САД сериозно загрижени по наводите дека постои руско-кинеска тајна програма за воени дронови

Од Белата куќа изразија сериозна загриженост по наводите во некои медиуми дека Русија работи на таен проект за производство на ударни беспилотни летала во Кина. 

Се дознава дека станува збор за пример каде една кинеска компанија помага на руска компанија која е под американски санкции.

Според извори во Белата куќа, САД засега немаат докази дека кинеската влада знае за оваа зделка или дека учествува во пружање помош на Москва за вакви деструктивни оружја, прецизира претставникот на Советот за национална безбедност.

-Сепак, владата на НР Кина... е одговорна да осигури дека нејзините компании не обезбедуваат ваква смртоносна помош, додаде тој.

Според два извора од европските разузнавачки служби од документи споделени во некои американски медиуми, Русија создала програма во Кина за развој и производство на ударни беспилотни летала со долг дострел на дејство, за да ги користи во војната против Украина.

-САД се подготвени веднаш да преземат мерки против наведените кинески компании, како и да утврдат кои банки помогнале во спроведувањето на трансакциите со руската организација која е под санкции, изјави претставникот.

Станува збори за модернизирани верзии на беспилотникот „Харпија А1“ што се прави во Ижевски електромеханички завод „Купола“. При тоа, како што се дознава од извештаите, се употребуваат кинески мотори и делови. /МИА

Учество на Муцунски на состанок на МНР на земјите од САД – Јадранската повелба (А5)

Министерот Муцунски ја истакна посветеноста за натамошно одржување на релевантноста на САД–Јадранската повелба.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од САД – Јадранската повелба (А5), кој се одржа на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, во рамките на претседавањето на Република Албанија со А5 оваа година.

Во рамките на состанокот, министрите дискутираа за начините за натамошно унапредување на соработката во рамките на Повелбата, во контекст на современите безбедносни предизвици. Заеднички беше оценето дека А5, како посебна платформа за соработка, има постигнато значајни резултати во изминатите две децении, и беше искажана подготвеност за натамошно зајакнување на соработката со цел одржување на стабилноста и просперитетот на регионот.

Министерот Муцунски ја истакна посветеноста за натамошно одржување на релевантноста на САД–Јадранската повелба. Нагласи дека фокусот на соработката во претстојниот период треба да биде ставен на интензивирање на соработката во справување со новите безбедносни предизвици со кои се соочува регионот, особено хибридните закани, сајбер нападите и природните непогоди, со цел зајакнување на отпорноста на државите.

Во експлозија во судница во Калифорнија две лица се повредени, осомничениот е во притвор

Најмалку две лица се повредени во експлозија што се случи денеска во судницата на југот на американската сојузна држава Калифорнија, соопштија властите.

Едно лице е приведено по експлозијата што била пријавена во судот во Санта Марија во округот Санта Барбара, соопшти канцеларијата на шерифот.

„Имаме извештаи за двајца повредени. Едно лице е веднаш приведено. Местото и понатаму е активно. Ве молиме продолжете да ја избегнувате областа“, соопштија од Канцеларијата на шерифот на округот Санта Барбара на платформата X (Твитер). /МИА

Повеќе од 30 затвореници по грешка ослободени од затвор во Велика Британија

Повеќе од 30 затвореници по грешка се ослободени од затвор во Велика Британија како дел од владиниот план за растеретување на затворите.

Извор од Министерството за правда изјави дека на 10 септември по грешка биле пуштени 37 лица, бидејќи нивните прекршоци биле погрешно евидентирани, јави Скај њуз.

Петмина затвореници се уште не се вратени во затвор, но повеќето се вратени во притвор.

Околу 1.700 затвореници беа ослободени од затворите низ Англија и Велс на 10 септември во обид да се олесни пренатрупаноста на затворите, а речиси исто толку ќе бидат ослободени во октомври. /МИА

притисни ентер