Шампионот МЗТ Скопје Аеродром ги почна подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром стартуваа со подготовките за новата сезона во која избраниците на тренерот Васко Атанасов влегуваат со амбиции да ја одбраната двојната круна во македонското првенство и да обезбедат враќање во Јадранската лига.

Американецот Брандон Слај и Србинот Милош Копривица, се двете нови засилувања во составот на МЗТ Скопје Аеродром во чиј редови Атанасов за новата сезона на располагање ќе има и браќата Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ, Марин Петков и Хрватот Марко Баковиќ.

МЗТ Скопје Аеродром новата сезона ја почнува на 24 септември со дуелот против Теодо Тиват на домашен терен од АБА2-лигата.

Дневен хороскоп за 26. ноември 2024 година

Дневен хороскоп за вторник, 26. ноември 2024 година. 

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Некои можеби се уморни од сè, некои се вкочанети и не очекуваат ништо повеќе, а некои уживаат во осаменоста.

Кариера

Целите кон високо ниво, за што се потребни одредени квалитети и квалификации. Бидете сигурни дека имате сè што ви треба.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денеска би можеле да комуницирате со пријателите и да ги разрешите вашите љубовни грижи со нивна помош.

Кариера

Ќе се посветите на два фронта: оној редовен и оној што вклучува големи планови за иднината.

Здравје и совет

Обидете се да живеете поуредно, и тоа е добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Покрај малите дневни задоволства во двојка, денеска заедно ќе разговарате за некои подлабоки филозофски теми.

Кариера

Вашата кариера веќе не е проблематична, туку напротив. Ова се вашите пет минути во деловното работење и искористете најголем дел од нив.

Здравје и совети

Спортувајте.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денеска ќе ве направи среќни чувството за дружељубивост, па доколку имате можност ,излезете меѓу луѓе.

Кариера

Сè што вклучува соработка, контакти и споделување на идеи, ќе ви биде подобро денеска од вообичаеното. Здравје и совет

Ќе се чувствувате посилни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе има мала привремена конфузија во комуникацијата со партнерот, и малку фрустрација. Сепак, ќе издржите сè херојски.

Кариера

Мали дискусии со претпоставените за поставување норми и работни критериуми. Бидете што е можно пореални.

Здравје и совет

Нервоза

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако сте колку што е можно поразумни, денеска ќе се потрудите да не зборувате премногу. Тежи секој збор.

Кариера

Вашите газди ќе бараат одредени активности за кои сметате дека се неразбирливи. Сепак, не се расправајте,туку прифатете.

Здравје и совет

Ќе бидете малку фрустрирани, но ќе помине.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ако сте во двојка ќе излезете и ќе си поминете одлично. Ако сте сами, излезете па макар и за момент.

Кариера

Ја сфаќате важноста од воспоставување добра соработка со другите. Тие ви даваат, но сега почнете и вие да давате.

Здравје и совет

Подобро е да верувате, отколку да се сомневате.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Поканата за дружење ќе биде по ваш избор. Ако ја прифатите и излезете, добро ќе си поминете.

Кариера

Размислувате како да вклучите професионалци во бизнисот. Анализирајте ги можните кандидати.

Здравје и совети

Имате смисла за хумор.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Малите фрустрации ќе бидат поврзани со истовремената потреба за интимност и социјализација, поточно со околината.

Кариера

Она што другите предлагаат, анализирајте го полека и во мир за да бидете целосно објективни.

Здравје и совет

Ослободете се од нездравата исхрана.

Девица 23.8.-23.9.

Ќе најдете упориште во смислата за сочувство кон другите. Ќе бидете отворени и внимателни кон другите.

Кариера

Не ​​сте сигурни дали отворено да кажете што мислите. Ви недостасуваат повеќе информации за да имате целосна слика. Почекајте

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Одличен ден за дружење, излегување и склопување нови познанства, па дури и преку интернет. Оние што се млади можат да поминат особено добро.

Кариера

Не ​​двоумете се дали треба да воведете некои иновации во работниот процес. Во исто време, ќе биде важно да го направите тоа на убав начин.

Здравје и совет

Подобрување.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашата фаза на ловечки приказни би можела да продолжи и денес. Бидете внимателни да не започнете да ги нервирате другите. Врските се добри.

Кариера

Веројатно ќе направите мал попис на една тема што ќе ви донесе мало задоволство.

Здравје и совет

Не претерувајте со колачи.

Можете ли да си ги допрете прстите на нозете?

Овде секој сантиметар е важен, а ако почувствувате болка во одреден дел од телото, состојбата е сериозна!

Семјуел Чен е физикален терапевт од Њујорк, кој открива на што задолжително треба да внимавате.

Како што старееме, вежбањето е сè поважно, особено истегнувањето, кое многу луѓе го занемаруваат. Ова е голема грешка бидејќи флексибилноста е вистински показател за здравјето. Многу едноставна вежба, која подразбира да се наведнете и да се обидете да си ги достигнете прстите на нозете, може да биде првиот сигнал дека нешто можеби не е во ред.

Редовното истегнување може да ви помогне да го подобрите вашето држење, да се ослободите од мускулната напнатост и да го намалите ризикот од повреда.

Одличен показател за флексибилноста е оваа едноставна вежба. Обидете се да се наведнете и да ги допрете прстите на нозете споени една до друга и исправени во колената.

Ако не можете да го направите тоа, крајно време е да работите на вашата флексибилност.

Овој физиотерапевт од Њујорк, открива што вашето тело се обидува да ви каже доколку не можете да ја направите оваа вежба.

Чувствувате грчеви во задниот дел на нозете и листовите

Можеби вашето тело ви вели: Имате слаби потколеници.

– Понекогаш слабоста во телото може погрешно да се протолкува како слаба флексибилност – вели Чен.

Во некои случаи, чувството на стегање или затегнатост во задниот дел на нозете додека се обидувате да ги допрете прстите, всушност може да укажува на слаби потколеници наместо на недостаток на флексибилност.

Чувствувате затегнување во долниот дел на грбот

Можеби вашето тело ви вели: Имате проблем со слаба подвижност и оштетување на нервите.

Вежбите за подвижност, како што е активното истегнување на потколениците, можат да помогнат во ублажување на оваа непријатност.

Сепак, освен на вежбањето, важно е да внимавате и на вашето држење, како и на тоа како седите.

- Бидејќи ишијасот доаѓа од 'рбетниот столб, седењето е многу важно, обидете се да имате потпора на долниот дел од грбот - советува Чен.

Покрај тоа што целото стапало треба да го допира подот доколку седите подолго време, ставете перница на столчето за да дополнителна поддршка, пренесува livestrong.com.

притисни ентер