Се враќа интересот за одгледување сончоглед, новите договори со гарантирана цена

Со договорно производство, годинава се откупени три пати повеќе количества сончоглед од лани. Заштедени се девизи за увоз, а и кај земјоделците се врати желбата да сеат, па оваа култура полека се враќа на нашите ниви.

Ова е резултатот од проектот Договорно производство на сончоглед 2019 во организација на Асоцијацијата на производители на сончоглед, откупувачот – фабриката „Благој Ѓорев" од Велес и Владата.

– Лани откупивме 2.300 тони, годинава со договорното производство имаме околу 7.000 тони сончоглед од домашно производство. Задоволни сме од откупот, заштедивме девизи за увоз, а не охрабрија и земјоделците со желбата да сеат и полека да го враќаме сончогледот на македонските ниви, изјави генералниот директор на „Благој Ѓорев", Горанчо Лазов.

Земјоделците се задоволни од соработката со фабриката. Велат дека била коректна и го почитувала договорот.

– Годинава имавме зголемен интерес за сеење сончоглед поради сигурниот пласман, но и зголемените субвенции од страна на државата која излезе во пресрет на нашите барања. Уште да не послужеше времето, ќе имавме рекордни приноси, истакна претседателот на Асоцијацијата на производители на сончоглед, Никола Петковски.

Со ова позитивно искуство од реколтата 2019, работната група ја најавува новата кампања на Договорно производство за 2020 година.

– Ќе одржуваме трибини, средби со земјоделците во цела држава каде што успева оваа култура и ќе разговараме како до повисоки приноси и подобар квалитет. Разговараме со Лазов, во договорите да има и загарантирана цена под која нема да може да се оди. Ако на берзата цената е повисока, тогаш да се доплати до берзанската цена. Сметам дека ова ќе значи уште поголем мотив за производителите заедно со значително зголемените субвенции за сончоглед од страна на државата, рече Ленче Николовска од Агротим.мк – специјализирана платформа за информации од агркомплексот и агроберза.

Во работната група за Договорното производство на сончоглед е вклучена и фирмата „Биспромет Агроцентар" од Битола, преку авансирање семе и други репроматеријали во соработка со „Благој Ѓорев".

– Во соработка со „Благој Ѓорев", ќе им дадеме на земјоделските производители семенски материјал и други репроматеријали на одложено плаќање. Нашите семиња се висококвалитни, од познати еропски и светски семенарски куќи, докажани во светот и гарантираат висок и квалитетен принос. Особено е важно што сортите се прилагодени на нашите климатски и почвени услови со цел земјоделците да добијат висок принос и да заработат од производството, рече директорот на „Биспромет Агроцентар", Никола Ѓероски.

Кампањата ќе почне следната недела со трибина во Битола, а потоа се планирани средби со земјоделците во Прилеп, Свети Николе, Велес, Куманово, Битола и други региони каде што успеава сончогледот./МИА

Демократи: Нема веќе како до сега

Криминалните партии и за оваа кампања и избори се прават како и до сега - ветуваат ридови и долини, лажат и манипулираат - демек меѓу себе се критикуваат и расправаат, а од позадина се договараат и прават се исто - како и до сега! 

Сакаат пак да ни ги исперат мозоците, да ни ги изманипулираат емоциите, пак да гласаме за нив и пак исто да владеат и да не крадат - како и до сега!

Нема никаква разлика од порано:

- СДС ќе не внесува во ЕУ, ама ќе си мести тендери и ќе ги краде европските пари - како и до сега!

- ДРПНЕ ќе не брани од лошите бугари, и ќе не одбрани како што не одбрани од лошите грци, од промената на името Македонија, од терористите 2001 г, од територијалната прераспределба... И ќе си краде, пере и рекетира буџетски пари од општините и од буџетот - како и до сега!

- ДУИ ќе се бори за правата на албанците во Македонија и регионот, на штета на државните интереси и буџетот, ќе се бори за што повеќе институции да водат албанци и ќе си местат тендери и перат пари, а државата ќе пропаѓа и албанците ќе се иселуваат - како и до сега!

- И сите тие ќе си прават затворени изборни листи и ќе ги рангираат кандидатите според спремноста да крадат за партијата и да ги чуваат криминалните партиски тајни, нема да дозволуваат да се промени изборниот закон и да се воведат отворените листи, и ќе си ги прават истите изборни измами и криминали - како и до сега!

Епа нема веќе да биде како до сега - доаѓаме ние ДЕМОКРАТИ, и правиме политичка револуција!

На овие избори ние граѓаните имаме можност и опција да гласаме за партија која ја разбива оваа политичка мафија, овие крвници и душмани на граѓаните и државата - и затоа сега сите ќе гласаме за ДЕМОКРАТИ!

Ние ДЕМОКРАТИ, заедно со граѓаните, сме хероите на денешното време - бидејќи само ние се бориме за итно воведување на отворените изборни листи, и со нив за враќање на државата и власта на граѓаните!

Ние ДЕМОКРАТИ не се плашиме од заканите на политичките криминалци, и со граѓаните херојски ќе одолееме на сите притисоци, манипулации, закани и уцени.

