Шокантна изјава на поранешниот сопруг на Витни Хјустон: Не умре од дрога

Шест години после смртта на популарната пејачка Витни Хјустон, нејзиниот поранешен сопруг откри што мисли за причината за тој трагичен настан.

Боби Браун смета дека дрогата не е причината за случајното давење на пејачката, и покрај тоа што иследникот навел дека се пронајдени траги од кокаин.

„Сметам дека Витни не умре од дрога. Работеше напорно и вложуваше голем напор во тоа да биде трезна“ – изјави Браун за магазинот „Ролинг Стоун“.

„Ја уби скршеното срце“ – додаде тој, не објаснувајќи што сакал да порача со тоа.

Хјустон на 11 февруари 2012 година беше пронајдена мртва во кадата на својата гостинска соба во Беверли Хилс во Калифорнија.

Bobi Braun i Vitni Hjuston 2003. godine / Foto: Gettyimages

Токсиколошката анализа покажа присуство на 0.68 микрограми кокаин по милилитар крв, која во текот на аутопсијата беше извадена од ногата на пејачката.

Резултатите исто така покажаа присуство на марихуаната, Ксанакс – лек за лечење анкциозност, Глексерил – лек за опуштање на мускулите и Бенадрил, кој се користи против алергија.

Пропишаните лекови не биле причината за смртта, навел иследникот.

Браун, кој со Хјустон беше во брак од 1992 до 2007 година, наведува исто така дека чека задоволување на правдата по прашањето за смртта на неговата ќерка Боби Кристина Браун.

Таа во 2015 година беше пронајдена во несвесна состојба во својот дом во Атланта, исто така во када.

Почина шест дена подоцна, а за време на престојот во болница ниту еднаш не се разбуди од кома.

Vitni Hjuston sa ćerkom Bobi Kristinom Braun / Foto: Gettyimages

Аутопсијата откри присуство на канабис, алкохол и лекови против анкциозност кои се издаваат на рецепт, а како главна причина за смртта е наведено давењето.

Нејзиниот партнер Ник Гордон е прогласен за посредно одговорен за смртта на Боби, година дена подоцна. Одлучено е да плати казна од 36 милиони долари.

„Што мислам дека би било праведно? Би сакал да го заклучам некаде каде што некој ќе го силува. Е така се чувствувам. Ме силуваше со тоа што ми ја одзема ќерката“ – заклучил Браун.

Работеле на депонија и слушнале морничав звук, биле шокирани кога ја отвориле кесата за ѓубре

Случка од едно индонезиско село која предизвикува морници и отвора многу прашања.

Работници на депонија во областа Кубу Раџа останале во шок кога слушнале необичен плач меѓу купиштата ѓубре. Се воспоставило дека се работи за новороденче оставено на депонија, завиткано само во тенка крпа. Брзата реакција на работниците и локалните власти овозможи бебето да биде префрлено во болница, каде лекарите велат дека состојбата е стабилна и дека се очекува целосно закрепнување.

Кога работниците стигнале до местото каде што било бебето, се запрепастиле. Го виделе новороденчето како го цица прстот, сè уште облеано во крв и делови од плацентата од мајката. Тие сфатиле дека малото девојче било фрлено набргу по раѓањето, а лекарите подоцна утврдиле дека можеби било родено пред помалку од 12 часа.

Помошник-инспекторот и началник за информации од јавен карактер на полицијата Кубу Раџа, изјавил дека бебето било пронајдено завиткано во црна најлонска кеса.

- Сè уште беше жива, ја пренесоа во болница и медицинските сестри се грижат за неа. Таа сега е едно многу среќно бебе. Мислам дека немаше да преживее ако не ја најдоа – изјавил тој.

Иако наоѓањето на бебето е голема среќа, многумина не можат да поверуваат дека мајката можела да го фрли бебето во ѓубре.

Полицаецот додаде дека ова е шести случај на напуштање при пораѓај во Кубу Раџа во последните месеци.

Напуштеното новороденче е префрлено во родилиштето Набаса на лекување и следење. После тоа, таа ќе биде доделена на државата на чување и евентуално на посвојување.

- Сè уште истражуваме за да откриеме кој го фрлил ова невино бебе овде. Беше тукушто родено, имаше можеби само неколку часа. Ги замолуваме жителите кои имаат информации да ни помогнат и да пријават во полиција, за овој случај брзо да се реши. Можеби виделе некого во областа рано тоа утро - апелирал тој, а пренесува Дејли Меил.

Извештајот на УНИЦЕФ за 2020 година ги открива напорите што земјата ги направила за подобрување на регистрацијата на родени во изминатите неколку децении, овозможувајќи им на децата пристап до социјалните услуги и подобар живот.

Без оглед на тоа, околу 90 отсто од децата, особено девојчињата и жените, доживуваат некаков облик на сиромаштија во текот на нивниот живот, се наведува во извештајот.

Дали одите во тоалет „за секој случај“ пред да тргнете некаде?

 Еве зошто треба веднаш да престанете со тоа!

Стручњаците велат дека непотребното празнење на бешиката кога не е полна може да предизвика далекусежни последици на нејзиното функционирање.

