Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за здравство, Комисијата за европски прашања, а по две седници ќе одржат и Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на седницата на Комисијата за здравство се повеќе закони во прво читање, меѓу кои Предлог закон за изменување на Законот за здравствената заштита, Предлог законот за изменување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, Предлог законот за изменување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, Предлог законот за изменување на Законот за евиденциите во областа на здравството….

Пред членовите на Комисијата за европски прашања ќе се најдат Предлог законот за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи, и двата во прво читање.

На дневен ред на седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија се измените и дополнувањата на Законот за електронските комуникации, на Законот за водите и на Законот за заштита на природата, сите во прво читање.

Во законодавниот дом за денеска е закажано и основање на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија.

Во 14 часот во седиштето на ВМРО- ДПМНЕ,средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и „ВРЕДИ”

Денеска во 14 часот, во, седиштето на ВМРО- ДПМНЕ, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ВРЕДИ”, ќе одржат  средба за договор за формирање на новата влада.

Досега на лидерската средба се договорени општите начела на соработка која ќе се базира на три цели: евроинтеграции, економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Изет Меџити претходно изјави дека владата ќе има околу 80 пратеници.уставните измени се приоритет за нив, а со ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат меѓународни гаранции.

.

Царинска управа: Запленети 4,8 килограми злато при влез на ГП Богородица

Царински службеници запленија 4,8 килограми златен накит со проценета вредност од 20,4 милиони денари, по контрола на автобус на граничниот премин Богородица при влез во државата.

Како што соопшти денеска Царинска управа, царинските службеници на граничниот премин Богородица селектирале автобус кој сообраќал на линија Истанбул - Гостивар, при што бил извршен детален претрес.

Во пределот за багаж била пронајдена црна торба, во која во девет пакетчиња обвиткани со најлон е откриено злато со тежина од 4,8 килограми. Возачот кој првично изјавил дека нема ништо за пријавување по откривање на златото потврдил дека торбата е негова.

-Нашите царински службеници се грижат за забрзан транспорт на легална трговија, но истовремено ги штитат приходите на државата спречувајќи шверц и криминал. Во случајот е спречено избегнување плаќање увозни давачки во износ од 5 милиони денари, се наведува во соопштението од Царинска управа.

Случајот, како што велат од Царинска управа, е преземен од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги при што против возачот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија. Златото согласно закон ќе биде предадено во Народна банка.

„Гответе со Дракче“ - Гибаница од бајат леб

Во среда  (15.05.2024) во емисијата гостин ни беше Влатко Плевнеш.

Состојки за денешниот рецепт:

1 бајат леб

500 мл. минерална вода

3 јајца

500 гр. кисело млеко или јогурт

100 гр. сирење

200 гр. кашкавал

микс од сувомесни производи

(печеница, сланина, свински врат и др.)

масло

зачини по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер