Саутгејт поднесе оставка

Герет Саутгејт денес поднесе оставка од селекторската функција во англиската фудбалска репрезентација.

Педесет и тригодишниот фудбалски стручњак реши да ја напушти функцијата по своја волја.

Саутгејт беше селектор на Англија од септември 2016 година. Под негово водство Англичаните одиграа 102 натпревара, извојуваа 64 победи, 20 пати ремизираа и загубија на 18 средби.

Покрај тоа, репрезентацијата на Англија двапати освои сребрени медали на Европските првенства (Евро 2020 и Евро 2024) и двапати стигна до полуфиналето на Светското првенство (СП 2018 и Светско првенство 2022 година).

На 14 јули Англија загуби од Шпанија (1:2) во финалето на Евро 2024 година.

Емили Ратајковски се движеше по улица, момче и дофрли: „Девојко, облечи маичка“ (Видео)

Емили Ратајковски објави видео на „TikTok“ во кое покажа што непознато момче дофрлило кон неа додека се шетала по улиците на Њујорк.

33-годишната манекенка и актерка е снимена како се шета по улиците во црни панталони и краток топ со длабоко деколте, а случајно снимила коментар на случаен минувач.

„Девојко, облечи маичка“, дофрла момчето, а манекенката продолжи да оди како ништо да не се случило.

@emrata

famously not demure, famously not mindful.

♬ 365 - Charli xcx

„Познатна сум по тоа што не сум скромна или внимателна“, напиша манекенката покрај видеото, осврнувајќи се на новиот тренд на „TikTok“ кој промовира скромност, пристојност и срамежливост, а обожавателите излегоа во нејзина одбрана.

„Ти не се ни мрдна, те обожавам“, „Молчењето е најдобар одговор“, „Ништо не и пречи на кралицата“ и „Ама носиш маичка“ се дел од коментарите под видеото кое собра 1,8 милион прегледи.

Извор: Индекс.хр

Фото: „Renault“ ги исмејува Американците со реклама среде Њујорк

„Renault“ го напушти американскиот пазар пред повеќе од 30 години, завршувајќи ги официјалните операции во САД во 1987 година, а тие не се вратија, иако тоа ќе го сторат малку подоцна оваа деценија со брендот „Alpine“.

Меѓутоа, ако денес шетате низ населбата Вилијамсбург во Њујорк, можеби ќе видите огромна реклама за „Renault 5 E-Tech“, електричен градски автомобил. Сепак, тоа не значи дека е наменета за Американците.

Според француското издание на весникот „L'Auto-Journal“,„ Renault“ има маркетиншка кампања за „петка“, чија цел се европските туристи во Америка.

Оваа кампања силно го промовира преродениот модел, кој беше претставен претходно оваа година, со рекламата: „ Le Car се врати“. Патем, „Le Car“ е името што „Renault“ го користеше за „5“ во САД од 1976 до 1983 година.

Под натписот стои ѕвездичка, на која пишува: „Но не за тебе, извини“. Кога ќе се скенира QR-кодот на дното на рекламата, ве носи на веб-локација на англиски јазик каде што може да се нарача новиот „Renault 5“ Како што може да претпоставите, САД не се на списокот.

Извор: Б92

Видео: Товарни возови се судрија во Колорадо

Два товарни воза се судрија и излетаа од шините доцна во четвртокот во Болдер, Колорадо, оштетувајќи го блискиот мост и излеајќи гориво, при што беа повредени двајца кондуктери.

Патиштата во областа беа затворени неколку часа додека официјални лица го истражуваа и исчистија истуреното гориво, јавува Асошиејтед прес.

„Возот е долг околу еден километар, така што ќе биде потребно извесно време за да се исчистат и преместат вагоните“, соопшти полицијата на мрежата Х.

Кендал Слоун, портпаролка на железничкиот оператор „BNSF Railway“, денеска изјави дека причината за несреќата останува под истрага.

Двајца кондуктери, чии имиња не се соопштуваат, биле пренесени во болница со полесни повреди, по што биле пуштени, вели Кендал Слоун. Таа додаде дека од локомотивата се излеало мало количество гориво, но дека тоа не влијаело на блискиот поток.

Екипите се на лице место и работат на отстранување на последиците од инцидентот што е можно побрзо и безбедно. Нема закана за јавноста“, напиша портпаролката.

Локалната полициска управа додаде во соопштението на мрежата Х дека несреќата исто така уништила железнички мост и далновод, прекинувајќи ја струјата во околу 10 домови.

Полицијата потврди дека горивото од локомотивата не влегло во потокот, туку најверојатно го впило песокот што се излеал од еден од вагоните.

Извор: Б92

притисни ентер