Уринирањето „за секој случај“ изгледа како паметна идеја, особено ако не знаете кога ќе имате следна можност да одите во тоалет, меѓутоа, експертите тврдат дека тоа воопшто не е добро и дека може да предизвика сериозни здравствени проблеми.

Имено, многу луѓе, пред да излезат од дома да завршат некоја работа или пред да патуваат некаде, или да влезат во кино, одат во тоалет со уверување дека така ќе ја испразнат бешиката, за потребата за тоалет да не ги прекинува во тоа што го прават. Но, Никол Вајцман, медицинска сестра специјализирана за урогинекологија и здравје на мочниот меур во Axia Women's Health, предупредува дека оваа пракса треба итно да се прекине.

- Ова однесување може негативно да влијае на мочниот меур и да предизвика негова дисфункција. Имено, ако постојано уринирате „за секој случај“, вашето тело испраќа сигнал до мозокот дека треба да одите во тоалет дури и ако мочниот меур ви е само половина полн. Од друга страна, кога е целосно полн, ќе добиете итен сигнал веднаш да го испразните, што значи дека мокрењето кога мочниот меур не е барем половина полн може да го попречи овој биолошки регулиран процес – објаснува Вајцман.

Таа додава дека честото мокрење кога навистина нема потреба може да го „истренира“ мочниот меур да задржува помалку урина и така да ја наруши комуникацијата помеѓу мозокот, мочниот меур и мускулите на карлицата. Ова дополнително потенцијално води до симптом на преактивна бешика.

- Симптомите на оваа состојба може да вклучуваат чувство на ненадејна потреба за мокрење, што тешко се контролира, неволно протекување на урина по итна потреба за мокрење, често мокрење (осум или повеќе пати во 24 часа), будење двапати во текот на ноќта за уринирање (состојба позната како ноктурија ) - нагласува таа.

Исто така, луѓето може ненамерно да го научат својот мочен меур да сигнализира потреба за мокрење дури и кога има само мала количина на урина во него.

Инаку, колку често некој уринира во текот на денот може да варира од личност до личност. Сепак, Никол Вајцман вели дека просечен возрасен човек уринира пет до шест пати дневно. И важно е да се напомене дека честото мокрење е вообичаено за луѓе над 70 години, бремени жени или мажи со зголемена простата. Ако мислите дека имате хиперактивен мочен меур, постојат многу третмани, вклучувајќи промени во исхраната и внесот на течности, физиотерапија на мускулите на карлицата, лекови, нервна стимулација, па дури и ботокс за мочниот меур.

- Најдобро е да посетите лекар за да ги процени вашите симптоми и да го пронајдете третманот што најмногу ви одговара - изјавила таа.

Ако сакате да ја прекинете навиката за мокрење „за секој случај“, Вајцман препорачува да започнете со тренирање на мочниот меур - да го научите да полни, да складира и да ја празни урината во редовни интервали.

- Ова може да вклучува празнење на мочниот меур прво наутро, после појадокот, а потоа во редовни интервали во текот на денот. Треба да се обидете да го зголемите времето помеѓу интервалите. Избегнувајте брзање во тоалет веднаш штом почувствувате потреба за мокрење, а кога одите да уринирате, седнете на тоалетот во опуштена положба со двете стапала рамно на подот и не брзајте никаде – советува Вајцман.

Таа заклучува дека ова им овозможува мускулите на карлицата да се опуштат и да го олеснат празнењето на бешиката. Исто така, за да избегнете слабеење на мускулите на карлицата, не задржувајте ја урината долго време.

Морбидно: Со години го чувал мртвиот татко во замрзнувач, имал лудо објаснување (ВИДЕО)

Шокантниот случај ја потресе мирната заедница во Темпи (Аризона) и го привлече вниманието на локалните медиуми.

Сѐ започнало со пријава во полиција за тело скриено во замрзнувач, што бил оставен во двор на семејна куќа и покриен со церада.

На 22 октомври, службениците за спроведување на законот тропнале на вратата на Џозеф Хил Јуниор (51) и побарале да го видат неговиот татко Џозеф Постариот.

Бидејќи не го нашле во куќата, се вратиле во станицата и ја продолжиле истрагата, пренесува Daily Mail.

Така дознале дека синот со години земал пари од социјалното осигурување на татко му, па со налог за претрес се вратиле во Темпи.

Полицајците велат дека на Џозеф му се „променило“ однесување, а тој рекол дека во случај на претрес ќе пронајдат „нешто“ во замрзнувачот.

Замрзнувачот го нашле во дворот, без струја, а внатре пронашле човечки останки.

Тогаш синот признал дека татко му починал пред четири години. Ништо не пријавил за да не ја изгуби куќата.

Тој планирал да го закопа Џозеф Сениор на парцела што ја купил во Стробери, на околу стотина километри од Темпи. На крајот се откажал и го оставил телото во замрзнувачот.

Подоцна се обидел да го закопа во пустината, но секогаш налетувал на луѓе и се откажувал, вели тој.

Синот е приведен и ќе се појави на суд на 4 ноември.

притисни ентер