Родното место на Хари Стајлс прераснува во култна туристичка знаменитост

 Британските туристички водичи кои се без работа или незадоволни од условите на работното место имаат можност да работат во Округот Чешир, западна Англија. 

Сепак, има еден специфичен услов: стручно познавање на животот и делото на поп-пејачот Хари Стајлс.

Месноста, имено, е преплавена со млади посетители кои доаѓаат да го видат родното место на музичката ѕвезда Хари Стајлс. За многумина ова „поп-поклоништво“ на пејачот е авантура за која сонуваат со месеци и години. За да овозможат што подобро туристичко искуство, властите организираа и аудиција за туристички водичи.

Сепак, тоа нема да биде класично интервју за работа, туку веројатно повеќе ќе личи на аудиција во стилот на емисиите како „Икс-фактор“, каде што Стајлс всушност и се прослави.

Според „Холмс чапел партнершип“ кои се организатори на изборот, кандидатите треба да бидат повозрасни од 16 години. Турите со водич се очекува да почнуваат во јуни и да траат до септември.

Напливот на обожаватели на Хари Стајлс од целиот свет доведе до „бум“ во бизнисот на пекарата „Холмс чапел“ во која пејачот работел со скратено работно време пред да се прослави како член на поп-групата „Уан дајрекшн“. Обиколката со водич ќе ги вклучи и училиштата каде што тој одел, викендичката со тераса каде што пораснал и околниот кинески ресторан каде што Хари ја одвел Тејлор Свифт. Интерес привлекува и вијадуктот „Твомлоу“, каде што Стајлс, наводно, првпат се бакнувал со некого.

„Ѕидот на Хари“ е оној ѕид каде што Стајлс го напиша своето име при снимањето на биографскиот филм објавен 2013 година. Оттогаш, обожавателите од целиот свет доаѓаат овде за да го напишат своето име покрај она на нивниот идол.

Официјалните лица постојано предупредуваа оти посетителите се изложуваат на огромен ризик минувајќи го патот до „Ѕидот на Хари“, сѐ дури не објавија мапа со побезбедна рута. /МИА

Отворени Олимписките игри во Париз

Олимписките игри во Париз беа официјално отворени со спектакуларно отворање што се одржа на брегот на Сена во петокот.

Самите игри ги отвори францускиот претседател Емануел Макрон, откако на собирот се обратија претседателот на Организацискиот одбор на игрите, Тони Естанге и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах.

За прв пат отворањето на Игрите се случи во самиот град, а не на стадион, па за обезбедување на учесниците и гледачите, кои се собраа речиси 300.000, беа ангажирани 45.000 полицајци и илјадници војници.

А голем број гледачи можеа да уживаат во фантастично шоу кое не можеше да го расипе ниту силниот дожд кој ги „однесе“ и изведувачите и спортистите на свечената парада што се одржа на чамците на Сена.

На самиот почеток на отворањето, публиката ја крена на нозе мегапопуларната американска пејачка и танчерка Лејди Гага, која изведе два француски евергрини, симболичната песна од мјузиклот „Mon truc en plumes“ и песната на Едит Пјаф „ La vie en rose“.

Реставрацијата на катедралата Нотр Дам, која беше тешко оштетена во пожар во 2019 година, исто така одигра улога во церемонијата на отворањето. Париските занаетчии и градежници се претставени како танцуваат за да го создадат срцето потребно за реставрација на една вековна зграда во центарот на француската престолнина, а не бил заборавен и најпознатиот ѕвонар на црквата Нотр Дам, подгрбавениот Квазимодо од романот на Виктор Иго, кој ги надгледува работите од покривот на катедралата.

Една од најзапаметените точки на целото отворање беше настапот на глобално популарниот француски метал бенд Гоџира, кој во соработка со француско-швајцарската оперска пејачка Марина Виоти ја изведоа револуционерната песна „Аh! Ca ira“ додека се изведуваше Француската револуција на брегот на Сена.

Слоганот на Француската револуција беше „Слобода-еднаквост-братство“, па по настапот на Гоџира и Марина Виоти, кои ја претставуваа слободата, на ред дојде еднаквоста претставена со настапот на најслушаната франкофонска пејачка Аја Накамура, која облечена во златен комбинезон изведе микс од двата нејзини најголеми хита хитовите „Pookie“ и „Djadja“ и евергринот „For me Formidable“ на Шарл Азнавур, додека братството го претставуваше музејот Лувр.

За жал, силниот дожд го расипа настапот на еден од најистакнатите оперски пејачи од новата генерација, контратенорот и брејкденсер Јакуб Јозеф Орлински, кој ја изведе аријата „Дојди Химеро“ од операта на Жан-Филип Рамо.

Французите во целата изведба не ги заборавија своите клишеа како танчери од Канкан, кроасани, но не ги заборавија и своите големи писатели како Виктор Иго и Жил Верн и нивните безвременски дела како „Мезерите“, „Патување во Месечината“, „20.000 милји под морето“, како и големите пронаоѓачи како Монголфие, браќата Лумиер... За време на изведбата на француската химна од покривот на Гранд Пале, некои од големите жени од француската историја беа почестени.

Завршниот дел од свеченото отворање пред официјалниот дел го одбележаа модна ревија и модерна музика.

