Шер (77) ја потврди врската со 40 години помладо момче

Во средата Шер се појави на ревијата на Balmain во Париз со 40 години помладиот рапер Александар Едвардс и со тоа и официјално потврди дека се во врска.

77-годишната пејачка насмеано позираше со своето 37-годишно момче на модната недела во Париз, а се чини дека парот се смирил откако беше објавено нивното разделување во мај.

Да потсетиме дека парот првпат беше виден во ноември 2022 година како се држат за раце во Лос Анџелес, а Шер првпат се појави со Едвардс на црвениот тепих во март оваа година кога се бакнуваа пред камерите.

Познатата пејачка на почетокот на годинава гостуваше во шоуто на Кели Кларксон и ја коментираше големата разлика во годините меѓу неа и Едвардс.

„Па, на хартија е смешно, но во реалноста навистина добро се согласуваме. Тој е фантастичен, а јас не им давам на мажите квалитети што не ги заслужуваат. Тој е многу љубезен, паметен, талентиран и навистина смешен. И мислам дека е прилично убав“, рече тогаш таа.

„Да не запознаев помлади мажи во мојот живот, никогаш немаше да излегувам бидејќи постарите мажи не ме сакаа толку многу“, додаде таа.

Инаку, Едвардс го има синот Слеш Електрик (3) со поранешната девојка Амбер Роуз, која неколку пати ја изневерувал.

Приведен жител од М. Речица, осомничен дека поставил знаме на Албанија на манастирот на П.Шапка

Приведено е едно лице од Мала Речица, кое се сомничи дека вчеравечер поставил знаме на Албанија на манастирот на Попова Шапка.

-Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер, околу 23:30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица. Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија, информираат од МВР.

По документирање на случајот против Ј.А., кој при симнувањето на црковното знаме бил со уште едно лице по кое се трага, ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Стојанче Ангелов на неговиот фејсбук профил меѓу другото напиша дека брзата реакција на институциите, но и јавниот притисок можат да ги намалат провокациите кои ја потпалуваат меѓуетничката нетрпеливост.

- Провокациите никако не треба да се премолчуваат туку на нив треба жестоко да се реагира. Само така ќе се обесхрабрат идните потенцијални провокатори. Реакцијата на општеството на вакви провокации треба да биде обединета и единствена без разлика на етничка, верска, политичка или било каква друга припадност. Верувам дека мнозинството Албанци го осудуваат овој варварски чин на сквернавење на црковното знаме. Единствено не видов претставник на албанските политички фактори во Македонија да излезе со јавна осуда на овој чин. А треба, напиша Ангелов.

Тој преку фејсбук го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети јавно да го осуди овој провокативен вандалски чин

МИА вчера објави дека две маскирани лица го симнале знамето на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија од јарбол пред храмот Свети Наум Охридски, по што е поставено знаме на Албанија. Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово. Настанот е евидентиран преку камери за видео надзор.

-Во 18.05 часот во СВР Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија, информира вчера Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Американски воен авион се урна во океан во близина на јапонскиот остров Јакушима

Американски воен авион „Оспри“ (Osprey) се урна во океан во близина на јапонскиот остров Јакушима, соопшти јапонската крајбрежна стража.

Во авионот имало осум лица и засега нема информации за нивната состојба.

Несреќата се случила околу 14:47 часот по локално време. Локалните жители пријавиле дека пламен се гледал на левиот мотор на авионот пред да падне во океанот.

Јакушима е еден од островите на архипелагот Охсуми во јапонската префектура Кагошима.

Кирби: Белата куќа е за продолжување на оперативната пауза во борбите меѓу Израел и Хамас

 САД поддржуваат натамошно продолжување на оперативната пауза на борбите меѓу Израел и Хамас за да се обезбеди ослободување на сите заложници во заробеништво, соопшти Белата куќа.

„Сакаме да ги видиме сите заложници ослободени. Ако може да се пролонгира паузата повеќе од овие дводневни продолжувања... ние сме за тоа. И ќе продолжиме да работиме на ова цело време со сите наши партнери во регионот, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

На прашањето за претстојната посета на државниот секретар Антони Блинкен на Блискиот Исток, Кирби рече дека неговата четврта посета првенствено ќе се фокусира на реафирмирање на американската поддршка за Израел и олеснување на хуманитарната помош во Газа.

Тој понатаму додаде дека Блинкен ќе се сретне со своите израелски колеги и со други претставници од регионот.

притисни ентер