Како што соопшти министерството, нападот дошол од провинцијата Идлиб, а оваа група била елиминирана во специјална операција.
Руските сили исто така откриле дека уништиле складиште во провинцијата Идлиб кое служело за дроновите кои биле користени во нападот, се додава во соопштението на министерството.
„Во завршната етапа на операцијата руските специјални сили го утврдија местото на кое се наоѓаше групата на диверзанти. Кога терористите стигнаа во објектот од кои имаа намера да се префрлат во минибус, целата група беше ликвидирана со високопрецизната муниција “краснопол“ – стои во соопштението.
Да потсетиме, во нападот на воздухопловната база Нмеим во провинцијата Латакија и на поморската база во пристаништето Тартус во саботата учествуваа 13 дронови, од кои седум беа соборени, а шест присилени да слетаат, соопшти во понеделникот руското Министерство за одбрана. Од тие шест летала, три експлодирале кога удриле во земја, а три се запленети неоштетени.
Путин изјавил дека Москва знае кои им помогнал во изведувањето на нападот на двете руски бази, но не именуваше ниту една земја, туку рече дека не е Турција.