На избори, смело и одлучно, сите граѓани гласаме за себе, за нашите семејства и деца, за Македонија, за иднината - и за 16 ДЕМОКРАТИ!

И така по изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега, ќе ги сузбиеме криминалот и корупцијата, ќе се почитуваат и спроведуваат законите, и со ДЕМОКРАТИ и отворените листи - на сите во Македонија незапирливо ќе ни тргне на подобро!

ДЕМОКРАТИ: ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Родителите на децата со посебни потреби водат живот што може да го разберат само оние кои тоа го доживеале или имаат такви семејства во нивната непосредна околина каде живеат.

Живот полн со одрекување и жртвување со дете кое не може самостојно да обавува некои основни дневни потреби како одење во тоалет, облекување, не може само да јаде храна, често не комуницира или има комбинирани психомоторни проблеми.

Како пријател на повеќе такви родители потполно ја разбирам суштината на темата, едниот родител тешко може да воспостави работен однос и притоа да се грижи за своето дете, тоа е како секогаш дома да има мало бебе, тоа е особено тешко по навршувањето на 25-та година од детето, кога престануваат сите организирани училишни и воннаставни активности за овие деца и оттогаш тие практично се насочени исклучиво кон нивните семејства. Поради неможноста истовремено да се работи и да се грижи за дете, често тие семејства што имаат дете со посебни потреби се сиромашни и во немаштии.

РЕШЕНИЕТО за статусот на родители на деца со посебни потреби е донесување на закон „родител - негувател“ со кој државата би можела да обезбеди плата за еден родител согласно слични решенија кои ги имаат развиените европски земји и некои земји во нашата околина. Ваков еден закон треба да биде усвоен во Собрание на Македонија.

Ниту една влада во Македонија досега нема донесено ваков закон, а тоа им оди на душа на сите претходни влади и никогаш до собрание не стигнал еден таков предлог.

ДЕМОКРАТИ нудат квалитетен предлог-закон „родител - старател“.

Родителите на децата со посебни потреби треба да знаат дека тоа што немаат поддршка од државата каква што би требало да имаат, можат само да им се заблагодарат на оние кои владеат со Македонија 33 години

кои немаа политичка волја да го решат ова прашање.

Апелираме на разумот и совеста (ако ја имаат) и повикуваме одма по формирање на идниот парламент (кој и да го формира) веднаш да влезе во процедура и прв приоритет да им биде овој закон и истиот да се донесе за доброто на сите семејства на деца со посебни потреби, се наведува во партиското соопштение.

Кина ја лансираше сондата, што ќе собира примероци од темната страна на Месечината (ВИДЕО)

Кина денеска започна двомесечна беспилотна мисија за собирање примероци од темната страна на Месечината, што е прв пат некоја земја да го стори тоа.

„Долгиот марш-5“, најголемата кинеска ракета, беше лансирана во 17:27 часот по локално време од центарот за лансирање Венчанг лоциран на јужниот остров Хаинан. Ја носи осумтонската лунарна сонда Chang'e-6.

Целта на сондата е да слета на темната страна на Месечината, онаа која секогаш гледа обратно од Земјата, каде што ќе собира примероци.

Ова лансирање е нова пресвртница во вселенската програма на Кина.

„За нас е малку мистерија како Кина успеа да развие толку амбициозна и успешна програма за толку краток временски период“, рече Пјер-Ив Меслин, француски научник кој работел на една од научните цели на мисијата.

Претходната мисија Chang'e-4 во 2018 година беше првото вселенско летало без екипаж што слета на темната страна на Месечината, а во 2020 година Chang'e-5 врати примероци од сателит на Земјата за прв пат по 44 години.

Мисијата лансирана денеска би можела да биде првата што ќе донесе примероци од далечната страна на Месечината, пишува Ројтерс.

Сиљановска-Давкова на трибина во Велес на тема: "Ранливи категории"

Во рамките на претставувањето на клучните точки од Програмата „Македонија повторно горда“ петтата трибина на тема: "Ранливи категории". 

На трибината свое обраќање имаше кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова. Исто така, беше промовирана и аудио-верзијата на програмата „Македонија повторно Горда“. На трибината учество зедоа преставници на различни групи на ранливи граѓани.

Сиљановска-Давкова истакна:

"Оние кои ме познаваат знаат дека нема луѓе со хендикеп, туку има држави со посебни потреби, како нашава.

Член 9 од Уставот е нецелосен, мора да се прошири со лицата со посебни потреби.

Никој подобро не може да ги застапува овие лица, од самите тие, преку нивна промоција во разни сфери.

Оваа држава не смее да се откаже од лицата со посебни потреби. Можеби им треба повеќе време за изразување, но ние имаме човечка обврска да го браниме и поддржиме тоа. Тоа е само различен начин на изразување, а не хендикеп.

Јас секогаш ќе водам сметка за сите категории на луѓе, вклучително и за овие лица. Тие луѓе можат на еден поинаков начин да придонесат за развојот на општеството.

Пресреќна сум што ВМРО- ДПМНЕ даде шанса на оваа категорија на луѓе да се промовираат себеси.

Јас ќе бидам промоторка и заштитничка на ранливите категории на луѓе, за да имаат шанса да го докажат она што го знаат."

притисни ентер