши, стана еден од најопасните криминалци во Белград. Бруталните убиства најверојатно биле извршени под дејство на дрога, според поранешен офицер за контраразузнавање Љубан Каран, потврди дека ваквите ликвидации имаат потпис на мафијата.

„Треба да погледнете кон луѓето кои имаат пороци , еден коцкар може денеска да добие 10000 евра и утре да ги нема, значи пороците и имотната состојба, тие се структурите кои што можат да ја спречат оваа состојба.“ вели Љубан Каран, поранешен офицер за контраразузнавање.

Една од жртвите на Беливук е Милан Лепоја, меѓународен крадец, кој учествуваше во грабеж на златара во Дубаи пред неколку години. Во ноември минатата година го намамиле да дојде на автопатот кон Ниш и го одвеле до озлогласената куќа во Ритопек, која групата ја користела за криминални активности.

„И тие сега ќе влезат во оваа куќа и Лепоја веќе нигокаш нема да излезе. Ќе излезе спакуван , исецкан на парчиња„.

Обвинителството тврди дека и останатите убиства за кои се товари криминалната група биле сторени на сличен начин. Членовите на групата Беливук ги намамувале жртвите, ги киднапирале, ги носеле до куќа во Ритопек

Денвер и Њујорк на чекор до полуфинале во НБА плејофот

Една победа ги дели екипите на Њујорк никс и Денвер нагетс од пласман во полуфиналето на плејофот во НБА-лигата.

Ова е епилогот по двата ноќешни натпревара на кои Никс и Нагетс забележаа победи.

Резултати:

Њујорк никс – Индијана пејсерс 121:91

Денвер нагетс – Минесота тимбервулвс 112:97.

Во серијата прв до четири победи Њујорк и Денвер водат со 3:2.

Вечер по полноќ играат:

Бостон селтикс – Кливленд кавалирс (3:1 за Бостон)

Оклахома Сити тандер – Далас маверикс (2:2).

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

РАБОТИ НА ПАТ:

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп - Битола", и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата.

На 26.03.2024 година од 14.15 часот извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од автопатот 300м после надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“ за време на поправка и рехабилитација на државен пат А1/А2 делница Скопје-Куманово (десна коловозна лента) каде што со ветикална сообраќајна сигнализација во должина од 200м сообраќајот се канализира и успорува од левата (за претекнување) сообраќајна лента во средната (за возење) сообраќајна лента за да потоа во должина од 1500м целиот сообраќај ќе се одвива по сообраќајната лента за претекнување (левата), а средната и сообраќајната лента за принудно запирање ќе бидат затворени за сообраќај.

Од 18.03.2024 г. има измена на режимот на сообраќај на државниот пат Р1101, делница Прилеп – Битола, заради интезивирање на градежните активности во врска со проект Санација на патот, кај мост на река Шемница.

Започнувајќи од 11.12.2023 год. ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп - Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи.

Започнувајќи од 05.12.2023 год. е изменет режимот на сообраќај на државен пат A2, делница Тетово - Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните.

Oд 24.11.2023 година од 16:00 часот режимот на сообраќајот на делницата од автопатот А-1, Куманово – ГП „Табановце“поточно кл.Куманово-кл.Кр.Паланка, десната сообраќајна лента за присилно запирање и застанување ќе биде затворена за сообраќај во должина од 500м, додека сообраќајот ќе се одвива по сообраќајната лента за возење и претекнување.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно ново издаденото одобрение за времен режим на сообраќај поради изведување на градежни работи на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка "Стенковец") Подделница 1 – од 08.11.2023 г. постоечкиот локален пат до с. Блаце од магистраниот пат А4 пред граничниот премин ќе биде затворен, а пристапот до с.Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин, согласно поставената сообраќајна сигнализација. Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на 2 км пред граничниот премин "Блаце" на местото на изведување на градежните работи сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На 07.11.2023 година од 13:00 ч. извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од Автопат А1, Пeтровец – Катланово - рехабилитација со проширување на автопатот А1 (лево и десно коловозот во двата правца) во должина од 6000 м, сообраќајот ќе се одвива по новоизградената коловозна лента (Катланово - Петровец) двонасочно, со вертикално поставена сигнализација, додека коловозната лента Петровец - Катланово ќе биде затворена за сообраќај.

Oд 24.10.2023 година ќе се започне со реконструкција на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка "Стенковец") Подделница 1 - проширување на постоен пат А4 од ГП "Блаце" до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2км пред Граничниот Премин "Блаце" од 06.10.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива нов времен двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) со поставена соодветна соорбаќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Oд 11.9.2023 г. воспоставен е времен режим на сообраќај во тунелот на патниот правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Поставена е светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата.