Пристигнувањето на местото на олимпиското знаме, кое на коњ го донесе припадник на француската жандармерија под Ајфеловата кула, беше феноменално. На ова му претходеше 10-минутна сцена во која знамето на сребрен механички коњ на специјално направена платформа помина 6.500 метри по Сена за да го рашири олимпискиот дух низ градот.

На Игрите учествуваат 10.714 спортисти, во 32 спорта, од 206 земји и територии, плус група спортисти кои ќе се натпреваруваат под знамето на МОК, како и тим на бегалци.

Поради војната во Украина, Русија и Белорусија не учествуваат во екипните спортови.

Париз е домаќин по трет пат во историјата, по 1900 и 1924 година, со што како лидер му се придружи на Лондон, кој исто така трипати ги организирал Игрите, во 1908, 1948 и 2012 година.

Организацијата на Игрите ќе чини околу девет милијарди евра.

Дневен хороскоп за 27. јули 2024 година

Дневен хороскоп за сабота, 27. јули 2024 година. 

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе имате добар баланс меѓу чувствата и разумот. Ќе знаете да се поставите како што треба , а партнерот тоа ќе го цени.

Кариера

Ќе се појави ненадејна потреба да се заокружи една целина . Ќе се потрудите да финиширате најдобро што знаете.

Здравје и совет

Имате влијание врз другите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашите забави и дружби ќе продолжат со ист интензитет како и до сега. Ќе бидете среќни и задоволни.

Кариера

Оние кои обично многу зборуваат , со време им стануваат здодевни на другите. Пазете да не се вклучите во оваа категорија.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате убаво.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Некои ќе мислат дека никој не ги сака и ќе трпат. Оние во врска ќе се чувствуваат осамени и покрај се.

Кариера

Денеска повторно дознавате дека можностите се едно , а стварноста нешто друго. Ќе ви биде потребна мудрост за да најдете рамнотежа.

Здравје и совет

Ќе сонувате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние кои се во подолга врска , денеска ќе се обидат да го обноват односот со помош на секс и еротика . Малку ќе претерате.

Кариера

Веројатно за малку ќе избегнете расправија. Така е подобро. Исто така откажете се од непотребни коментари .Здравје и совет

Издржете , без брзање.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Сметајте на зголемена чувствителност на партнерот или вашите лични односи ќе бидат подложни на најситни вибрации.

Кариера

Некои ќе ја менуваат моменталните деловни планови , за што подобро да се прилагодат кон ситуацијата. Другите ќе одмораат.

Здравје и совет

Треба да се каже вистината.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе се обидете да ги споите емоциите и радоста. Во тоа речиси целосно ќе успеете. Многумина ќе почнат ново познанство.

Кариера

Повеќето ќе работите денеска со многу дух , шарм и отвореност. Ништо нема да им биде тешко.

Здравје и совет

Не заборавајте на искреноста.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

само што направивте еден чекор напред , веќе одите два наназад. Ви недостига трепение и такт .

Кариера

Веројатно на работа денеска ќе бидете површни. Ќе ви биде важно само да се опдработи она што се мора.

Здравје и совет

Повлечете се на мирно место.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Мали недоумици ќе бидат поврзани со преуредување на заедничкиот простор или домот. Ќе бидете збунети , но не толку за да не функционирате.

Кариера

Денеска се поврзувате со соработници од други места. Посебно добро им оди на оние од услужните дејности.

Здравје и совет

Бидете прибрани.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Немојте да се изненадите ако партнерот кон вас искаже некаков вид на агресивност. На едно уво нека влезе , на друго да излезе.

Кариера

Ќе си дозволите еден непланиран трошок , за да се утешите од фрустрациите , бидејќи не ви одат лесно работите.

Здравје и совет

Одете полека.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е еден по малку тежок ден , во кој работите нема да се одвиваат како што би сакале , но

Кариера

Очекувајте спонзори на кои другите не сметаат . Денеска ќе се покаже дека сте имале добро претчуство.

Здравје и совет

Верувајте во подобро утре.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Би сакале да го дефинирате својот статус во еден однос , но околниостите нема тоа да ви го дозволат. Не е се уште јасно.

Кариера

Следува изненадување од претпоставените . Новите задачи бараат и нови таленти.

Здравје и совет

Средете ги недоразбирањата без нервоза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска нема да бидете сигурни како да се поставите во љубовна ситуација. Според вашите критериуми , се ќе се одвива пребргу.

Кариера

Малку по малку , на другите ќе им се вовлечете под кожа и ќе почнат да ве прифаќаат како некој без кого не може да се работи.

Здравје и совет

Не правете драма , снајдете се.

Од понеделник започнува „ВЕСТИ ПЛУС“

За сите актуелни теми, секој работен ден во ВЕСТИ ПЛУС, веднаш по вестите во 18 часот...

За сите актуелни теми во домашната политика, владата ветува, опозицијата критикува....

Ќе се подобри ли животниот стандард на граѓаните, следува ли економски бум, или фијаско?

Ќе тргнеме ли кон ЕУ и кога?

Ќе ја решиме ли корупцијата?

Од понеделник...

...за сите актуелни теми, секој работен ден во ВЕСТИ ПЛУС, веднаш по вестите во 18 часот...

притисни ентер