Самарас сериозно да ги разгледа поволностите што Груевски им ги нуди на странските инвеститори

Весникот “Ефимерида” апелира Грција да избере сличен модел како Македонија за привлекување странски инвестиции.

Пред да најавува „црвени теписи” за странските инвеститори, Андонис Самарас сериозно да ја разгледа понудата што им ја нуди македонскиот премиер Никола Груевски, се вели во анализата на весникот “Ефимерида” насловена како “ Ние пакет ‘црвени теписи’ – соседите пакет понуди.“.

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, весникот потенцира дека поради поволностите што Груевски им ги нуди на странските инвеститори, грчкиот премиер не е нивен првиот избор.

„Борбата на Грција во рамките на фискалното и структуралното ниво која што има за цел да им ‘постеле црвен тепих’ на странските инвеститори, беше величана од страна на Андонис Самарас пред половина месец во Брисел. Но, сепак се чини дека на црвениот тепих грчкиот премиер е сепак на второ место”, пишува весникот.

Тврдењето дека Самарас е зад Груeвски кога станува збор за привлекување на странски инвестиции “Ефимерида” го аргументира со кампањата на македонската Влада за привлекување странски инвеститори застапена во рамките на највлијателните светски медиуми.

„Опиплив доказ за тоа е рекламата на Владата на соседна Македонија (која што продолжува да се нарекува себе си така, но и која што исто така направи се повеќе и повеќе луѓе на планетата да ја прифатат како Македонија ) на последната страница на “Економист”.

“Со насловот “ Сакате да ги скратиме вашите трошоци – Инвестирајте во Македонија ”, Владата на Македонија нуди многу атрактивен пакет на потенцијалните инвеститори од странство, кои што премиерот треба сериозно да ги разгледа пред да почне да зборува за ‘црвени теписи’ ”, се вели во текстот на весникот.

“Ефимерида” наведува и девет поволности што македонската Влада им ги нуди на странските инвеститори како “ ниските даночни стапки, брзото регистрирање на фирма кое што трае само 4 часа, макроекономска стабилност односно ниска инфлација, нулта данок на реинвестирана добивка, слободен пристап до огромен пазар од 650 милиони потрошувачи, одлична инфраструктура и транспортна мрежа, како и аплицирањето за членство на ЕУ и НАТО што имплицира на стабилност во однос на странските инвестиции”, пишува весникот, прашувајќи:

“После сето ова, се поставува прашањето дали ќе биде мудро и Грција да избере сличен модел за да ги привлекува странските инвестиции.”

Економската криза и натаму претставува параван зад кој што јужниот сосед се крие кога станува збор за активирање во процесот на барање решение на проблемот што Атина го има со нашето уставно име.

Премиерот Груевски предупреди, а весникот “То парон” потврди дека јужниот сосед не се ангажира во процесот на барање решение за името поради кризата во земјата. Во својата последна анализа посветена на Македонија, “То Парон” го критикува грчкиот премиер затоа што прашањето за името воопшто не постои во неговата агенда и му порачува дека не може да ја искористува кризата како “изговор за пасивноста и занемарувањето на националните прашања”.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер