Роналдо има нов „ѕвер“ : До стотка стигнува за 2 секунди, а цената не е за секого (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо е еден од најплатените спортисти на светот, а високите примања му овозможија да ужива во својата страст, скапи автомобили.

Португалецот често ѝ подарува луксузен накит и автомобили на својата сопруга Георгина Родригез, а одвреме-навреме се почестува и себеси. Така, својата и онака голема колекција на луксузни автомобили ја збогати со нов „ѕвер“. Имено, Роналдо по одморот со семејството се приклучи на таборот на португалската репрезентација за да се подготви за пријателскиот натпревар против Словенија. Токму таму, е виден како пристигнува во голем стил со неговото најново Ферари.

Роналдо беше виден како вози низ улиците на Лисабон, Португалија, пред да се приклучи на таборот на репрезентацијата на Португалија. Португалската ѕвезда беше виден во неговото ново Ferrari Daytona SP3 додека пристигнуваше во хотелот Four Seasons. Автомобилот наводно вреди околу 2 милиони евра или 2,1 милиони долари. Новиот модел го има најмоќниот мотор со внатрешно согорување од било кое Ферари. Според Goal.com, автомобилот може да достигне 100 km/h за 2,85 секунди.

Роналдо во својата колекција има и многу други луксузни автомобили, како Ferrari Monza SP1, вреден 1,95 милиони долари. Според Hot Cars, Роналдо во својата колекција има уште четири модели на Ферари. Роналдо поседува Ferrari 599 GTO, Ferrari 599 GTB, Ferrari F12 TDF и Ferrari F430. Поседува и Бугати од 12 милиони долари. Тој е сопственик и на Bugatti Centodieci, кој од 0 до 100 km/h забрзува за само 2,4 секунди, додека максималната брзина му е 380 km/h.

Фото: Буенос Аирес доби 60 годишна Мисица

Откако беше објавено дека Алехандра Мариса Родригез стана Мис Универзум Буенос Аирес Алехандра на 60 години, цел свет сега зборува за неа.

Убавата Алехандра по професија е новинарка и адвокатка. Таа ја освои титулата за најубава жена во милионскиот Буенос Аирес, со што се квалификуваше за натпреварот Мис Универзум Аргентина.

Алехандра доби можност да се натпреварува на изборот за Мис Универзум откако старосната граница, која беше во сила од 1958 година, беше укината на крајот на 2023 година. Тоа значеше дека изборот за Мис веќе не е резервиран само за девојки на возраст од 18 до 28 години. Според новиот закон сега се бара само учесничките во изборот да бидат полнолетни. Алехандра во новиот закон ја видела можноста за учество пријавила и на крајот победила многу помлади девојки.

Сега таа ја открива тајната на нејзиниот одличен изглед.

- Неопходно е да се живее здраво, да се јаде добро, да се занимаваш со физичка активност - изјави таа за локалната телевизија Ел Трече и додаде:

- Она што се трудам е да постам повремено, мислам дека многу помага. Потоа се трудам да јадам органска храна, многу овошје, многу зеленчук и користам добри креми.

Мицкоски: Силјановска Давкова го победи Пендаровски со историска разлика од 183 илјади гласа

Силјановска Давкова го победи Пендаровски со историска разлика од 183 илјади гласа разлика, сите оние кои се претставуваат како опозициски гласови да кажат кого ќе поддржат во вториот изборен круг.

„Идниот претседател Гордана Силјановска Давкова победи во сооднос поголем од 2-1 со историска разлика од 183 илјади гласа во однос на нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски. Тоа е историски резултат и резултат кој нас не обврзува бидејќи народот со право има големи очекувања и очекува дека идната влада на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ треба да испорача брзи резултати“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар.
Претседателот Мицкоски истакна ветува дека ќе има брзи резултати.
„Од мое име и од името на коалицијата можам да ви ветам дека брзи резултати ќе има, имаме програма наречена Платформа 1198, во таа платформа, во тој документ се содржани решенија за потребите на граѓаните на Македонија бидејќи тие го најдоа своето место во таа изборна програма како резултат на неколку месечна, годишна комуникација која ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја имаше преку организирање трибини, посети лице во лице, разговори. Сето она кое е содржано таму е навистина решение за реалните потреби на секој граѓанин во Македонија“, вели Мицкоски.
Претседателот Мицкоски продолжи и додаде:
„Вистинското прашање е дали некој овде во Демир Хисар видел програма на нашите политички противници и дали некој знае како се вика таа програма на нашите политички противници. Ние веќе ја поминавме Македонија еве веќе 25 ден од оваа кампања и претпоставувам дека нема граѓанин, нема човек во Македонија кој не знае дека ние молиме за поддршка за Македонија да биде повторно горда и твоја. Дали некој знае која е пораката на нашите политички противници освен ако се земе дека сите тие се тепаат да ги искористат двете магични букви ЕУ само тоа“, кажа Мицкоски.
Претседателот Мицкоски истакна дека една работа е сигурна после 8 мај, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ ќе имаат 61 пратеник, а Гордана Силјановска Давкова ќе е идниот претседател. Тој упати апел масовно на 8 мај да се излезе и да се заокружи бројот 2.
„Една работа е сигурна после 8 мај, а тоа е дека коалицијата „Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник и Гордана Силјановска Давкова е идниот претседател, се останато е лага. Сите оние кои се претставуваат како анти владини опозициски гласови или гласачи или политичари четири дена молчат што ќе ги советуваат гласачите кои во првиот круг го дадоа гласот за нив, што ќе прават во вториот круг на гласање. Ќе излезат да гласаат, нема да излезат да гласаат, ако излезат да гласаат што ќе ги советуваат за кого да гласаат за Стево Пендаровски или за Гордана Силјановска Давкова, ајде да ги слушнеме ајде сите да ги повикаме 4 -5 дена молчите а се претставувате како опозициски кандидати, кажете го вашиот став да го слушнат граѓаните во Македонија да видиме кој е вашиот совет бидејќи сепак неколку десетици илјади луѓе гласаа и за нив“, дециден е Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Кралот Чарлс се враќа на јавните должности

Откако се појавија вести дека состојбата на британскиот крал Чарлс се влошила и плановите за неговиот погреб биле избрзани, Бакингемската палата објави дека кралот се враќа на јавните должности.

Кралот Чарлс ќе се врати на јавните должности следната недела откако неговиот третман за рак имаше позитивен ефект. 75-годишниот монарх добива амбулантна нега и е виден само неколку пати откако ја објави својата состојба во февруари, кога се повлече од ангажманите кои вклучуваа јавно говорење.

Изворите рекоа дека кралот сè уште има рак и ќе продолжи да се лекува.

- Програмата за лекување на Неговото Височество ќе продолжи, но лекарите се доволно задоволни од досегашниот напредок што сега кралот може да продолжи со низата јавни должности. Претстојните ангажмани ќе бидат приспособени таму каде што е потребно за да се минимизираат сите ризици за континуираното закрепнување - изјави портпаролот на Бакингемската палата.

притисни ентер