„Гответе со Дракче“ - Гибаница од бајат леб

Во среда  (15.05.2024) во емисијата гостин ни беше Влатко Плевнеш.

Состојки за денешниот рецепт:

1 бајат леб

500 мл. минерална вода

3 јајца

500 гр. кисело млеко или јогурт

100 гр. сирење

200 гр. кашкавал

микс од сувомесни производи

(печеница, сланина, свински врат и др.)

масло

зачини по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Директорот на БЈБ Јанев во посета на граничните премини Богородица и Дојран

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев денеска, заедно со својот тим, ги посети OВР Гевгелија, граничните премини Богородица и Дојран, како и ОВР Валандово и ПС Дојран.

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев денеска, заедно со својот тим, ги посети OВР Гевгелија, граничните премини Богородица и Дојран, како и ОВР Валандово и ПС Дојран, каде беше информиран за тековните активности за работењето на службите кои се во надлежност на СВР Струмица и Oдделот за гранични работи, за проблемите, потребите и предизвиците со кои тие се соочуваат во текот на нивното секојдневно работење.

Како што информираат од МВР, Јанев посебно се осврна на потребата од координирано и синхронизирано работење на граничната полиција и Секторот за внатрешни работи Струмица, во насока на секојдневна размена на информации за критични и жешки точки кои се користат од страна на криминални групи или поединци за прекуграничен криминал. Тој ја потенцира потребата полициските службеници да имаат блиска соработка со царинските службеници, посебно на граничните премини, со цел заедничко и ефективно работење во насока на превенирање, откривање и спречување прекугранични нелегални активности.

-Заштитата на државната граница, борбата против прекуграничниот криминал и организираниот криминал се активности за кои во најголем дел носител е полицијата и затоа сите полициски службеници мора крајно одговорно, со силен интегритет и максимална посветеност, да се вложуваат во секојдневното работење, посочуваат од МВР.

Нагласуваат дека при посетите се разговараше и за идеите и начините кои би можеле да помогнат протокот на патници, возила и стоки да биде поефикасен. Исто така, се разговараше и за подобрување на соработката со локалните власти и заедницата и соодветно исправање пред предизвиците од безбедносно функционален аспект со кои се сочуваат локалните заедници.

Донев: Владата обезбеди средства за обиколницата кај Новаци, претходната власт го заборави

На денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев.

На денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев кој образложи во однос на поднесениот амандман дека владата ја нема тргнато настрана Општина Пласница а доказ за тоа дека се издвоените пари од кредитот, исто така наведе дека претходната власт оставила недовршени проекти, како проектот со регионалната депонија во Општина Новаци, за кои оваа влада успешно изнаоѓа решенија.

„Издвоени се, како што кажа заменик министерот, 11 милиони и 500 илјади денари од кредитот кој што беше поделен по општините, односно, локалните самоуправи. До година сумата ќе биде уште поголема. Ќе спомнам еден проект кој што го започна претходната влада, тој проект започна во 2021 година, а тоа е за изградба на регионална депонија во општина Новаци. Тој проект цели три години беше тргнат настрана и овие средства кои што беа издвоени не беа искористени за да се изгради таа регионална депонија, која што ќе го реши проблемот со ѓубрето од Општина Дебар до Општина Прилеп“, изјави Донев.

Тој посочи, исто така, дека од страна на Владата се обезбедени средства за изградба на обиколницата кај општина Новаци, и дека во моментот тече тендерот за набавка на канти за ѓубре и механизација, сметајќи дека сето тоа ќе придонесе за подобро функционирање на локалните самоуправи.

„Владата во изминативе три месеци обезбеди средства за изградба на обиколницата кај општина Новаци, со што се одблокира целиот проект. Таму ќе се изгради обиколница која ќе овозможи сите тие камиони кои што депонираат ѓубре, да ја заобиколуваат општина Новаци и ѓубрето да се депонира близу Рек Битола. Сакам да ве информирам, во моментот тече тендерот за набавка на механизација и канти за ѓубре за сите општини. Сите тие камиони и канти ќе бидат поделени на сите општини од Општина Дебар до Општина Новаци, односно Општина Прилеп“, рече Донев, се наведува во партиското соопштение.

Петкоска: Пресреќна сум што СДС се конечно креативни со амандмани за развој на туризмот

„Многу сум позитивно изненадена колега Митревски. Значи вие коишто седум години, токму на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и кратевте средства, трошки остававте за развој на туризмот, денес поднесувате амандман за велосипедска патека“

„Многу сум позитивно изненадена колега Митревски. Значи вие коишто седум години, токму на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и кратевте средства, трошки остававте за развој на туризмот, денес поднесувате амандман за велосипедска патека“, вели Лидија Петкоска, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, во текот на денешната амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година во рамките на Комисијата за финансирање и буџет.

Петкоска е пресреќна што опозицијата после цели седум години власт се конечно креативни и се потрудиле да осмислат амандман за изградба на велосипедски патеки на планината Јабланица и што после седум години им текнува да помислат на туризмот и проекти во насока на развој на истиот.

„Само се прашувам, зошто оваа креативна идеја не му ја предложивте на вашиот градоначалник Рамиз Мерко, па уредно да си аплицираше со проект и да си извлечеше средства од оние 250 милиони евра кои оваа Влада ги намени за развој на општините. Арно ама, вашиов градоначалник Рамиз Мерко наместо да си аплицира уредно за проекти имаше многу побитни работи, како што беше да си обезбеди 67 000 евра за Ауди, да си прави се и сешто, па дури и да стигне до црната листа на САД“, вели Петкоска, се наведува во партиоското соопштение.

притисни ентер