Мајкл Џордан бил тајниот купувач на „ѕвер“ од 2 милиони долари, правен по нарачка (ФОТО)

Легендарниот НБА кошаркар Мајкл Џордан стана сопственик на уникатна копија на италијанскиот спортски автомобил „Pininfarina Battista Targamerica“, електричен хиперавтомобил со моќност од 1903 КС, чија вредност надминува 2 милиони долари.

Овој модел, кој е направен по специјална нарачка, неодамна му е доставен на кошаркарската легенда, чие богатство се проценува на 3,5 милијарди евра. Џордан е единствениот сопственик на автомобилот, а за прв пат беше прикажан на јавноста во август на неделата на автомобили во Монтереј, кога италијанскиот производител на автомобили објави дека возилото го купил „познат колекционер на автомобили“, објави Дејли Меил.

Сега е откриено дека Мајкл Џордан е тој колекционер. Она што го издвојува овој автомобил, покрај импресивната моќ, се и алуминиумскиот држач за пури и овлажнител, кои се наоѓаат помеѓу предните седишта - детал кој секако е прилагоден на добро познатото уживање во цигарите на Џордан.

Неговиот нов „Battista Targamerica“ го задржува електричен погонски систем со четири мотори, кои заедно развиваат 1903 КС и 2340 Nm вртежен момент, овозможувајќи му на овој автомобил да забрза до 100 km/h за само 1,86 секунди, додека максималната брзина достигнува 350 km /h.

Познато е дека Џордан има голема страст за луксузни спортски автомобили. Така во 2023 година купил еден од ретките примероци на „Venom F5 Roadster“ за цели 3,5 милиони евра.

Новиот електричен хиперавтомобил на Џордан, за кој се верува дека вреди над 2 милиони долари, пристигнал во неговата колекција на почетокот на октомври.

Марк Руте во посета на Турција и Грција

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска и утре ќе ги и посети Турција и Грција. 

Како што соопшти Алијансата, Руте денеска ќе престојува во Анкара, каде ќе има средби со претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и со турските министри за надворешни работи и за одбрана, Хакан Фидан и Јашар Ѓулер.

Руте ќе има средба со претставници на турската одбранбена индустрија, а ќе посети и фабрика на „Турската воздухопловна и вселенска индустрија“ (ТУСАШ).

Предвидено е генералниот секретар на НАТО да положи и венец на мавзолејот на основачот на турската република Кемал Ататурк.

Утре, пак, Руте ќе престојува во Атина, каде ќе се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и со министрите за надворешни работи и за одбрана на Грција, Јоргос Герапетритис и Никос Дендиас.

Пронајдени пиштоли и куршуми кај жител на Романовце

Во кумановското село Романовце вчера во 10.00 часoт полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.С.(30) од село Романовце.

МВР денеска соопшти дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Зораки“ со рамки и една кутија со 30 куршуми калибар 9 мм.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Лајчак: Следниот состанок на главните преговарачи на Белград и Приштина ќе биде во декември

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, најави дека, во рамки на дијалогот во Брисел, следната средба на ниво на главните преговарачи на двете страни ќе се одржи во декември годинава.

Лајчак ова го објави на Фејсбук, мислејќи на „продуктивните и проникливи“ претходните две недели, во кои ги посети Женева, Тирана и Париз.

„Со моите соговорници во Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Кеј д’Орсеј и на други места, имав важни дискусии за дијалогот и за патот напред. Овие разговори се клучни за обликување на работата што ја врши мојот тим додека се подготвуваме за претстојниот состанок на главните преговарачи во декември. Со нетрпение го очекувам следниот период“, изјави Лајчак.

На 24 октомври во Брисел се одржа последната средба на ниво на главните преговарачи на Белград и Приштина, на која имаше и трипартитна средба меѓу Лајчак и главните преговарачи Петар Петковиќ и Бесник Бислими. Лајчак потоа по средбата рече дека се разговарало за имплементацијата на Охридскиот договор, кој, како што наведе, суштински допрва треба да започне.

притисни ентер