СДСМ: Мицкоски и Чулев се несовесни, изборите се решение за нивното неодговорно однесување

ВМРО ДПМНЕ е незрела и неодговорна партија. 

Нивниот лидер Христијан Мицкоски и нивниот технички министер Наќе Чулев се однесуваат деструктивно во текот на целата пандемија, исто како што дејствуваа во изминатите 2,5 години.

Додека министерот Венко Филипче ги мобилизираше здравствените институции кои успешно се справуваат со корона вирусот, кадрите на ВМРО ДПМНЕ практикуваат политиканство, шират паника и креираат лажни вести. Јасно му е на Мицкоски дека граѓаните ќе го казнат на избори неговото нехумано и неодговорно однесување во време на здравствена криза.

Лично Мицкоски ја лажеше јавноста дека здравството нема тестови за корона, дека стотици илјади работници останале без работа, а за цело време тој не почитуваше мерки и одеше во теретана во време на забрана.

Чулев, цел мандат го поминува во заштита на криминалот на шефот Мицкоски и со неговите постапки за неказнување на несовесните граѓани го загрозува здравјето на граѓаните.

Полицијата не ги казнува лицата кои не почитуваат самоизолација, не ги казни оние од литијата во Струга, навивачите пред црквата Свети Спас, учесниците во орото во Чаир, граѓание кои не носат маски и не почитуваат дистанца..

Затоа изборите се решение а не проблем. Тие се решение за незрелото и несериозно однесување на Христијан Мицкоски и Наќе Чулев и сите кадри на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада.

Избори се потребни за функционални институции кои ефикасно ќе се справат со сите последици од коронавирусот и подготвени ќе го дочекаат новиот бран на пандемијата најавен за наесен.

СДСМ

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

притисни ентер