Мицкоски: Силјановска Давкова го победи Пендаровски со историска разлика од 183 илјади гласа

Силјановска Давкова го победи Пендаровски со историска разлика од 183 илјади гласа разлика, сите оние кои се претставуваат како опозициски гласови да кажат кого ќе поддржат во вториот изборен круг.

„Идниот претседател Гордана Силјановска Давкова победи во сооднос поголем од 2-1 со историска разлика од 183 илјади гласа во однос на нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски. Тоа е историски резултат и резултат кој нас не обврзува бидејќи народот со право има големи очекувања и очекува дека идната влада на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ треба да испорача брзи резултати“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар.
Претседателот Мицкоски истакна ветува дека ќе има брзи резултати.
„Од мое име и од името на коалицијата можам да ви ветам дека брзи резултати ќе има, имаме програма наречена Платформа 1198, во таа платформа, во тој документ се содржани решенија за потребите на граѓаните на Македонија бидејќи тие го најдоа своето место во таа изборна програма како резултат на неколку месечна, годишна комуникација која ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја имаше преку организирање трибини, посети лице во лице, разговори. Сето она кое е содржано таму е навистина решение за реалните потреби на секој граѓанин во Македонија“, вели Мицкоски.
Претседателот Мицкоски продолжи и додаде:
„Вистинското прашање е дали некој овде во Демир Хисар видел програма на нашите политички противници и дали некој знае како се вика таа програма на нашите политички противници. Ние веќе ја поминавме Македонија еве веќе 25 ден од оваа кампања и претпоставувам дека нема граѓанин, нема човек во Македонија кој не знае дека ние молиме за поддршка за Македонија да биде повторно горда и твоја. Дали некој знае која е пораката на нашите политички противници освен ако се земе дека сите тие се тепаат да ги искористат двете магични букви ЕУ само тоа“, кажа Мицкоски.
Претседателот Мицкоски истакна дека една работа е сигурна после 8 мај, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ ќе имаат 61 пратеник, а Гордана Силјановска Давкова ќе е идниот претседател. Тој упати апел масовно на 8 мај да се излезе и да се заокружи бројот 2.
„Една работа е сигурна после 8 мај, а тоа е дека коалицијата „Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник и Гордана Силјановска Давкова е идниот претседател, се останато е лага. Сите оние кои се претставуваат како анти владини опозициски гласови или гласачи или политичари четири дена молчат што ќе ги советуваат гласачите кои во првиот круг го дадоа гласот за нив, што ќе прават во вториот круг на гласање. Ќе излезат да гласаат, нема да излезат да гласаат, ако излезат да гласаат што ќе ги советуваат за кого да гласаат за Стево Пендаровски или за Гордана Силјановска Давкова, ајде да ги слушнеме ајде сите да ги повикаме 4 -5 дена молчите а се претставувате како опозициски кандидати, кажете го вашиот став да го слушнат граѓаните во Македонија да видиме кој е вашиот совет бидејќи сепак неколку десетици илјади луѓе гласаа и за нив“, дециден е Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Девојче (13) во Австрија силувале 17 мигранти, денска ја исмеваа на суд

Во судот во Виена започна судењето на осомничените мигранти за силувањето на Миа (13).

Минатата година била силувана од 17 мигранти (на возраст меѓу 13 и 19 години).

На минатото рочиште адвокатот на еден од осомничените прикачи наводни фотографии со пораки од социјалната мрежа Инстаграм. На споменатите фотографии Миа наводно признава дека доброволно се согласила на врската со младите и дека тужбата против нив ја поднела поради притисок од нејзината мајка.

Адвокатот на Миа, Саша Флац, изјави дека тие пораки се лажни.

„Се сомневаме дека еден од насилниците направил лажен профил на Инстаграм за да избега од одговорноста“, рече адвокатот.

Девојчето се сретнало со осомничените во паркот. Притоа, повеќепати ја малтретирале и ја снимале на паркингот, скалилата и станот.

„Знаеш дека бев силувана, јас ги пријавив. Но, работата е во тоа што го сакав. На тие момци им реков дека имам 16, а не 13. Мајка ми ме принуди да го направам тоа затоа што мрази странци. Тие не ми направија ништо “, се вели во наводните пораки.

Миа за време на судењето изјавила дека никогаш не ги пишувала пораките, и дека е лага дека нејзината мајка мрази странци.

