Шахпаска: ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести, септемвриските плати во јавниот сектор повисоки за пет отсто

Вработените во јавниот сектор за месец септември ќе добијат повисока плата за пет проценти од досегашната.

Платата ќе биде исплатена во законски предвидениот рок до 15ти во месецот.

Владата предводена од СДСМ за ова покачување на платите и за подобрување на животниот стандард има обезбедено финансиски средства.

ВМРО-ДПМНЕ и нејзините пратеници шират лажни вести и создаваат лажна грижа кај граѓаните.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која парите ги трошеше на барок и стиропор, СДСМ се грижи за граѓаните и обезбедува средства за подобрување на нивниот стандард.

Од минатата година до денес покачена е платата за 10% на медицинските сестри и 15% на докторите специјалисти, покачена е платата во образованието, обезбедена е финансиската состојба на 12 илјади стечајци.

СДСМ продолжува со мерките кои се во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Изјава за медиуми на Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ

“Ветувањата ги остваруваме, oвде од  Македонска Каменица започнавме уште на почетокот на мандатот и веќе во 2018 година Владата на СДСМ обезбеди бенефициран стаж за рударите.“

„Луѓето со најтешка и најпочитувана професија заслужуваат уште повеќе, социјалдемократите го ценат трудот на работникот, секогаш сме биле први во заштита на работничките права и во обезбедување на социјална правда, зашто човечкиот капитал е највреден. И сега остануваме на истите принципи, гарантираме уште повисоки плати и пензии, зашто еднаш веќе тоа го направивме”, рече носителката на листа во третата изборна единица, Сања Лукаревска.

Лукаревска истакна дека СДСМ ќе продолжи со силна поддршка на домашната економија за побрз развој, за повеќе работни места, за повисоки плати и подобар стандард, со 180 милиони евра директна поддршка за домашните компании, 3,5 милијарди евра за капитални инвестиции, 1 милијарда и 350 милиони евра инвестиции за земјоделството, од кои 750 милиони евра директна финансиска поддршка.

“Ќе продолжиме со континуирана поддршка на земјоделците, но и на младите, на жените, од земјоделството да направат успешен бизнис за подобар стандард дома. За младите земјоделци што го превземаат земјоделското семејно стопанство грант од 20 000 евра. За жени земјоделки, за бизнис за преработка на примарното производство, финансиската поддршка се зголемува од 6 000 на 10 000 евра. Вложуваме во повеќе работни места и подобри плати, обезбедуваме по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на млади до 26 години. Затоа на 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад, во сојуз со граѓаните да продолжиме да работиме за просперитетна, напредна и модерна држава за сите, за подобар живот дома”, се наведува во партиското соопштение.

Православните христијани го одбележуваат Велики Петок

Велики Петок денот кога Исус Христос починал на крст во шестиот час од денот. 

Во христијанстовото денеска е најтажниот ден, но суштината на овој ден е дека по смртта има воскересние. Во црквата Света Петка верниците со молитви за прошка и со големо внимание ги слушаа читањета на извадоци од евангелијата за страдањето на синот божји за сите откажувања од него, но и за оние кои верувале дека Исус е синот божји. Во моментот на неговата смрт завесата во ерусалимскиот храм се преполовила, сонцето се замрачило, ѕвоната распукале, а мртвите станале од гробовите.

По прочитаните евангелија во црквата се стави симболот на светиот гроб прво под него поминаа светштениците, а со благослов и верниците. Утринската литургија исполнета со читања, молитиви и пеењето на хорот со децении е симбол за верувањето во Бога на 82 годишната баба Зора. Со бастумчето нога пред нога доаѓа со молба и здравје за нејзините внуци и да им се радува во животот. За сите нејзини чеда пали свеќа. Годините и го намалиле видот, но вербата во молитвата и вербата кон Бога останува. Милно вели: „не гледам да запалам свеќа, но со божја волја и помош од вас присутните пламенот од моите свеќи ги има на овој ден“.

Православниот канон предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. За овој ден црквата пропишува најстрог пост, во знак на таговно сеќавање на настаните. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.

Легендата на Ливерпул: Салах е најсебичниот играч кој некогаш сум го видел

Грејм Сунес, легендата на Ливерпул, кој со клубот од „Енфилд“ освои пет титули во Премиер лигата и три европски купа, го нарече Мохамед Салах најсебичниот играч што некогаш го видел.

Откако Салах пристигна во Ливерпул во трансфер од Рома во 2017 година, тој одиграл 346 натпревари за клубот, постигнал 210, асистирал на 88 гола и освоил сѐ што било можно со клубот. Сонес верува и дека Салах наскоро ќе го напушти „Енфилд“.

Сонес зборувал за Салах по инцидентот на египетскиот напаѓач на натпреварот против Вест Хем, кога тој се расправаше со тренерот Јирген Клоп на страната на теренот. Англиските медиуми се занимаваа со ситуацијата неколку дена по натпреварот, а успеаја да допрат до професионален читач на усни.

Тој открил дека Клоп го прекорувал Салах затоа што бил премногу бавен за да се подготви за натпреварот, по што почнала расправијата. „Не можам да сторам ништо околу тоа“, промрморел Салах, без одговор од Клоп. Салах толку се вознемирил што почнал да вика дека ќе добие црвен картон кога ќе влезе:

„Ќе добијам црвен картон. По седум години, по седум години играње, по седум години играње“, извикал египетскиот напаѓач. Потоа беше смирен од соиграчот Дарвин Нуњез. По натпреварот, Салах прошетал низ зоната за интервјуа и одбил да застане и да даде подолга изјава, објави Атлетик. Пред новинарите кратко застанал и само рекол: „Ако зборувам денеска, ќе има оган“.

Сонес коментира вака:

„Мислам дека Мохамед Салах ќе го напушти Ливерпул. Беше одличен и ако замине во Саудиска Арабија ќе стане најголемата ѕвезда таму. Има многу високо мислење за себе и беше лут што не го започна натпреварот против Вест Хем. Тој е најсебичниот играч што некогаш сум го видел.

притисни ентер