БИОН ДОО Тетово известува дека од 20.05.2023 година на патниот правец "Државен пат А3, делница: Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид" ќе има измена на времениот режим на сообраќај поради изведување работи што се предвидени на објектот "Поставување на сообраќајна сигнализација и опрема на државен пат А3, делница Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид". Режимот ќе биде според сообраќајниот проект. Работите на објектот се предвидени да завршат на 29.02.2024.

Од 14.06.2023 година почнува проектот „Санација на трупот на патот Р1303, делница Македонски Брод – Прилеп, премин Барбаpос. Сообраќајот на овој патен правец ќе се одвива непречено со ограничување на максимална брзина до 30 км/час.

Поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот ке биде пренасочен преку регионалниот пат Р-1208. Работите започнуваат на 09.6.2023 г., а на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Почнувајќи од 06.03.2023 г., на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување.

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново на државен пат А1, делница Велес-Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.

На патниот правец Градско - Прилеп се изведуваат градежни активности и затоа препорачуваме внимателно возење и прилагодена брзина на движење.

На патниот правец Кичево - Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

АМСМ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Тел. (02)15-555

Дневен хороскоп за 15. мај 2024 година

Дневен хороскоп за среда, 15. мај 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вапите пријатели денеска најверојатно ќе се опијат и ќе претераат во своето однесување. Би можеле дури и да ве нервираат , но бидете трпеливи.

Кариера

Претерувањето со вашите заслуги на работното место не е новост. Обидете се да се приземјите и работите да ги гледате пореално.

Здравје и совет

Издржете.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Освен што ќе наоѓате причини за незадоволство, ништо од она штѕо ќе го кажете нема да наидфе на разбирање. Запрете.

Кариера

Вашите деловни партнери ќе имаат едни , а вие други идеи. Ќе треба да знаете да се поставите правилно.

Здравје и совет

Нека ве води вашето знаење.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас е ден полн со фрустрации кога станува збор за љубовта. Сметајте дека малку работи ќе ви одат од рака.

Кариера

Што и да работите , држете се до востановените правила и прашувајте ги своите колеги кои се разбираат од работата.

Здравје и совет

Не правете ништо на своја рака.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Знаете дека среќата е во малите работи и не барајте чуда во личниот живот. Имајте таков пристап и денеска ќе бидете среќни.

Кариера

Ќе успеватеда ги држите конците во ваши раце низ различни дејности и области. Се ви оди добро.

Здравје и совет

Вие сте комплетна личност.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Има малку работи што би можеле да ја загрозат вашата стабилна и добро негувана врска. Без оглед на се, вие уживате.

Кариера

Денеска во сите деловни прашања максимално ќе ја користите вашата интуиција. Сепак , земете ги во предвид и надворешните фактори.

Здравје и совет

Не се сеќавате кога последен пат сте биле болни.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Веројатно убаво ќе си поминете за време на кусото дружење со пријатни луѓе, било да сте во двојка или пак сами.

Кариера

Поврзувањето со млади лица на работното место ќе бара дополнителна енергија. Вашето унапредување е на повидок.

Здравје и совет

Продолжете понатаму.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние кои минуваат ниоз искушението на тајна љубовна врска , денеска нема да знаат што треба да направат. Ќе им недостига компас.

Кариера

Уметниците меѓу вас би можеле да инсистираат на нереални барања. Подобро малку да почекате.

Здравје и совет

Внимавајте на исхраната.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Малку забава, па мало надмудрување и малку провокации. Тоа е начинот на кој ќе се додворувате или ќе сакате.

Кариера

Со голема желба ќе соработувате со новите соработници , од кои повеќето се многу млади. Другите главно ќе ги поднесувате.

Здравје и совет

Вежбајте јога.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете малку растргнати меѓу можноста да уживате со саканата личност или со пријателите. Ќе го поделите времето.

Кариера

Денеска нема да знаете да ги процените вашите финансиски средства. Затоа не влегувајте во никакви трансакции.

Здравје и совет

Ослободете се од потребата да им се наметнувате на другите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Недостигот на разбирање ќе се случи зашто вие постојано имате потреба околу нешто да спорите. Така се залажувате и себеси и партнерот.

Кариера

Доволен е само еден мал миг , па да ве развлечат за да не можете да се приберете. Соберете ги сите свои сили и научете да кажете ,,не” кога е потребно.

Здравје и совет

Подобро ќе се чувствувате доколку си ги одредите границите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Посвертеноста на идеалите ќе ви помогне да ги надминете фрустрациите во личните односи. Некои се молат на виша сила.

Кариера

Можеби ќе очекувате повисока плата, но излегло поинаку. Немојте да бидете незадоволни , зашто и ова што го добивате е повеќе отколку кај многумина.

Здравје и совет

Не влегувајте во расправии.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе се прашуваат дали станува збор за пријателство или за нешто повеќе. Уште не знаат на што се , па нека бидат трпеливи.

Кариера

Може да сметате на некои мали попусти , но тоа не значи дека може да се опуштите и да живеете на стара слава.

Здравје и совет

Може да ги предлагате своите идеи.

притисни ентер