Судењето ќе продолжи во наредните денови.

Јутјубер тестирал дали крвта навистина привлекува ајкули- резултато бил страшен (ВИДЕО)

Поранешниот инженер на вселенската агенција НАСА, а денес Јутјубер, Марк Робер, направил интересен експеримент во 2019 година на Бахамите.

Во друштво на биологот и искусен нуркач Лука Типла, тој решил да провери дали ајкулите навистина ги привлекува крв.

Пуштил околу 15 капки своја крв во водата, но по еден час не забележал ајкула. Потоа зборувал за отфрлање на митот дека тие се „безмилосни убијци кои полудуваат ако намирисаат крв на километар“.

Една година подоцна, тој се вратил на истата локација. Овој пат реакцијата ја споредил со свежа рибина и кравја крв, кои служеле како замена за човечката крв.

Дури 134 морски предатори реагирале на крвта од риба, па дојде моментот за „големото финале“, пренесува LadBible.

Робер се спуштил во металниот кафез и истурил течност од црвена риба околу себе, чекајќи го пристигнувањето на ајкулите. Очекувал реакција, но не до овој степен.

Тој се исплашил кога ѕверовите почнале да кружат околу него, а една успеала да ја пробие главата низ решетките.

„Погледнете ги тие заби. Сака да ме изеде“, рече тој.

Поранешниот инженер на НАСА се нашол во поголема неволја кога морал да го напушти кафезот, па еден од нуркачите морал да реагира.

„Луѓето обично се предатори, а сега почувствував што значи да се биде плен“, го опишал своето искуство.

Насилни протести во Нова Каледонија: Повредени 50 полицајци,запалени продавници и возила(ВИДЕО)

Најмалку 54 полицајци се повредени, а околу 50 продавници и 200 автомобили се запалени денеска во протестите против измените на изборните закони во Нова Каледонија, француска прекуморска територија источно од Австралија.

Најмалку 54 полицајци се повредени, а околу 50 продавници и 200 автомобили се запалени денеска во протестите против измените на изборните закони во Нова Каледонија, француска прекуморска територија источно од Австралија, објави францускиот висок комесар Луј Ле Фран.

„Се надевам дека со помош на засилувањата што ги побарав, ќе успееме да ги оддалечиме криминалците“, изјави Ле Франк за BFMTV.

Претходно денеска безбедносните сили на Нова Каледонија објавија дека го затвориле меѓународниот аеродром и вовеле полициски час поради протестите во главниот град Нумеа. Протестите траат со недели и станаа насилни во понеделникот поради гласањето во францускиот парламент за измените на уставот на Нова Каледонија, пренесува Би-Би-Си.

Протестите ги организираше сепаратистичкото движење „Комитетот за координација на теренските акции“ поради планот на Франција да го прошири правото на глас во Нова Каледонија на француските граѓани кои живеат на островот повеќе од 10 години, на што е спротивно на Договорот од Нумеа од 1998 година, според кој никој кој се преселил на островот по таа година нема право на глас, пренесува Гардијан.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен, чија јурисдикција го опфаќа и островот во Пацификот, на платформата X напиша дека предложените промени се „морална должност за оние кои веруваат во демократијата“, но и дека тие не треба да застанат на патот во обидот да постигнување поширок политички договор.

Француската влада смета дека е „апсурдно“ да се исклучи една петтина од луѓето од гласање, но сепаратистите во Нова Каледонија веруваат дека проширувањето на избирачкиот список ќе биде од корист за профранцуските политичари. Францускиот претседател Емануел Макрон ја посети Нова Каледонија минатата година, кога рече дека сака променетиот устав на островот да стапи на сила до почетокот на 2024 година.

Гардијан наведува дека намерата на Макрон е да ја зајакне важноста на Франција во регионот на Пацификот, каде Кина и САД се борат за влијание. И Франција во договорот од 1998 година вети дека постепено ќе ѝ дава сè поголема политичка моќ на Нова Каледонија, поради што оттогаш се одржаа три референдуми за независност, кои граѓаните ги отфрлија.

Канаците, припадници на домородното население, не ги признаваат резултатите од тие референдуми, а Макрон побара да се постигне договор со нив за идниот статус на Нова Каледонија.

Во таа островска земја живеат околу 270.000 луѓе, од кои 41 отсто се од Мале, а околу 24 отсто се од Европа, главно со француско потекло.

притисни ентер