СДСМ: За првпат исплатени 30 отсто повисоки субвенции за секој фармер

Политиките на СДСМ за поттикнување на земјоделството и руралниот развој даваат резултати.

СДСМ го остварува најавеното во својата програма и за прв пат се исплатени субвенции повисоки за 30 насто на секој фармер што во споредба со претходната година го зголемил основното стадо.

Со оваа мерка на сметките на 7.101 субјекти, кои го зголемиле основното стадо со говеда, овци, кози, маторици, несилки, и пчелини семејства, се исплатени над 27 милиони денари.

Сите фармери, кои земале субвенција за директни плаќања за грла говеда, за обележани грла на овци, за грла кози, женски приплодни грла на маторици и презимени пчелини семејства, а го зголемиле бројот на основното стадо, добиваат дополнителна субвенција од 30% за секое грло, за кое е зголемено стадото во однос на претходната година.

Оваа мерка има за цел да го поттикне развојот на домашното сточарство, преку зголемување на основните стада.

Со тоа во државата се зголемува и базата за производство на месо, млеко и мед и се обезбедува поевтина суровина која е важен инпут во месната и млечната индустрија.

Мерките на СДСМ се насочени кон унапредување на условите за развој на сите земјоделски гранки, во сите региони, со навремени и неселективни субвенции, зелена нафта, програмите за млади земјоделци, за жени земјоделки, програмите од ИПАРД фондовите, со што се овозможува раст на домашната економија.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Следува период на променливо облачно време со локален дожд

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре, во ноќта кон петок и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи за 2 до 4 степени.

По ерупцијата на вулканот Руанг во Индонезија, се уште трае евакуацијата на населението

 Стотици жители на индонезискиот остров Тагуланданг денеска чекаа на пристаништето на островот да бидат евакуирани, додека сив чад продолжи да излегува од кратерот на вулканот Руанг.

Вулканот на островот Руанг еруптираше вчера и исфрли лава, поради што властите евакуираа повеќе од 12.000 луѓе од блискиот остров Тагуланданг.

По вчерашната ерупција, индонезискиот Центар за вулканологија и геолошки опасности го подигна нивото на тревога за вулканот Руанг на највисоко ниво и ги предупреди жителите на островот Тагуланданг дека паѓањето на карпите и лавата во океанот може да предизвика цунами.

„Персоналот за пребарување и спасување од Манадо евакуира 109 жители на Тагуландан до пристаништето Мунте, додека стотици се уште чекаат во пристаништето Минанга да бидат евакуирани“, соопшти денеска Националната агенција за пребарување и спасување.

Жителите ќе бидат евакуирани во областа Северна Минахаса на индонезискиот остров Сулавеси. Властите го продолжија прекинот на работењето на аеродромот „Сем Ратуланги“ во Манадо до утре во 12 часот. /МИА

Штербик преживеа срцев удар

Поранешниот ракометен голман на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар, објави унгарскиот клуб Веспрем.

Во информацијата на клупската страница на Веспрем стои дека Штербик вчера наутро имал срцев удар и веднаш бил хоспитализиран.

- Нашиот тренер на голманите Арпад Штербик не патуваше со тимот за мечот од ЛШ со Алборг. Арпи се чувствуваше лошо утрото, отиде во болница каде што му беше дијагностициран срцев удар. Благодарение на брзата лекарска интервенција, Штербик денеска се чувствува подобро и веќе утре би требало да го напушти одделението за интензивна нега. Му посакуваме на Арпи брзо опоравување и со нетрпение го очекуваме неговото враќање, објави Веспрем.

Штребик беше дел од тимот на Вардар кој го освои првиот трофеј во Лигата на шампионите.

притисни ентер