Родители во Љубљана го пријавиле сопственото дете поради петарди

Родители од Љубљана кај нивното дете пронашле пиротехнички средства кои тоа ги купило без нивно знаење и самите ја повикале љубљанската полиција.

-Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди - се пофалија од љубљанската полиција, додавајќи дека се работи за речиси 400 парчиња пиротехнички производи.

Во Словенија од 26 декември до 1 јануари е дозволено користење пиротехнички средства за физички лица, а продажбата од 19 до 31 декември.

Од љубљанската полиција велат дека голем акцент ставаат на превентивните мерки за намалување на употребата или безбедната употреба на пиротехнички средства кои ги спроведуваат заедно со училиштата и другите институции.

- Затоа секоја година во основните училишта одржуваме по неколку предавања на оваа тема - појаснија оттаму.

Нагласија и дека родителите имаат важна улога во информирањето на малолетниците за опасностите од пиротехниката.

- Важно е да разговараат на оваа тема и да ги предупредат децата за опасностите и последиците од употребата на пиротехнички производи - додаваат од полициската управа на Љубљана.

Извор: Аваз

„Гответе со Дракче“ - Вапцување јајца

Во четврток (02.05.2024) во емисијата гостин ни беше Снежана Миловановска.

Состојки за денешниот рецепт:

20 бели јајца

креп хартија во разни бои

црвена боја за јајца

шарени салфети

златен фломастер

1 лажица оцет

1 лажиче сол

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Авион на пат кон египетско одморалиште, принудно слета во Грција (ВИДЕО)

Авион на EasyJet бил пренасочен и принудно слетал во Ираклион, Грција, поради многу непријатно и бучно однесување на еден пар.

Поконкретно, необичен инцидент се случил на 29 април на летот EZI3165 на EasyJet од Глазгов до Хургада, Египет. Капетанот на авионот го сменил курсот кога парот влегол во жестока расправија со другите патници и членови на екипажот.

Податоците за следење на летот покажале дека авионот бил над Грција и го преминувал Средоземното Море пред конечно да слета во Ираклион.

Патниците незадоволни од чекањето навиваа и аплаудираа на екипажот кој тргна во акција и ја извлече двојката од летот.

"Беше страшно. Половина час се расправаа со другите патници пред да интервенира екипажот. Му се заканија на екипажот... На жената седум пати ѝ беше кажано преку разглас да седне, но таа продолжи да станува", рекол Мајкл Мекленан, британски турист, пренесе Дејли Меил.

Предметната двојка била уапсена од грчката полиција при слетувањето.

EasyJet Airbus A320-251N продолжил до својата прва дестинација и слетал во Хургада.

„EasyJet може да потврди дека летот EZI3165 од Глазгов до Хургада слетал во Ираклион на 29 април за да ѝ предадат брачен пар на грчката полиција за предизвикување нарушување во авионот. Летот потоа продолжил за Хургада откако патниците се симнале. Екипажот на EasyJet бил обучен да ги процени сите ситуации и да дејствува брзо и соодветно за да ја обезбедиме безбедноста на летот и другите патници, и иако таквите инциденти се ретки, ние ги сфаќаме многу сериозно и не го толерираме ваквото однесување на патниците и екипажот се секогаш главен приоритет на EasyJet“, се вели во соопштението на компанијата.

Маж прави акробации со бебе - сите се шокирани: Ти требаат часови по родителство (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи видео на кое маж, наводно таткото, прави „акробации“ со бебе, држејќи го за нозе и раце.

Бројни корисници на Инстаграм и Твитер жестоко ја критикуваа сцената, а лекарите предупредија на можни последици, пишува Daily Mail.

Во видеото кое трае 35 секунди, го гледаме мажот како го ниша бебето напред-назад, над главата и меѓу нозете, а луѓето истакнаа дека тоа претставува „опасност не само за неговите зглобови, туку и за мозокот“.

Видеото е придружено со порака „врска меѓу татко и дете“, но многу корисници беа вознемирени од сцената, што е јасно од нивните коментари.

Д-р Стјуарт Фишер, лекар по интерна медицина и поранешен педијатар во одделот за итни случаи, исто така реагира:

„Мислам дека е морално и легално да се направи КАТ скен или МРИ, што можеби нема да покаже микроскопски повреди на мозокот.

Експертите предупредуваат дека овој тип на игра потенцијално може да доведе до синдром на потресено бебе, бидејќи мозокот на таа возраст е исклучително подложен на повреди.

Дополнително, кревањето на бебето за раце или нозе, без поддршка за грбот, може да доведе до исчашување на зглобовите.

Останува нејасно колку е старо бебето, но се верува дека има околу една година.

„Ова е ментална болест и каква, дали е важно? Ова може да се смета за кривично дело. Тој не разбира каква скапоцена дарба има. Му треба, во најмала рака, долготрајна инструкција и советување“, заклучи др. Стјуарт Фишер.

Корисниците го критикуваа и однесувањето на човекот, со илјадници коментари на мрежите.

„Ова не може да биде легално.Кутрото дете“, „Ти требаат часови за родителство. Ова е толку ужасно“, гласеа некои од пораките.

Од друга страна, поединци тврдат дека родителите така си играле со нив без да имаат никакви (здравствени) проблеми.

Се огласи на Твитер тренерот на познатиот УФЦ борец Конор Мек Грегор. Тој го сподели видеото и коментира:

„Каква глупост. Дури и да сфатите погрешно еднаш во 1.000 пати, тоа е трауматска повреда плус потрес на мозокот. Колку луѓе ќе го повторат ова за неколку лајкови и ќе го повредат своето дете? Можеби не требаше да споделам. Не правете го ова“, напиша Џон Кафеа.

притисни ентер